Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Бооооооооооа добар филинг , конечно еден викенд да не служи среќата.
Денес најдобри ,Начо, Жиру, Озил, Алексис колку не му беше денот тоа е чудо,Чемберс исто добро ко замени Кош, се надевам ништо сериозно.
Како бе неаме играш што може да брца голче од дистанца, ми се стемнува кога вртиме сучиме од страните....
Нека се множат победиве и ајде сега мушки до крај!!!!
 
Одамна нешто толку не ме израдувало, мајка ми ми го бара изгубениот глас аххахахахах
 
Алексис мора под итно да ја врати формата, најпотребен ќе биде во овие последни месеци од сезоната.

Се на се, добро испадна, пред пеналот беве рамноправни, Ремзи изигра одлично во средината, шутот од друга страна му е ептен изместен.
После црвениот јасно беше како ќе тече утакмицата, удривме со сите сили, многу промашувња, неизградени шутови и фантастични одбрани, се одеше кон едно разочарувачко реми, арно ама.. ;)

Озил се извади за лошата игра на крај, тоа се тие асистенции.
 
Санчез копито,ме утепа цела утакмица.
Венгер со мадиња ко Земјава. Мајсториште :cuc:

Да се молиме со Кошелни да не е ништо посериозно.Без него не гледаме титула.
 
Ко детенце мало сум се радувал аоооооооо Дани ми го направи денот топ срценце злато највише се радувам тој што ја реши душава ми се наполни никад олку не ме израдувале Дани мора да игра сеа прв тим после ова и мислам Алексис не треба да игра во ФА нека одмори малце не е во форма. Босшиелни не смее да биде повреден најважен играч во одбрана ни е. Инаце дефинитивно Англија има најслаби судии во светот!
 
https://www.facebook.com/ArsenalTSN/videos/1127127003978540/

Она шо го приметив дека Озил се моли пред да го изведе слободниот :D

Иначе за мене денес најдобар беше Ремзи. Ете ако до сеа не ја контролирал средината, денес пиле не можеше да прелета шо се вика. Имаше добри и точни пасови, само да го поправи шутот/реализацијата.
Алексис катастрофа, го тупи пак со дриблање, башка уште се одбива како топче на флипери од противничките одбрамбени...
Жиру колку сака нека се трудел за мене денес не беше добар. Волкот беше каде каде подобар од него, башка Волкот конечно го видов да игра со желба и жар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom