Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Ме бендисува брзината и ефикасноста на трансферите годинава. Ни тегнење, ни влечење, ни два месеци уназад шпекулирање секој ден. И со Гетце и со Тијаго, два дена пред тоа се спомна и оп одма официјално. (y) Да ни е жив и здрав Замер.:cuc:
 
Колку што гледам и Дортмунд на крај добар пазар направија, мислам дека ќе се сериозен конкурент за титула пак.

Само да не се расипе атмосферата во екипата и тимскиот дух. Лани беа ептен гладни за успех ама мислам дека нема да им фали мотивација ни годинава... Време е некој да земе врзани ЛШ :D

Инаку јако финале ЛШ би било...

-------------Ноер
Лам---Данте--Боа---Алаба
--------------Хави
---------Швајни--Кроос
Милер----------------Рибери
------------Манџо

vs.

----------------Штарке
Рафи---Кирхоф--вБајтен---Диего
---------Густаво---Тиаго
Робен--------Геце--------Шаќири
---------------Пизаро
 
Ај некој нека направи слика доџите сада јер смо се доста заебавали. :pos::pos::pos:

Да им вратиме на дечките за 5-0 или 6-1 а?
Шала на страна, јак потпис. Браво за дечкото, добар предикшн направил. Сигурно ги растура кладилнициве... :icon_mrgr:
 
Не ми е јасно како некој може да се противи на трансферот. Јасно е дека Пеп сака да ја подобри пасинг играта од позади, тоа што недостасуваше од лани. Пет пати го изгледав досега финалето до Дортмунд, и у првите 20 минути топка не изнесовме како шо треба под нивниот пресинг. Дури и потоа не беше така течна играта. Прочитав еден добар коментар низ нетов сеа, дека стануваме крајно непредвидливи за противниците. Овој тим може буквално да ја игра секоја формација, може да игра по земја, може со високи топки да играме, Рибери и Робен како истурени крила, или Милер и Гетце кои носат други димензии во играта. Може да играме на посед со двајца јаки бекови Данте и Мартинез кои знаат да играат со топка, да ги почнат сите акции, а пред нив Крос, Швајни, и Тиаго.

Буквално нема граници за овој тим, растураме на трансфер пазарот. Очекувам еспериментирање на почетоков додека се прилагодат Гетце и Тиаго на екипата, а за потоа што ќе се деси незнам. Јас иам доверба у Пеп, и во исто време доверба во Самер дека ќе ги сузбие сите ега што ќе се јават од недобивање минути на теренот. Да не заборавиме дека и Лева доаѓа догодина, перфектно ќе се уклопи во овој тим.

Тимот е млад, дури и Швајни, Лам, Рибери и Робен имаат уште за играње на високо ниво, и мило ми е што навремено се работи на играчите кои во иднина ќе ги превземат нивните места, кои прво ќе учат од нив а после ќе ги наследат.

Тоа е тоа, наше е сеа да испратиме порака во пријателскиве со Барса и АУДИ купот, па после Дортмунд и Челзи, дека доста веќе се заебававме.:D
 
Гомез треска денес во Фиренца. Во 18:00 е официјалното претставување ќе имало накај 15 000.

1069919_540966762631029_970025419_n.jpg


1075296_601838759847324_1332612523_n.jpg


BPOEFjiCMAEgFS4.jpg:large

--- надополнето: 15 јули 2013 во 16:40 ---
А Тиаго само што слетал во Минхен на медицински преглед, од утре почнува со тренинзи
 
Britanski mediji: Bayern nudi Shaqirija + 25mill € za Luisa Suareza!

Јас сум ЗА, мада БРИТАНСКИТЕ медиуми се...
 
Буквално нема граници за овој тим, растураме на трансфер пазарот. Очекувам еспериментирање на почетоков додека се прилагодат Гетце и Тиаго на екипата,

Тиаго е веќе прилагоден.Он веќе со Пеп има тренирано, и го знае како својата „дланка“.Проблемот е во другите.Можеби и затоа Пеп инсистираше повеќе толку на овој трансфер - зошто му треба минимум барем еден човек кој ќе ја разбира неговата игра на почетокот.Другите да дофрлаат топки или да прават пасови е доволно, што и мислам дека е ова и паметен чекор на Пеп.Ова го пишувам зошто Пеп тврдеше дека тој сите позиции можел да ги игра.Во клубот доброто е тоа што ги имаме двајцата најталентирани играчи во моментов во Европа, т.е. тројца, иако тој нема искуство за големи натпреварувања.
Вреди да му се даде шанса, јас пак имам нешто против некои работи кои ги направи, а и сега гледам на репортаживе дека многу удира на „тики-така“ што јас сум лично против, сакам да видам нови работи, но тоа е што е, јас напишав дека треба да му се даде шанса на човекот. Сега он е во Баерн и нема бегање ниту цивкање.Јуп заборавете го веќе.Ама најсмешни ми се другиве, до вчера го фалеа Пеп го правеа бог, сега кога направи некои измени кои на нив не им одговараат сега не чинел, не знаел што правел, осуден на пропаст.....на нероден Петко, капа му кројат.
--- надополнето: 15 јули 2013 во 18:48 ---
Гомез треска денес во Фиренца. Во 18:00 е официјалното претставување ќе имало накај 15 000.
А Тиаго само што слетал во Минхен на медицински преглед, од утре почнува со тренинзи

На човеков му посакувам само успеси.Да го следи среќата таму.
 
Пристигна..Навикни се на одбрана и враќај се поназад инаку...:icon_mrgr:

995906_484209761666643_604902714_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom