Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
леле колку гадно се заебавме со Вилиан, поарно Рајан Фразер да го земевме ко слободен играч.
Вилиан си доби 3 годишен договор на 32 години, вакво нешто ни во Гванжу Кина не му понудуваа...
 
Која ти е сатисфакцијата незнам само да посакуваш играч со очигледен талент и потенцијал да скапел на клупа, тежок идиотизам.

Сакам да си зачувам видот, си чувам здравјето.
 
Да се проба Сака и Вилок на крила, Обамејанг најистурен напред. Пепе, Вилиам, Лаказет на клупа.

Иначе ете зошто не е сеедно дали играме ЛЕ или не (дискусијата од крајот на прошла сезона), повеќе ради психолошкиот дел кај играчите е, колку пати некој играч во еден тим бил тиња, а во друг станал бог и батина (Салах пример). Вака имаат прилика да наполнат мрежи на послаби противници, да се стекнат со самодоверба и да почнат и на побитни натпревари да покажуваат што знаат, може ова да се случи кај Пепе според мене, не е толку чоукер ко што се доловува кога од страна ќе почне да дрибла и ќе се заплетка и ќе ја изгуби топката уште пред да влезе во дриблинг.
 
Лига Европа највеќе треба да им помогне на Вилок, Нкеита и Пепе да се уиграат.

Добри опции има Артета за напред, само треба вистинската комбинација да ја пронајде. Ја би сакал да ги видам
Обамејнаг напред, Сака Лево, Вилок истурен како 10ка и Пепе десно. Во некоја 4-2-3-1 формација. Вилок мислам дека најдобро ќе се снајде истурен напред позади шпицот :)

Сака, Вилок, Пепе и Нкеита ако се уиграат добро офанзивно у наредните 6-7 години покриени сме :D (нормално и Мартинели е тука у комбинација)
 
Подзабораваме на Мартинели, а од младиве е може и најталентиран.
 
Има многу играчи што една посериозна повреда тотално ги сјебува, не сакам да бидам песимист, се надевам дека нема да е случај и со Мартинели тоа, ама имајте како резерва секогаш можно сценарио во кое Мартинели нема да е истиот играч што беше. Бар Арсенал е тим во кој најчесто се гледало колку може сериозна повреда да сјебе некој талент и играчот веќе никогаш да не е ист.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom