Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Точно. Али тоа ти е кајгана синдром. А дојде време да се продава играч од клубот, сите плукаат по него, стар, хроничар, инвалид, ќељаф, штрб... итн. Фала за играчиштето во секој случај. И да, ДиМарија знаете кога? Можеби до година. Можеби.

Кој плука бе жити се,ако некој знае каква е реалната состојба со Швајни тоа сме ние....Све што е кажано се факти и неможе да се оспорат.

Како ќе се покаже во Јунајтед тоа е друга работа и тоа неможе да се предвиди.Муабетот беше каква беше неговата состојба во Баерн последниве 2 години.Во Јунајтед му посакувам се најдобро.

Ќе сме плукале по Швајнштајгер :pos::pos::pos:

И не биди толку сигурен за Ди Марија,последнава година што посакавме ви земавме од трансфери.
 
И не биди толку сигурен за Ди Марија,последнава година што посакавме ви земавме од трансфери.

Да не си играме бајрам со умот,Манчестер Јунајтед е еден од најбогатите и најамбициозните тимови во светот и тие ако сметаат дека Ди Мариа е потребен и имаат корист од него нема да го дадат па ако сакаат Баерн 100 милиони нека понудат...значи моментално не гледам што би понудел Баерн повеќе од Манчестер за Ди Мариа и нема никаква логика да пристигни во Минхен освен менталниот Ван Гал ако измисли топла вода...значи Манчестер Јунајтед реално кој играч да го посака ќе го купи во своите редови,тоа што медиумите пишат глупости дека се заинтересирани за секој втор и дека ги губат трките со клубовите за X играч се чисти глупости
 
Да беше во Реал или во некој друг можеби ќе го земевте, не викам не. Ама играч на Јунајтед ако не сака клубот да го даде тешко малце. Значи не зависи од Баерн туку од Јунајтед и од Ван Гал дали се спремни да го продадат.[DOUBLEPOST=1436657718][/DOUBLEPOST]И друго, предходнава сезона клубот не играше ЛШ, што е хендикеп за привлекување класа играчи. Од сезонава па натаму може и ќе бидете пак така надмоќни. Можеби. :)
 
Да не си играме бајрам со умот,Манчестер Јунајтед е еден од најбогатите и најамбициозните тимови во светот и тие ако сметаат дека Ди Мариа е потребен и имаат корист од него нема да го дадат па ако сакаат Баерн 100 милиони нека понудат...значи моментално не гледам што би понудел Баерн повеќе од Манчестер за Ди Мариа и нема никаква логика да пристигни во Минхен освен менталниот Ван Гал ако измисли топла вода...значи Манчестер Јунајтед реално кој играч да го посака ќе го купи во своите редови,тоа што медиумите пишат глупости дека се заинтересирани за секој втор и дека ги губат трките со клубовите за X играч се чисти глупости

Абе нема збор за статусот на клубот,јасно е тоа....Нормално дека се зависи од нив.Баерн и да има нема да понуди 100 милиони,такада мора да се преговара а за тоа мора да има интерес од Јунајтед.

Има многу индикации дека е незадоволен,имаше лоша сезона,Ван Гал е исто фактор па ќе видиме.

Поентата ми е дека е далеку од невозможно и после трансферов на Швајни можда и реално,не знаеме што е преговарано....Факт е дека има интерес од страна на Баерн а интересот е заснован на одредени индикатори кои говорат дека може да си оди.

Затоа на пример не покажуваат интерес за Хазард зашто јасно е дека нема да си оди.
 
Некогаш и самите медиуми креираат филмови, нормално, за повеќе читаност.. мада кај што има чад има и оган :D
 
ЧЕНТО леташ братче многу, полека малце. Муабетот ми е зошто го анализирате сега од кога потпиша за Јунајтед, колку повреди имал, колку играл, во каква форма играл, колку ќе играл ако останел итн? Јас не го измислувам ова, ете го една страна поназад напишано од вас. Ако не ти е криво шо си оди легендата од клубот, едноставно пишуваш фала ти за се и чао пријатно. А вие анализи му правите, да неречам се тешите со тие твои така наречени факти, со цел полесно да се премини преку заминувањето негово.
А во врска со летањево, мислев на констатацијата твоја дека сте ни ги зеле сите играчи во последниве две години. Полека значи. Јас сум убеден дека Јунајтед не загризале сериозно ниту за Тијаго, ниту за Бенатија, така да чил малце. Оти ако загризеле ти кажа пријателот погоре што ќе беше крајниот исход.
 
Увек сум за тоа тешките и болни одлуки да се носат со време отколку да се залажуваме дека све е ок и после све тоа наеднаш да се стрпа...

Смената на генерација е неминовна и подобро е да се почне со време и да се направи без големи потреси отколку да ни се деси ситуација ко Милан пред неколку години.
Смена на генерации со отарасување на еден од најдобрите фудбалери на неговата позиција на 31 година, да некажам во најбољи фудбалски години кондиционо спремен и преискусен фудбалер неме зафркавај, прво кога прочитав шпекулации неми се веруваше мислев дека се само обични глупости заради билдање на кликови на некои портали, ама кога видов дека е завршена работа останав со отворена уста, неми се веруваше дека еден Баерн Минхен може да направи таков аматерски потег[DOUBLEPOST=1436660378][/DOUBLEPOST]
Другар,главните креатори и мотори во играта на Баерн Рибери,Робен,Швајни,Лам веќе пополека стареат и сите се над 30-ката... веќе мора од некаде да се почни со ремонт и замени додека тимот сеуште е во здрава и цврста подлога од квалитетни поединци,а не да чекаат да прават целосен ремонт како Интер или Милан...на сите му е јасно дека Швајни е легенда на Баерн и дека уште можи да понуди,но реално телото и физичката кондиција не му се на исто ниво како порано и нормално дека ќе биди заменет со помлад и недокажан играч каде ќе гризи по теренот ...плус Швајни можи да се замени,исто така и Рибери...проблем ќе испадни кога треба да се заменат Лам и Робен бидејќи се уникатни играчи ама раководството на Баерн Минхен знае да одбери играч и скоро никогаш не грешат во изборот
Братко не ме зезај Швајни има 31 година, е сега му се десиле неколку повреди што отсуствувал ама на секого му се дешаваат сакаш да ми кажеш демек Алкантара е поцврст играч од него и ти гарантира некој дека нема да се повреди на 3-4 месеци во сред сезона, јас ти гарантирам дека до 33 Швајни може да игра екстра фудбал на сите фронтови, па погледни го ланскиот Лампард, Дрогба, Пирло, можеби немаат фул минутажа но ако се користат како што треба и те како се повеќе од корисни, така да според мене Баерн многу изгуби со овој трансфер, а ако е работа смена на генерации тоа требаше да се почне пополека да се носат замени за Рибери и Робен затоа што ти е дваицата се едни од најдобрите и најсклоните на повреди а и не се млади веќе, додека според мене во Швајни има уште најмалко 3 сезони врвно играње фудбал
 
Последно уредено:
неми се веруваше дека еден Баерн Минхен може да направи таков аматерски потег

Дај бе не се губи, сто пати пишавме денеска дека на Швајнштајгер му беше желбата да оди во странство. Управата сакаа да го задржат. Значи не мора на секого посебно ова да го кажуваме по сто пати.[DOUBLEPOST=1436661106][/DOUBLEPOST]
Да не си играме бајрам со умот,Манчестер Јунајтед е еден од најбогатите и најамбициозните тимови во светот и тие ако сметаат дека Ди Мариа е потребен и имаат корист од него нема да го дадат па ако сакаат Баерн 100 милиони нека понудат...значи моментално не гледам што би понудел Баерн повеќе од Манчестер за Ди Мариа и нема никаква логика да пристигни во Минхен освен менталниот Ван Гал ако измисли топла вода...

Абе остај ти тоа дека е еден од најбогатите клубови. Како бе нема што повеќе Баерн да му понуди? Секоја година борба за титулата во ЛШ нели е нешто повеќе? Моментално сите знаеме дека клубови кои се изделуваат се Баерн, Реал, Барса, па и Челзи ајде. На Јунајтед им треба време додека повторно бидат на ниво со Баерн и Барса. Не е тоа туку така.

Јас искрено не се надевам на трансфер на Ди Мариа, но ако веќе тој изрази желба да си замине мислиш дека нема да го пуштат. Ќе го чуваат незадоволен во тимот? Сигурно ќе му речат не може да одиш во Баерн бе, ние сме едни од најбогатите тимови. Во Баерн за леб и паштета ќе играш.
 
Последно уредено:
\

2008-9та Јунајтед за Баерн беше милион пати повеќе од тоа што е Баерн подобар од Јунајтед сеа. :) За 5 години целосен пресврт, Јунајтед не се пласира воопшто во ЛШ, Баерн во самиот врв. За ова со борба за ЛШ титула ти кажав веќе, мада искрено ако го дооформиме тимов летово и тоа како ќе бидеме тука некаде. За пари да, не би требало да се проблем и кај вас, ама мислам дека предноста кај нас би била лигата. :)
 
Јас зборам за последните 4-5 сезони дека сме подобри од вас и тоа многу. Не зборам само за минатата сезона зашто не сте играле во ЛШ. Ние последните 5 сезони имаме две финалиња во ЛШ изгубено и една сезона освоена титула. Последните две сезони испаднавме во полуфинале. Разлика што велиш од тогаш беше што тогаш не можевме и не трошевме многу пари за играчи, а добро се држевме со тимови како Реал и Јунајтед и немаше некоја огромна разлика. Имаше разлика во играчкиот кадар зашто нели кај вас пак ѕвезди ово она, кај нас по 3-4 играчи што се изделуваат, но тимската игра доведуваше до тоа да се бориме и држиме добро со побогатите тимови. Нешто како што е Атлетико Мадрид последните сезони. А вие последните 5 сезони повторно повеќе трошите од нас и покрај тоа што и ние почнавме јаки пари да даваме за играчи. Па сега види ја разликата.
 
Моментално сите знаеме дека клубови кои се изделуваат се Баерн, Реал, Барса, па и Челзи ајде. На Јунајтед им треба време додека повторно бидат на ниво со Баерн и Барса. Не е тоа туку така.
Абе види пред едно 5-6 години ни Баерн не беше на ниво на Манчестер, ама гледаш еве се врти тркалово. Смена на генерации, ти реков ми рече... А како што читам од вас еве, вие штотуку започнувате и тек допрва треба да ја менувате старава генерација, а ние ја дооформуваме и воигруваме моемтално новава, така да... :tvg:
 
Јас зборам за последните 4-5 сезони дека сме подобри од вас и тоа многу. Не зборам само за минатата сезона зашто не сте играле во ЛШ. Ние последните 5 сезони имаме две финалиња во ЛШ изгубено и една сезона освоена титула. Последните две сезони испаднавме во полуфинале. Разлика што велиш од тогаш беше што тогаш не можевме и не трошевме многу пари за играчи, а добро се држевме со тимови како Реал и Јунајтед и немаше некоја огромна разлика. Имаше разлика во играчкиот кадар зашто нели кај вас пак ѕвезди ово она, кај нас по 3-4 играчи што се изделуваат, но тимската игра доведуваше до тоа да се бориме и држиме добро со побогатите тимови. Нешто како што е Атлетико Мадрид последните сезони. А вие последните 5 сезони повторно повеќе трошите од нас и покрај тоа што и ние почнавме јаки пари да даваме за играчи. Па сега види ја разликата.
Па реално вие сте појаки од нас од 2012 наваму. 2011 игравме финале ЛШ, 2012 ни беше мизерија а вие баш тогаш го комплетиравте тимот. После во 2013 малце и немавме среќа со црвениот на Нани иначе бевме подобри од Реал и ете испаднавме, нешто слично како со вас во 2010. За последните 2 нема што да се прави муабет. :)
 
И не биди толку сигурен за Ди Марија,последнава година што посакавме ви земавме од трансфери.

Со Мојс на клупа, и Стратев ке го прелажеше Тиаго, а не Пеп.

Дај бе не се губи, сто пати пишавме денеска дека на Швајнштајгер му беше желбата да оди во странство. Управата сакаа да го задржат. Значи не мора на секого посебно ова да го кажуваме по сто пати.[DOUBLEPOST=1436661106][/DOUBLEPOST]

Абе остај ти тоа дека е еден од најбогатите клубови. Како бе нема што повеќе Баерн да му понуди? Секоја година борба за титулата во ЛШ нели е нешто повеќе? Моментално сите знаеме дека клубови кои се изделуваат се Баерн, Реал, Барса, па и Челзи ајде. На Јунајтед им треба време додека повторно бидат на ниво со Баерн и Барса. Не е тоа туку така.

Јас искрено не се надевам на трансфер на Ди Мариа, но ако веќе тој изрази желба да си замине мислиш дека нема да го пуштат. Ќе го чуваат незадоволен во тимот? Сигурно ќе му речат не може да одиш во Баерн бе, ние сме едни од најбогатите тимови. Во Баерн за леб и паштета ќе играш.

Да го кажеше муабетов лани, ке ти држеше вода. Што го спречува Јунајтед сезонава да не земе ЛШ?
Вие можеби сте на тоа повисоко ниво, ама Јунајтед ни со Мојс на клупа никогаш не прими 7 гола у двомеч во ЛШ.
Забораваш дека Ди Мариа дојде во Јунајтед кога не игравме ЛШ.

Така да, тоа кој колку е јак, во ЛШ, не значи ништо. Атлетико, најдобар пример.
 
Јас зборам за последните 4-5 сезони дека сме подобри од вас и тоа многу. Не зборам само за минатата сезона зашто не сте играле во ЛШ. Ние последните 5 сезони имаме две финалиња во ЛШ изгубено и една сезона освоена титула. Последните две сезони испаднавме во полуфинале. Разлика што велиш од тогаш беше што тогаш не можевме и не трошевме многу пари за играчи, а добро се држевме со тимови како Реал и Јунајтед и немаше некоја огромна разлика. Имаше разлика во играчкиот кадар зашто нели кај вас пак ѕвезди ово она, кај нас по 3-4 играчи што се изделуваат, но тимската игра доведуваше до тоа да се бориме и држиме добро со побогатите тимови. Нешто како што е Атлетико Мадрид последните сезони. А вие последните 5 сезони повторно повеќе трошите од нас и покрај тоа што и ние почнавме јаки пари да даваме за играчи. Па сега види ја разликата.
И цело време упорно се трудиш да најдиш влакно во јајцето. :icon_lol: Добро ајде појаки сте уживај. Нема никој ко БаерН.
 
Да го кажеше муабетов лани, ке ти држеше вода. Што го спречува Јунајтед сезонава да не земе ЛШ?
Вие можеби сте на тоа повисоко ниво, ама Јунајтед ни со Мојс на клупа никогаш не прими 7 гола у двомеч во ЛШ.
Забораваш дека Ди Мариа дојде во Јунајтед кога не игравме ЛШ.
Така да, тоа кој колку е јак, во ЛШ, не значи ништо. Атлетико, најдобар пример.

Ако гледаме така и Барса примија 7 гола од нас па не ги прави тоа ништо подоле од нас.
Не заборавив дека Ди Марија дојде кај вас кога не игравте ЛШ затоа што и јас имав мислење како вас дека нема да има никаква разлика кај вашите трансфери и привлекувањето на топ играчи за разлика од некои тука на форумот што зборуваа дека нема шанси да ангажирате топ играчи. Баш и зборувавме во ЛШ темата за тоа. Сепак мое мислење е дека да ги имавме лани тие проблеми што ги имаме сега со Рибери и да беа спремни управата да ја платат цената за Ди Марија, мислам дека ќе не одбереше нас. ЗНачи да можеше да бира, мислам дека ќе не одбереше нас, али тоа е мое мислење, не мора да значи. Искрено и немаше некој избор тој минатата сезона. Но, тоа е веќе друг муабет. Не ми беше тоа поентата. Да не ја шириме сега зашто и јас мислам дека Ди Марија сега нема да сака да си замине од Јунајтед. Го цитирав Џони зашто се чуди демек што имаме ние да понудиме повеќе од вас за него.

Инаку за ЛШ точно е дека не значи ништо колку е јак, но Реал, Барса и Баерн доминираат последните сезони и се изделуваат од останатите и имаме секоја сезона различни (4-ти тим) кои се борат за титулата како што беа Дортмунд, Атл. Мадрид и Јуве. Јас не велам дека нема шанси да стигнете до полуфинале или финале во следните две-три сезони во ЛШ, но сакам да кажам дека тоа нема да биде константно и доминантно како тоа што го прават Барса, Реал и Баерн. Ќе ви треба време.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom