Па до некаде е точен преводот но не во така екстеремен тон

Вестите од германските медиуми велат дека Tonnies, кој е генерален менаџер на Шалке му понудил на Ноер договор на 4 години и потпишување со јаки играчи. Ништо спорно нема во тоа што Шалке сака да го задржи својот најдобар играч. Инаку договорот со Баерн им е устен,се договориле на таа верзија 17 мил + додатоци за секој трофеј. Сега останува Ноер да реши.Мислам дека сепак ќе го гледаме во Минхен наредната година. договорот со Газпром им е обновен на 6 години вреден 80 милиони евра.
За Коентрао воопшто не сум изненаден, нашите изричито ги убија сите шпекулации,како што постирав пред 10тина дена,немаше таму никаква умствена игра или игра на зборови,Баерн не сака да плати ниту евро повеќе од 25 милиони,Бенфика сакаше повеќе,case closed. Тоа е начинот на којшто Баерн функционира години наназад,сите трансфери се прават најрано во трансфер рокот и се завшува брзо.Очигледен исклучок е треансферот на Робен откако се виде голем недостаток во нападот.Инаки решението за бек ќе се бара како што пиша Боби помеѓу Рафиња и Боатенг. Ако го земеме Рафиња, Боатенг ке игра централно а ако не ќе е бара ново лице за дефанцивец а Боатенг ке игра лев бек, како што играше во HSV.
Реално е да се очекуваат Ноер,Боатенг,Видал,Рафиња и можеби резерва за Рибс и Робс,Иличевиќ. и тоа ќе биде тоа освен ако не излезе некоја бомба. Но ако се погледне пазарот,на позициите на кој нам ни требаат играчи,нема некој голем избор. А нереално е да се очекува дека ќе купуваме имиња како Евра и Абидал, или пак Видиќ или Киелини.
и да бидеме реални сами со себе,Баерн не купува големи звезди за нереални суми,ниту пак прави трансфер сензации. Робен дојде само поради лудоста на Реал која ние ја искористивме. За Тони немаше интерес надвор од Италија а тој рече дека не сака да игра за големата италијанска тројка во тој момент од кариерата. Агентот на Рибери до крај го одолговлекуваше преминувањето на Рибс кај нас,надевајќи се на понуда од Реал.