Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Абе ако го дадеме и не ги искористиме одма паметно парите ќе се изедам , ама ако се даде и да се искористат парите за Лемар и уште нешто ќе се помирам. Мада ќе боли, јадев гомна да си оди ама коа видов прифатено ми се стресоа нозете...
 
Според некој си Various (весник ли е, човек ли е) сме понудиле 90 милиони фунти за Лемар...
Страшно хеј, страшно...

Не ја глеам поентата да го дадеме Алексис, а за возврат да го земеме Лемар за 90 милиони. Демек сумата на трансферот треба да не убеди дека Лемар е исто толку добар како Алексис ?
 
Според некој си Various (весник ли е, човек ли е) сме понудиле 90 милиони фунти за Лемар...
Страшно хеј, страшно...

Не ја глеам поентата да го дадеме Алексис, а за возврат да го земеме Лемар за 90 милиони. Демек сумата на трансферот треба да не убеди дека Лемар е исто толку добар како Алексис ?

:LOL:
 
Шо да праам, не знам кој е/што е ама ми излезе на фб :D

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
Various reports.... да не пишуваше?
Тој збор значи повеќе или многумина, демек повеќе весници објавија дека Лемар за 90м итн итн
Ме пресмеа да си ибеш векот.:pos:
 
Ништо не правиме без Алексис а со Лемар и тоа поскапо купен од Алексис, а истворемено дупките во средина и одбрана ќе останат непополнети, апсолутно ништо не сме направиле.

На Венгер не смее ова да му помине, вакво лажење и замајување за сагата со Алексис не смее да му помине
 
Various reports.... да не пишуваше?
Тој збор значи повеќе или многумина, демек повеќе весници објавија дека Лемар за 90м итн итн
Ме пресмеа да си ибеш векот.:pos:

Прснав од смеење инстантно кога прочитав. :D
 
Various reports.... да не пишуваше?
Тој збор значи повеќе или многумина, демек повеќе весници објавија дека Лемар за 90м итн итн
Ме пресмеа да си ибеш векот.:pos:
Абе ја знам до толку англиски, знам шо е various reports ама овде пишуваше вака:

дрн дрн дрн 90 милиони за Лемар.

[Various]

Обично во такви загради го ставаат изворот. Е сеа може ја нешто погрешно да сум протолкувал, ама не верувам :icon_mrgr:
 
Донјел Мален во ПСВ, доста талентирани младунци не напуштија летово.
Вилок во Бенфика, Хиндс во Волвсбург.
 
Скај пишаа дека сме понудиле 92м за Лемар. Најјаки сте ми во два случаеви:
Не го купуваме Лемар - цел живот ќе го пцуете Венгер како испуштил страшен талент
Го купуваме - стариот полудил скроз си го дава Санчез за 60м кој би се влечел по теренот цела сезона и при крај на договорот.
Не го бранам Венгер ама размислете дали е паметно да се вложи во ваков играч што многу поверојатно е наредната сезона да има двојно повисока цена.

Sent from my Coolpad R108 using Tapatalk
 
Ќе се сложам со тебе ако немавме приоритети на други позиции, вака да си ги лупнеме сите пари за недокажан талент а истовремено Ливерпул не разнесе пред една недела заради средниот ред и со одбрана во која еден од главните играчи не сака да остане во клубот и не знаеме со каква мотивација ќе игра не би рекол дека е паметен потег.

Санчез аут, Лемар и барем еден квалитетен играч во одбрана или среден ред тогаш може да кажеме дека сме направиле солиден бизнис.

Но пак ќе кажам, не мораше сето ова на 31 август да се прави
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom