Не се залажувајте, Мората не е напаѓач од кого може да очекувате 30+ голови во сезоната. Како прво барем сеуште ја нема достигнато константноста за да постигнува погодоци регуларно, week in, week out. Како второ пак негов најголем квалитет не се головите. Тој е многу повеќе тимски играч, има брз стартен чекор, знае да игра еден на еден, често пати се извлекува на крило од каде што создава доста проблеми. Мората многу често кај нас знае да биде најдобар играч на теренот без воопшто гол да постигне, а пак од друга страна имаше мечеви каде што ќе даде гол ама ќе изигра лошо.
Сепак има простор за напредок само според мене од она што досега сум го видел не може да биде главен напаѓач некаде. Карактерот му е лабилен многу, па имаше муабет дека со женската се скарал пред неколку месеци, па тоа му влијаеше и врз игрите. Друга работа што ја има негативна е тоа што прелесно паѓа во дуели, кога апсолутно нема никаква потреба за тоа.
Во секој случај статистиката за него на прв поглед лаже, бидејќи можеби пола од настапите (ако не и повеќе) во Јуве му се од клупа после 70та минута. Исто така и кога стартуваше многу ретко завршуваше меч, бидејќи Алегри напаѓачите многу ги ротира и сите добиваат шанса. Лани тоа го правеше со Љоренте, сезонава со Манџукич, Заза, па дури и Дибала.
Како и да е ако дојде кај вас се надевам дека ќе ви се погоди и ќе му донесе нешто ново на тимот.