Робен кога треба да добаци,тој тогаш солира и обратно.

Го има изгубено компасот дефинитивно.Гомез му даде супер пас и беше во пол позиција но го претрча Колашинац.

Тој лобот беше ужас,за 4-5 метри да потрчаше на десно ќе имаше празен гол.Многу шанси искикса а за последната шанса во 90-та минута беше како аматер.Кога му асистираше на Гомез ја смири ужасно топката и не можеше да шутне па затоа и ја добаци.Да ја смиреше добро на гради,ќе лупаше волеј.

Но,сепак тешко е да се вратиш на старата форма после долгата повреда.Да се надеваме дека ќе распали во следниов период холанѓанецот.
Боатенг не се виде на натпреваров=одлилно си ја заврши работата.
Гомез беше скоро па во топ форма.Гол и асистенција и + голема борба со Мецелдер.Како му идеа играчине од Шалке тамам кога ќе се наместеше на полу-прилика,абе на раат не го оставија.

Mалку повеќе од 11км истрча,значи дека се бори и се враќаше и поназад.Ја сум задоволен од него,како и Јуп кој се израдува на пасот/асистенцијата на Робен(ме2

) повеќе од голот на Гомез.
Луис Густаво дефинитивно ги има измислено клизачиве.

Полуфиналето во ЛШ против кралевите ми заминува како лента во моментов.Тие фамозни клизачи кои ја изнервираа кралицата Роналдо.
Рафиња добар пробив направи и имаше потенцијална гол шанса но Робен одигра себично и не му добаци.
Контенто имаше добро уфрлување но не се разбраа со Гомез и ја нафрли поназад топката, за разлика од Гомез кој очекуваше "пред нос" да му ја набаци.
Севкупно фантазија беше натпреваров.Тоа е тоа што го посакував,добар перформанс а не само добар резултат.Рибери е права машинерија,си ја заврши неговата работа на денешниов натпревар како што си знае.

Само зашто одма отиде во соблекувална не ми е јасно или му беше досадно да ја догледа.

Швајнштајгер импресионираше со делењето на пасови како локумчиња.Алаба распали во последниве два натпревари,тоа е таа форма од лани што ја имаше.Само да не запира.

Крос исто беше добар и се залагаше повеќе денес.Лам добри пробиви имаше,Данте кралот како и секогаш,Нојер скоро без работа и за крај новопочениот незаменлив играч ака Хави Мартинез.Човече што ли пие овој после тие катастрофални 5-6 натпревари на почетокот од сезоната сега игра како џони баба.Неговиот преокрет нагло во перформансите беше натпреварот против Хановер со бесниот гол.

Само сега за сега ми делува осамено,но ај има време да се уклопи.
