Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Се надевам на оваа утакмица ќе видам зошто тоа Елнени заслужува да игра во овој тим пред Себаљос или Џака... т.е. зошто уопште е уште во Арсенал.
Елнени игра сосема коректно.... Екстра е
 
Се надевам на оваа утакмица ќе видам зошто тоа Елнени заслужува да игра во овој тим пред Себаљос или Џака... т.е. зошто уопште е уште во Арсенал.

Па искрено, по првото полувреме се виде зошто, но да почекаме до крај.

Незаслужено Јунајтед не губи, на секој дел од теренот сме подобри, пак ќе кажам, засега.

Состав е баш како за на Олд Трафорд, не знам што очекувавте.
 
И на крај ќе изгубиме како што секогаш бива...
Штета, требаше да водиме. Не дека нешто тотална доминација имавме ама сосема солидни шанси се создадоа.
 
Елнени за Џака е бог на фудбалот. Во што тоа Џака заслужи да игра пред Елнени? Елнени е далеку посигурен со топка, помалку (односно ич) киксови не прави, Елнени е далеку постабилен играч, не прави глупости од типот на непотребен жолт, црвен, пенал. Елнени кога прима топка не се понаша како да е на корзо и гледа да ја зачува во посед па макар и пас 20 метра наназад да даде, Џака 50% од примените топки му се изгубени бидејќи драгоцени секудни се губат дур ја префрла од една на друга нога и ја гради. Ете Џака имал подобри долги топки (една прецизна по натпревар), ама од ова што го гледам денес и минатите натпревари, Елнени и тоа како знае добар пас да упати. Така да, Елнени пред Џака било кога, било каде.

А тоа секако дека Елнени не е за прв тим за топ4 тим. Ама далеку сме од топ4 тим и така, најмал проблем Елнени е во тимов.
 
91 минута: Немаше топка да освоиме Елнени да не беше толку упорен и да не трчаше ко надрогиран на нивните стопери. Ќе напаѓаа и ќе држеа топка до крај на натпреварот, бидејќи сите наши се помирија дека треба да се бранат во шеснаесетник и дека сме уморни. Вака се умртви до крајот и избегнавме потенцијален примен гол. Браво, само тоа сакам да гледам, само тоа барам, ништо друго, борба до последен здив.
 
Аухуху, мераклиска победа ептен, тактика баш како за Олд трафорд, Габриел ѕвер иако можеше црвен да изеде, Елнени исто ѕвер иако ќе му забиеше за малце на Лено, ама треба и среќа во овие утакмици.

Ете, Елнени и Парти поминаа тежок испит како пар заедно, Џака може да одмори малце, Елнени засега заслужува првотимско место.
 
Елнени си зацементира прв тим :D
Ама со послаби тимови сакам да видам тројца во средина, класична 4-3-3. Сепак немавме којзнае каква креативност ниту денес ниту цела сезона. Малце да се растеретат од гужва бочните позиции.
 
Ни следи полесен распоред овој месец. Ако се освојат сите бодови, не би ме чудело да се вклучиме во борбата за титулата :)
Криво ми е што со Лестер изгубивме на многу лесен начин 3 поени.

Btw, имаме најмалку примени голови моментално во лигата. Само нека ви текне лани каква ни беше статистиката :D
 
Емери ќе беше сместа протеран ако излезеше со овој состав, а на клупа Пепе и Себаљос
Better get some points денеска

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk

Најтажен пост евер на кајгана.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom