Главен проблем на Венгер му е тоа што не знае да седне на клупа некој играч. Ќе игра лошо 2-3 утакмици, ќе се влече на терен, тој упорно ќе продолжи да му дава шанса, дали за да не се почуствува лошо или како благодарение на тоа што бил добар некогаш, или поради други причини, ама човеков стварно не знае да седне на клупа некој. Ако се сеќавате Озил пред овие последниве 3 утакмици играше едне дооолг период лоши игри, шанса цело време му се даваше. Сега Вилшер го имаме разигран, шанса цело време Џака му се дава, да не бидат демек џабе пропаднати 40 милиони за на клупа да седи. Алексис исто не се гиба. Ко играчите да си имаат платено загарантирано место да играат во прв тим во Премиер лига, ко они да се менаџери, а не Венгер. Нема тука големо име, мало име, чим некој се влече, нема желба за игра, дај му на некој минутажа што едвај чека да истрча на терен и си ги цени минутите во светиот дрес...