Според мене тотално погрешна статија. Истиве пари Венгер ги имаше у последниве 2-3 сезони, па не трошеше вака како оваа. Пример еве лани потроши 10 милиони за Чех летото и после уште 7-8 за Елнени во зимото, а ипак имаше 100+ милиони.
Разликата од лани и оваа сезона е што лани немаше толкав притисок. Да, имаше навивачи што беа незадоволни од него ама пак преовладуваше позитивно мислење за него и за тоа како го води клубот. Му помагаше тоа што станавме рекордери во ФА Купот.
Ама разликата од лани е тоа што лани имавме катастрофа, значи катастрофа у секоја смисла на зборот.
Знам дека и тука у фан клубов има луѓе шо уште го бранат и пробуваат да покажат дека ланската сезона не била до толку лоша, ама и самите не знам дали веруваат во тоа.
Гневот кај навивачите е огромен, не за џабе и којзнае колку транспаренти имаше на утакмиците со Венгер аут или со спенд спенд спенд.
Ете тоа е разликата и зошто сеа троши, зошто пробува да се извади од гомната и да си отиде како менаџер кој го бие добар глас.