Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не земат Фа ќе си иде чичо:popce:
 
"We want to keep the team together & find one or two more players who strengthen the team. But we don't need a lot."
 
Wenger says on TalkSport we fell away in December and "maybe one day I will say why"

Wenger to @talkSPORT 'I'm convinced this group will win the title if it stays together' #Arsenal
 
Глупости, секоја година истото, тимот да останел заедно бла, бла, еве го тимот, со години е горе-долу истиот и заглавени сме во место, стагнираме постојано.
 
Само сака да си го зачува газот Венгер со вакви политики. Секоја година истата приказна ја кажува како го имал тимот за титула, требало да остане тимот заедно ама никако да освоиме титула веќе 15 години.
 
Секoјa сезoнa 1-2цa ни требaaт,секoј трaнсфер периoд купувaме 1-2цa игрaчи и пaк 1-2цa игрaчи ни фaлaт...

Sent from my LG-H815 using Tapatalk
 
Луѓе бе како сте се нафрлиле на Кошчелни, а заборавате колку пати имал страшни снајперски стартови и колку пати се џиткал само за да спаси гол, сега одеднаш глуп ви е поради една грешка што не трчал назад и лош тајминг проценил... Само сетете се пред неколку сезони против Челси стартот 0:0 кога заврши, на прсти се бројат дефанзивци кои имаат срце и жилавост за таков старт и така да интервенираат. Кош е ѕвер. И тој и Монреал и Мустафи играат со срце на терен, и не се играчи во кои треба да се бара вината после ваква сезона...

Исрекно мислам дека вината е повеќе во нападот. Ајде да кажеме дека Алексис ќе си замине како последица на пласманот во Лига Европа, кажете со кој ли само ќе играме ако Венгер или било кој друг не доведе сериозно добри играчи (не играч, играчи...)... Во тимот ќе останат еден Велбек, што многу ми е драг, ама има повеќе асистенции после промашени топки отколку Озил што има асистенции сезонава, или Ивоби што цела сезона нема реализирано шанса 1 на 1 со голман и има финиш како голман... Или Волкот што еден натпревар игра добро, следните пет како резервен играч на Бетис... Или со Жика да останеме па ќе смениме стил само на нафрлени топки да играме па една во 20 ќе влезе, ако воопшто успееме да има 20 нафрлени топки во еден натпревар... Преочајни сме на тие позиции под итно ни треба засилувања, не смееме да се потпираме на еден играч. Ни треба тим, сериозни нови засливуања.

Трета работа не знам дали сте свесни, ама Тотенхем директно ни ја пресудија судбината, бодовите таму што ги изгубивме, да не ги изгубевме сега ќе си игравме ЛШ. Ете нека ни е само поука за другпат сериозно да се сфати работава со време. Стварно бе не можам да сфатам на толкави плати да се игра толку без желба, без мотивација без ништо, ако не сакате да играте за клубот, не морате...[DOUBLEPOST=1495394268][/DOUBLEPOST]П.С. Со Милан најверојатно ќе другаруваме во Лига Европа, а и Јунајтед ако не победи во финале и они ќе ни прават друштво. Кулл:cool:
 
Последно уредено:
Ватфорд и Кристал Палас одлучија за нашиот пласман во ЛЕ. Од останатите екипи стандард си губиме поени секоја сезона. Во мојата прогноза од септември, само мечот против Стоук на гости не го погодив.
 
Јa пoише би рекoл oти Венгер oдлучи дa игрaме ЛЕ aмa aјде :D

Sent from my LG-H815 using Tapatalk
 
А треба ли повеќе од 2-3 засилувања?
 
Уствари ние најмногу изгубивме сезонава.
Секоја година славевме пласман над Тотенхем и ни беше утеха ко демек ај барем тоа, еве оваа година ни тоа.
Секоја година ЛШ игравме и ни беше утеха ко демек топ4 константно, оваа година ни тоа.
Секоја година беше (ова до пред 2 сезони) редовно плескање на Тотенхем па ајде реприза 5:2 сакавме, па пилешко за ручек, оваа година патот под нозе и една клоца во гз, ни тоа не остана годинава.

Што останата за утеха? Прва победа на Венгер против Мурињо? Да се тешиме со тоа или да се скриеме во глувчова дупка и да си чекаме подобро време :)
 
Уствари ние најмногу изгубивме сезонава.
Секоја година славевме пласман над Тотенхем и ни беше утеха ко демек ај барем тоа, еве оваа година ни тоа.
Секоја година ЛШ игравме и ни беше утеха ко демек топ4 константно, оваа година ни тоа.
Секоја година беше (ова до пред 2 сезони) редовно плескање на Тотенхем па ајде реприза 5:2 сакавме, па пилешко за ручек, оваа година патот под нозе и една клоца во гз, ни тоа не остана годинава.

Што останата за утеха? Прва победа на Венгер против Мурињо? Да се тешиме со тоа или да се скриеме во глувчова дупка и да си чекаме подобро време :)

Ни остана ФА купот, ако го освоиме, ако не ќе ја памтиме како најкатастрофална сезона кога се што можеше да тргне лошо, тргна.
 
А зашо да се брукаме во ЛШ, коа може да си освоиме ЛЕ ? Убедливо најквалитетна екипа ќе сме таму, ако остане овај тим. Лаганица си земаме. :D
 
Ни остана ФА купот, ако го освоиме, ако не ќе ја памтиме како најкатастрофална сезона кога се што можеше да тргне лошо, тргна.
Не дај боже и тоа да изгубиме, ај што ќе е катастрофа сезона со 0 причини за радост, туку и од нигде никаде на Тотенхем ќе им сервираме шанса да освојат Комјунити Шилд, бидејќи Челси ќе треба да играат со второпласираниот во лигата. Кад је бал нек је маскенбал
 
Финале играме без Кош, Габри и можно е без Санчез. Одбрана најверојатно ќе бидат Начо, Белерин и Пер, а Холдинг измена. Со ваква одбрана има да не утепаат Челси.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom