Канон дај не ме јеби...
Лигата била добра со Лестер кој лани едвај опстанок обезбеди, а сега е прво место.
Тотенхем на кои максимумот секогаш им бил играње ЛШ, сега се второ место.
Челзи скоро па да се бори за опстанок.
Јунајтед губи од Митјиланд.
Ај Ливеррпул и онака е катастрофа подолго време.
Едино Сити шо се држи некако.
Губиме од Вест Хем и од факинг Саутемптон, втората со Саутемптон на Емирати гол не можевме да дадеме. Лестер со 10 играчи ни се држеше 30 минути и едвај се спасивме во 95та минута.
Немој жити младоста да ми кажеш дека тоа шо нема да освоиме титула ќе биде ради судиите и распоредот.
Смешно е...
Значи многу површно гледате на работите.
Лигата што е смешки е смешки, ама само од еден аспект а тоа е звучноста на тимовите што се на првите 4-5 позиции. Нормално ако си ги спомнел лани Лестер и Тотенхем како борци за титула сите ќе ти се смееле но тоа е само заради тоа што нивните имиња во фудбалски свет се непознати.
Но ако погледаме статистички само, а да не гледаме по имиња кој бил на кое место ќе видиме:
во сезноа 14/15 првиот после 26 кола имал 60 поени , вториот 55 третиот 48 четвртиот 47
во сезона 13/14 првиот после 26 кола имал 60 поени , вториот 59 третиот 57 четвртиот 53
во сезона 10/11 првиот после 26 кола имал 57 поени вториот 53 третиот 49 четвртиот 47
оваа сезона Лестер има после 26 кола 53, вториот и третиот по 51 и четвртиот 47.
Значи поените се тие кои ги освојувале тимовите по 26 кола (нормално +/- 5-6 поени), само имињата на тимовите се различни, но тоа не ги прави послаби тимови од тие што биле во топ 4 екипи пред 2-3 год. (намерно погоре изоставив неколку сезони каде шампионот се знаел уште во Февруари кој ќе биде).
И да истиот тој Лестер кој го споменуваш тепаше кај Сити само недела дена порано, и има еден куп добри резултати извадено кај условно појаки тимови.
Значи нив никој не може конзистентноста да им ја негира (а токму таа е показател за колку еден тим е квалитетен). Мислам имаше една статистика за календарска 2015 година кој има најмногу освоено бодови, и прв беше Арсенал, а втор или трет беше Лестер.
Значи гледајте малку подлабоко пред да дадете некоја оценка, иако колку и да ви изгледа тоа чудно од страна сепак бројките не лажат.
И не викам дека заради судии може да не освоиме титула, туку давам само еден пример како и тие имаат свое влијание врз трката (каде посебно во ваква блиска трка на крај една или две судиски одлуки во твоја корист или не може да бидат од голема важност).
А за распоредот не сум кажал ја, Венгер го има изјавено тоа многу одамна, и е сосема логично. Сигурно на пример ако ти гостуваш на 5 екипи кои се во првите 8 на табела, а твојот конкурент гостува на да речеме, 2 такви екипи во последните 10 кола, тоа нема ли да биде предност за него ???