M
Mario Gómez
Гостин
Не си право, ќе прашаш ЗШ?Ме погоди в срце.Баш сакав да ги прашам останатите членови што ли мислат за моменталниот тим.Значи на сите позиции имаме скоро по два квалитетни играчи.Сега не можат да бидат класа како стартерите но секако добри замени се.
Ни требал Суарез,ни требал Цвете,ни требал Митре.Според мене ништо не е потребно во екипата.Таленти има и тоа во изобилство.Подобро тие да се исфорсираат,него да се земаат играчи на позиции што се пополнети а во моментов сите позиции се пополнети.Кој ги знаеше на времето Бадштубер и Милер.Фирерот Ван Гаал ги стави без око да му трепне.Сега гледаме во што израснаа тие двајца непознати младичи.Во моментов се крева голема прашина за Хојбјерг и за Чан а има уште доста добри таленти во баварската машина.Според тоа што го имам гледано од Баерн У19,можам да кажам дека Јулиан Грин ќе биде машинерија,барем според тоа што го покажува во младинците сега.Ист тип играч на Рибери,само што игра на десно крило.После напаѓачот Фрисенбихлер.Тој тренираше со првиот тим и во Трентино а и годинава во Доха(Во Трентино 100% а за во Доха не сум многу сигурен иако мислам дека беше).За младинците прави растур.Исто во пријателските со Баерн даде 2-3 гола.Можно е и Вајхраух нешто да направи,иако типувам повеќе на Маркуц лево крило и шпиц.Голманот Цингерле исто не е лош,но на таа позиција сме осигурани во наредните 6-7 години.Ранкович и Хорн ги имаа земено на припремите во летото.А овој Хорн со фризура како Вајзер или Гомез слична мислам дека и сега беше во Доха.
Тимот има неверојатен потенцијал а Хенес имаше најавено дека сака да гради нов тренинг центар,бидејќи моменталниот капацитет на Säbener Straße не бил доволен.Баерн е држава,и тоа држава со огромен раст.
Според некое мое мислење можам да речам дека Пеп треба да се навикне на овој тим а не Баерн да се навикне на него.Не е ни достигнат максимумот на оваа екипа.Тоа треба да се искористи,а не да се купуваат нови играчи и после една година да чекаш да се воиграат.

Се е тоа океј, правиме споредба со Барса. Барса имаше последниве години, и сеуште има најдобар тим. Изграден од играчи од школата поголем процент, но, секое лето земаа 1-2 играчи, кои секако малце ги преплаќаа но тоа беше потребно да се одржи компетитивноста во тимот. Неможеме целосно да се осврнеме на академијата наша, мора секое лето да се размислува за трансфери, а јас лично иако супер ги рангирам и Гомез и Манџо, мислам дека може да имаме уште поголемо подобрување во нападот со класа напаѓач. Е сега дали Суарез е еден од нив? Се разбира дека е, дечкото сам игра у Ливерпул, и е борбен, на секој натпревар дава максимум, без него Ливерпул за опстанок ќе се борат. Кога може солидно да соработува со никакви играчи, замисли шо ќе прае со Рибери, Крос и Милер зад него.
Стојам зад мислењето на Џони Вајсмилер од одамна, кој рече дека еден од Фалкао, Кавани и Ван Перси, со нашиот среден ред, ќе трпаат над 50 гола по сезона.
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 01:24 ---
Mario Gomez season stats: 538 minutes played, 7 goals scored. 1 goal every 76.9 minutes played. #Respect
