В сабота играме со Нирнберг на гости. Од 15 и 30. Тој термин има многу дерби натпревари и тешко нас да не пренесуваат на Еуроспорт. Дерби мислам, во смисла на моменталната ситуација на табелата.
Хамбургер - Дортмунд. Ќе биде незгодно гостување за Дортмунд во Хамбург, бидејќи овие сеуште гаат некои надежи за пласман во Европа. Заостануваат само 4 бода зад Мајнц, што се и тоа како достижни на 6 кола пред крај.
Хановер - Мајнц. Овде ќе има колење, дуел меѓу четвртиот и петтиот на табелата. При евентуална победа на Хановер, ќе има повторно шанси за ЛШ (реално ако зборуваме, не навивачки), а со победа на Мајнц, нив ќе им се вратат надежите, иако не ми се верува дека можат нешто повеќе да направат. Мајнц можат да атакуваат за да го задржат и осигураат местото што ги носи во Лига Европа.
Шалке - Волфсбург. Ова во секоја друга сезона би било дерби на екипите на врвот, но не и оваа. Волфсбург очајнички се бори да излези од таа зона на испаѓање, а додека пак Шалке релативно сигурни се. Сепак не сосема, 7 бода се над таа зона, а знаеме колку променливо играат сезонава во домашно. Башка ќе бидат преморени од натпреварот со Интер, и исто така ќе бидат повеќе сконцентрирани на наредниот со Интер, кој сепак нема да биде само формалност. Нема да бидат опуштени и мислам дека оваа ја добива Волфзбург.
И конечно, ние играме со Нирнберг. "Баварското дерби" повторно ќе заличи на дерби, гледајќи го моменталниот пласман на табелата на Баерн и Нирнберг. Тие прикажуваат одлични партии сезонава и го бркаат Мајнц за местото што води во Лига Европа. Ние очајнички се обидуваме да не го изгубиме местото што води во ЛШ, и сепак мислам дека класата тука ќе победи. Не смееме да си дозволиме да губиме повеќе бодови. Дека ќе биде тешко, секако ќе биде, но имам верба дека ќе ги добиеме на нивен терен.