Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
90 милиони за Игуаин или истите пари за Џака, Мустафи и Перез?
Што би одбрале?
 
Гризман за 90 милиони :D

Искрено мене некако не ми прави чејф Гризнам. Што знам добар играч е ама не ми изгледа на некој што прави некоја разлика на терен кога на тимот не му оди.
 
Гризман за 90 милиони :D

Абе ОК нека е и Гризман.
Проблемот е што Гризман неможе да игра дефанзивец коа ќе треба, ДМ коа ќе треба и напаѓач коа ќе треба? :D

Мислам ја сфаќате поентата, толку пари имавме за трошење, да не се повредеа Пер и Габриел немаше да го купиме Мустафи и ќе се земеше некој напаѓач од 50тина милиони.

А ако се вратиме уште малце поназад, да го земевме Варди па ич немаше да бараме друг напаѓач.
Венгер сакаше брз играч, затоа го бараше Варди, па и Лаказет и на крај се одлучи за Перез.

У секој случај, не е идеално ама е подобро отколку да останевме со Чемберс и Саного.
И немора да даде Жиру 30 гола за да земеме титула, лани потфрлија многу играчи од кои се очекуваа голови.

Ете Санчез и Жиру да имаат барем исти сезони како претходната (кога и не беа баш најдобри) и Перез да дополни со сличен учинок како кај Депортиво ќе се осети разлика.

Само нека ни останат сите здрави, да немаме повреди на клучните играчи.
 
90 милиони за Игуаин или истите пари за Џака, Мустафи и Перез?
Што би одбрале?
Ја би избрал Лаказет и Џака, зошто Холдинг се покажа уште на првата утакмица против МЛС старс дека е океј за покривање.
Лаказет ќе ни беше апгрејд од Жиру, вака со овој Перез со 17 дадени гола (ваљда тука негде е и Жиру со статистикава) не добиваме апгрејд во нападот.
 
Се сложувам, купивме две клучни играчи кои треба да бидат костур на тимот за наредните неколку години, Мустафи и Џака, а Перез јасно е дека не е првиот избор но е солидно решение, подобро да го обновиме костурот на тимот отколку 90 мил. за Игуан, но ни треба еден екстра играч во нападот како Гирзман (или нешто слично), ни треба повторно име од светски калибар на таа позиција, не може нападот на Арсенал да го водат Жиру, па и Перез, не дека се лоши играчи, но Арсенал бил клуб со страшни шпицови од калибарот на Рајт, Анелка, Анри па и онаа гнидата РВП морам да го ставам таквите, реномето и историјата на Арсенал бараат квалитетно име да го предводи нападот.
 
90 милиони за Игуаин или истите пари за Џака, Мустафи и Перез?
Што би одбрале?
Пак размислува долгорочно стариот. Мустафи и Џака не викам дека не се добри но по 23-24 години се и сеуште се недокажани играчи на највисоко ниво. Перез може да биде одлично засилување, ако кликне со Озил може да отиде на 20+ ама сепак се работи за просек може и да не даде повеќе од 10 гола.
Според мене најдобро беше да се земе еден од Игуаин, Марез или Гризман. Играч што може и сам да ја изгура екипата до титула, и со остатокот од трансфер буџетот да се пополнеа дупките во составот. На пример ако се земеше Игуаин за 76 милиони за 12 милиони можеше да се земе Вилијамс од Свонси, на ДМ ги имаме Кок и Елнени.
 
Реално неаме ништо полош тим од било кој од останатите конкуренти. Проблемот е стандардно исти. Повредите и „тактичката генијалност“ на Венгер. Башка што секогаш касно купуваме играчи, па дур се вклопат веќе сме изгубиле доста бодови.

Можеби во напад не сме најсјајни ама затоа пак за офанзивниот дел од средината слободно може цела лига да подзавиди. А и дефанзивниот полека се средува со Кокелан/ Ел Нени па донекаде и Џака ( + Џек ако некогаш биде здрав ). За голманот нема што да зборуваме, а во одбрана едина константа е Кош. Холдинг ветува, Начо е океј ама ја сеуште очекувам од Гибс да си доживее на потенцијалот. Пер/ Габриел се тука пошто нема друга алтернатива, проблемот го гледам кај Белерин. Се дешава да има пад во форма по 2-3 утакмици ( дали од замор, дали психички ) а проблемот е што нема никој што би го заменил него.

Војо што го праќаме на позајмица е грешка што упорно ја правиме.
 
Се сложувам, купивме две клучни играчи кои треба да бидат костур на тимот за наредните неколку години, Мустафи и Џака, а Перез јасно е дека не е првиот избор но е солидно решение, подобро да го обновиме костурот на тимот отколку 90 мил. за Игуан, но ни треба еден екстра играч во нападот како Гирзман (или нешто слично), ни треба повторно име од светски калибар на таа позиција, не може нападот на Арсенал да го водат Жиру, па и Перез, не дека се лоши играчи, но Арсенал бил клуб со страшни шпицови од калибарот на Рајт, Анелка, Анри па и онаа гнидата РВП морам да го ставам таквите, реномето и историјата на Арсенал бараат квалитетно име да го предводи нападот.

Не дека овие четворица што ги наброја биле квалитетно име кога стигнале во Арсенал.
Сериозно сега:
Анелка кога дојде, имаше 1 гол на 10 настапи во ПСЖ во сениорска конкуренција, Ван Перси имал 15 гола на 65 утакмици во 3 години, за Анри да не збориме во Јуве - 3 гола во нецела сезона (претходно во Монако 20 гола на 105 утакмици. Значи овие станале квалитетни имиња ДОДЕКА играле во Арсенал. Пред тоа биле недокажани играчи. И знам дека овие стигнале во Арсенал како млади играчи, а овој сега видов дека имал 27 години. Не ми беше поентата за горенаведените играчи. Напнавте дека дал лани 17 гола. А ги дал во Депортиво која заврши 15 место и 4 бода од зоната на испаѓање. И дал 18 гола, скоро пола од головите за Депортиво. Е сеа замислете колку би дал во Арсенал со играчи како Алексис и Озил. Може нема да успее во Арсенал, не викам не, ама вие од старт го отпишавте. На крај краева Жиру дојде како најдобар стрелец во Франција и шампион со Монпеље и ете. Не е изгледа тоа што се очекуваше од него. Иако јас лично мислам дека он беше океј играч. А иначе дојде во Арсенал на 26 години. Всушност титулата ја губевме во одбраната. И лани со недостаток на замена за Кокелан. Откако се повреди Кокелан, падна и тимот. Во напад бевме солидни.
 
Венгер секако нема да си замине пред наредното лето, така да што останува освен да се подржи тимот и менаџерот во новата сезона, за понатаму и за негово останување ќе видиме, и јас не сум за автоматско продолжување на неговиот договор, треба добро да се размисли, а ја мислам дека и он веќе има дилеми дали да стави крај на менаџерскта кариера.
Бојкот за некаков отчет од управата или Венгер требаше да има лани после испаѓањето од трката за титула, ама мене ми стои дека има огромни поделби меѓу фановите на Арсенал и тоа тешко дека ќе се деси, па сега истиот круг пак неосетно пак ќе си го вртат.

Вака паушално немаат зацртано никакви цели и што треба да се очекува па Венгер со пласман у топ 4 ќе си грабне нов договор и ич нема да му чуе. =)
 
Една и единствена цел има моменталниот мнозински акционер на Арсенал а таа е континуирано генерирање на пари. И самиот Кронке има изјавено дека не го купил Арсенал за да освојува титули. Неверувам во приказните за неамбициозноста на Венгер, човекот ги има фрлано во канта медалите за второ место од куп натпреварувањата. Ако треба некаде да се впери прстот тоа е во управата на клубот а не во Венгер. Да, Венгер може да се обвини за дебаклот лани но не и за целокупната неамбициозност на клубот. Според мене бојкот како што викаш ти треба да е спрема управата а не менаџерот. Навивачите имаат моќ да го избркаат Венгер затоа што човекот има репутација во Арсенал и е емотивно врзан за клубот, на следниот менаџер нема да му е гајле за навивачите, се додека си ги исполнува целите од управата (види погоре) и договорот ке му биде продолжуван. Е тек тогаш ке видиме што е неамбициозност.
Кој и да дојде после Венгер ке ја има истата цел која е со што помалку средства да прави што повеќе пари за Кронке но истовремено ке има далеку помалку ингеренции во клубот што значи поголема моќ за бордот составен од членови кои незнаат што е офсајд.
 
Пак размислува долгорочно стариот. Мустафи и Џака не викам дека не се добри но по 23-24 години се и сеуште се недокажани играчи на највисоко ниво. Перез може да биде одлично засилување, ако кликне со Озил може да отиде на 20+ ама сепак се работи за просек може и да не даде повеќе од 10 гола.
Според мене најдобро беше да се земе еден од Игуаин, Марез или Гризман. Играч што може и сам да ја изгура екипата до титула, и со остатокот од трансфер буџетот да се пополнеа дупките во составот. На пример ако се земеше Игуаин за 76 милиони за 12 милиони можеше да се земе Вилијамс од Свонси, на ДМ ги имаме Кок и Елнени.

Види до негде си во право. Ама Кош има 30 години. Мора да има играч што би го заменил.
Стариот ги спрема Мустафи и Холдинг ако се снајдат секако.

Исто јас се сомневам дека Игуаин би ни донел титула, што не ги догура Наполи до титула лани?
Гризман е топ играч, ама исто, Атлетико зависи од тимската игра не од индивидуалецот.
Ете они ви се обичен пример дека не ти требаат преплатени звезди у тим за да бидеш конкурентен.
Играат грд фудбал ама играат тимски.

Би сакал да го видам Гризман во тимот, ама не по цена да не купевме ништо друго преодниов рок ( или не по цена само Вилијамс)

Е сеа, Џака е земен за да биде апгрејд од Артета, (оној Артета што ја држеше цела средина пред 2 години не телето што неможеше да оди лани), и да биде нешто како Елнени и Кок во едно.
Незнам дали ќе успее, ама нити Елнени нити Кок може да го играат тоа што он може да го игра. Кок е премногу слаб со пасовите, Елнени е премногу спор.

Ако Џака успее да се ухода со Ремзи (ако Ремзи се среди у главата) тогаш Озил ќе има ептен слобода напред.

Идеалниот тим сега што го имаме би бил

Чех
Белерин Мустафи Кош Начо
Џака(Кок) - Ремзи(Санти)
Перез(Тео) - Озил - Алексис(Ивоби)
Жиру(Алексис)

Како што пишав ако Ремзи и Џака како тандем во средината се уходаат Озил ќе има над 25 асистенции сезонава.

Овој тим е и те како конкурентен. Е сеа проблем е што до ноември барем тројца од овие ќе бидат аут по некој месец :D[DOUBLEPOST=1472483441][/DOUBLEPOST]
Ја би избрал Лаказет и Џака, зошто Холдинг се покажа уште на првата утакмица против МЛС старс дека е океј за покривање.
Лаказет ќе ни беше апгрејд од Жиру, вака со овој Перез со 17 дадени гола (ваљда тука негде е и Жиру со статистикава) не добиваме апгрејд во нападот.

Ама немора да е апгрејд на Жиру, нека е апгрејд на Тео кој играше десно и кој имаше само 5 гола.
Замисли лани Тео да имаше 17 гола и 10 аситснеции.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom