Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Епа ајде нека ни е со среќа .. Браво за Никола добро си ја средил :)))

--- надополнето ---

Него незнам некој дали ја прочитал изјавата на Нерлингер... Вика дека најмалку 3 ке земаат на лето а интересни играчи биле Коентрао и Ван дер вил
 
ако се интересни нека се земат..а не додека они коментираат кој се интересни некој друг ќе ги лапне
 
Ај честито темава. Многу добро ја средил Николче. Браво браво.
Бтв испраќам официјална понуда до Poison Lady да се префрли кај нас. Очекувам одговор а личните услови подоцна ќе ги договориме :smir:
Понудава е со цел и на вас да ви донесам малку среќа ко што вчера му донесов на Шалке а? :) Епа ај ќе се договориме подоцна, сега имам некој текст за обработка.
 
Понудава е со цел и на вас да ви донесам малку среќа ко што вчера му донесов на Шалке а? :) Епа ај ќе се договориме подоцна, сега имам некој текст за обработка.
За тоа е за тоа е :smir:
Се што сакаш ти даваме. Размисли!!
 
Со среќа нека е!

Главен муабет во новава тема нека ни биде за тоа како сме се пласирале во ЛШ 2011/2012, како имаме одлична игра во неа и во Бундеслига, како на вторите им бегаме 10 бода пред почетокот на "зимскиот распуст", како во зимскиот преоден рок НЕ ни треба ниедно засилување оти сме моќни со тоа што го имаме, како го освојуваме купот, како во мај на Алианз-Арена играме во финале и го освојуваме и како сме шампиони во Германија! :smir:
 
Што било тоа со Ули Хенес? Нешто протести или што знам.
 
Дел од навивачите биле против одлуката на Хенес за финансиски да се помогне на 1860 Минхен.
 
Со среќа темата и да ни тргне многу повеќе од сега... не стасав да пишам од вчера пошто само на стариов пц ми е мемориран јузер и пас од кајгана :P ... уше еднаш со среќа и Баерн Убер Алес
 
В сабота играме со Нирнберг на гости. Од 15 и 30. Тој термин има многу дерби натпревари и тешко нас да не пренесуваат на Еуроспорт. Дерби мислам, во смисла на моменталната ситуација на табелата.
Хамбургер - Дортмунд. Ќе биде незгодно гостување за Дортмунд во Хамбург, бидејќи овие сеуште гаат некои надежи за пласман во Европа. Заостануваат само 4 бода зад Мајнц, што се и тоа како достижни на 6 кола пред крај.
Хановер - Мајнц. Овде ќе има колење, дуел меѓу четвртиот и петтиот на табелата. При евентуална победа на Хановер, ќе има повторно шанси за ЛШ (реално ако зборуваме, не навивачки), а со победа на Мајнц, нив ќе им се вратат надежите, иако не ми се верува дека можат нешто повеќе да направат. Мајнц можат да атакуваат за да го задржат и осигураат местото што ги носи во Лига Европа.
Шалке - Волфсбург. Ова во секоја друга сезона би било дерби на екипите на врвот, но не и оваа. Волфсбург очајнички се бори да излези од таа зона на испаѓање, а додека пак Шалке релативно сигурни се. Сепак не сосема, 7 бода се над таа зона, а знаеме колку променливо играат сезонава во домашно. Башка ќе бидат преморени од натпреварот со Интер, и исто така ќе бидат повеќе сконцентрирани на наредниот со Интер, кој сепак нема да биде само формалност. Нема да бидат опуштени и мислам дека оваа ја добива Волфзбург.
И конечно, ние играме со Нирнберг. "Баварското дерби" повторно ќе заличи на дерби, гледајќи го моменталниот пласман на табелата на Баерн и Нирнберг. Тие прикажуваат одлични партии сезонава и го бркаат Мајнц за местото што води во Лига Европа. Ние очајнички се обидуваме да не го изгубиме местото што води во ЛШ, и сепак мислам дека класата тука ќе победи. Не смееме да си дозволиме да губиме повеќе бодови. Дека ќе биде тешко, секако ќе биде, но имам верба дека ќе ги добиеме на нивен терен.
 
коло одлично си ја спремил , секоја чест пријателе :smir:
 
Супер тема сега само напред во нови успеси, добро би било да се почне со победа на баварското дерби :D
 
Баерн нема победено во Нирнберг од 2005 година.
 
Фак, на факултет сам немож да ја глеам немат машините флеш плејер, глеам водиме 0:1 , ама коа отворив статистика глеам нирнберг повеќе шутеви и тоа доста повеќе.
Што се дешава добро играт или ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom