Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Да не се лажеме дека Жиру е добар напаѓач. Каква конкуренција какви бакрачи, таква желка и три конкуренти да има џабе ќе биде.

А кој одличен финиш треба да го коментираме на Жиру, тој со глава или тој со нога? Тој со нога беше ептен јак финиш нема што, штета што грешка голман си го обра од неговиот финиш.
 
Жиру е секогаш на тапет. Алексис кога игра лошо секогаш наоѓате оправудвања (со исклучок на 2-3ца тука), Џек кога играше лошо не бил опраен од повреда незнам што.

Ама затоа Жиру еден слаб натпревар и одма е дрво, дај да го продаваме бла бла.

Иста беше ситуацијата со Ремзи пред 2-3 години, со Озил лани.

Жиру е дежурниот кривец во тимот и сега и лани, и се гледаат секогаш само лошите партии, дури и кога пола од тимот одиграл полошо од Жиру пак е он главниот кривец.

Да, не е Анри нити Суарез нити Агуеро ама не е ни толку лош колку што се прави тука.
 
Кога си го видел Жиру да направи акција? Кога си го видел Жиру да организира нешто? Прво нешто е дека брзината му е катастрофа, подавањата не знам колку му е процентот ама сигурно утнува во критични ситуации, не ја чита играта на останатите воопшто. Напаѓач кој само чека во 16-ник да му нафрлат топка на глава и нема никаков импакт на терен не може да го наречеш добар. Класа бил, ебате класата кога цела утакмица е ко да играш со црвен.
 
Кога си го видел Жиру да одбрани пенал? Бог да чува, све ќе кажете само за да го искритикувате Жиру. Основни функции на играчите не знаете. Жиру требал да организира акции..
 
Напаѓач кој што сам може да креира шанса, да издрибла 10 души и да даде сам гол е напаѓач од калиброт на Суарез, Агуеро, Меси. Единствениот таков играч што ми текнува да направил трансфер од тој калибар напаѓачи е Суарез за кој Венгер имаше пратено понуда. Јебига понудата беше одбиена, Суарез идната сезона отиде во Барселона. Дали мислите кој и да беше на клупа на Арсенал(дека нормално се покажува прстот накај Венгер за секој пропали трансфер и се што навидум изгледа дека можело да го направи) ќе го убедеше Суарез да дојде во Арсенал место во Барселона? Се уште не сме на тоа ниво да се над даваме со тимови како Барселона, Реал, Јунајтед и ФК Нафта. Ама им се доближуваме и за 5-6 години ќе бидеме на тоа ниво кога ќе има некои нови клинци, Венгер натака води. Бар јас така мислам.

Он топик за Жиру;
Не знам што сакате од човекот, на напаѓач целта му е да дава голови. Јас како што гледам Жиру стрела на секој втор натпревар, а врши и ненормален опсег на други задачи. Вие барате flashy-youtube напаѓач што ќе издрибла 10 играчи и ќе даде гол. Еден таков гол се важи како еден гол на Жиру со глава рецимо или во мешаница што ќе го даде, не е 10, а тоа дека некој напаѓач постигнува 20+ такви гола мало морген. Тоа само меси можда. Дали Жиру може боље, кратко и јасно може и играл подобро ама секогаш има Room for improvment, и се додека нема нешто што вреди да се купи или „ризикува“ за мене Жиру е доволно добар.
 
Кога си го видел Жиру да одбрани пенал? Бог да чува, све ќе кажете само за да го искритикувате Жиру. Основни функции на играчите не знаете. Жиру требал да организира акции..
хуехуе
Па не секоја акција да ја организира туку да има некоја улога повеќе од изигравање кактус. Може на пример да се избори за топка на средина и да направи акција, може на пример да направи некој пас до крилата и да влезе напред. Наместо тоа Жиру изиграва кактус и вие го браните. Венгер повеќе километража прави од Жиру.
 
Не е класа напаѓач, и точка. Ван Перси беше Меси за него, типот едноставно не е доволно добар за Арсенал.
 
Ќе го споредуваме РвП со Жиру. Дај да ги споредуваме Виера и Вилшер, и овие двајца во средина играа. Не ја имаа истата задача ама во средина играа.

Башка реално РвП ни даде можда 2 добри сезони, остатокот беше крпење. Џабе му беше целиот талент кога 2/3 од времето беше повреден.
 
Жиру кога ќе престане да се концетрира на тоа каква реакција ќе направи после даден гол или усрана акција, тогаш ќе покаже што знае.
Никаква идеја нема за напред, денес и она што најдобро го прави, градењето на топка му беше тиња.... Нем и е да плукам по Жиру, јас верувам во него, али на моменти ми иде да му влезам преку монитор и да му ја разбушавам фризурата ебате манекенот. Автоголот му беше катастрофа, верувам дека 99 % од форумови во иста ситуација би ја исфрлиле топката со десна, едноставно природна реакција ти е тоа.....
 
Жиру кога ќе престане да се концетрира на тоа каква реакција ќе направи после даден гол или усрана акција, тогаш ќе покаже што знае.
Никаква идеја нема за напред, денес и она што најдобро го прави, градењето на топка му беше тиња.... Нем и е да плукам по Жиру, јас верувам во него, али на моменти ми иде да му влезам преку монитор и да му ја разбушавам фризурата ебате манекенот. Автоголот му беше катастрофа, верувам дека 99 % од форумови во иста ситуација би ја исфрлиле топката со десна, едноставно природна реакција ти е тоа.....
не е природна реакција ако си левак
 
хуехуе
Па не секоја акција да ја организира туку да има некоја улога повеќе од изигравање кактус. Може на пример да се избори за топка на средина и да направи акција, може на пример да направи некој пас до крилата и да влезе напред. Наместо тоа Жиру изиграва кактус и вие го браните. Венгер повеќе километража прави од Жиру.

Се може да се каже за Жиру, па ајде нека е и дека не организира акции, али да кажеш дека Жиру не се бори за топка, стварно е греота. Па дури и кога цел тим се однесува како на плажа, Жиру постојано е во борба со противниците.
 
Се може да се каже за Жиру, па ајде нека е и дека не организира акции, али да кажеш дека Жиру не се бори за топка, стварно е греота. Па дури и кога цел тим се однесува како на плажа, Жиру постојано е во борба со противниците.
Која борба жити мајка ја прави Жиру? Одвај трча по теренот не па за топка да се бори. Знае чат-пат да загради некој дефанзивец ама Жиру да се избори сам и да освои некоја топка од противниците, тоа само ако по грешка топката стигне до него.
Некој горе спомна Санчез кога бил лош никој не го критикувал. Санчез и кога е лош се бори и се труди да даде некој допринос. Кога имало утакмица каде Санчез бил кактус и чекал топките да стигнат до него? Кога Санчез се влечел по теренот или му било побитно дали кога ќе шутне позата ќе му биде за на насловна? Жиру понекогаш е поарно да има црвен отколку да е на терен.
 
Тоа е до таа тактичка поставеност што ја има Венгер. Жиру во глобала го игра поназад. Безброј пати го глеам да се враќа назад. Не до почеток на шеснаестник или до средина како некои напаѓачи, него баш назад. Е сеа тоа што нема брзина, при контра напад прави да биди поприлично некорисен за напад, освен ако некој не го искористи за пренос на игра. Што прави тоа? Им овозможува место на крилата ( Озил/ Волкот/ Санчез ). Играчи што се и по агилни и по брзи од него, што и ти треба за контра напад.

Кога и да се гради напад, обавезно имаш еден бек што го маркира цело време и уште еден на некои 2-3 метра од него. Ако не сте заприметилие, често остануваме со играч или 2 вишак во напад, и тоа најчесто лево крило, или Ремзи/ Казорла. Зошто ? Жиру обавезно игра малку повисоко со тоа што повлекува 2ца на него, што ја поместува целата одбрана за неколку метра, што им дава простор на останативе за вкрстување/ кренати/ влезови.

Пред гол пак е, стабилен. Точно. Често знае да промарши 100% шанса. Ама, пример Жиру има ненормални подобрувања од сезона во сезона. Од позиционирање, од асистенции, од игра со нога наместо само со глава како прва сезона. Зошто? Пошто се бори човекот.

Во идеална ситуација би требало да игра со уште еден до него во напад. Дали некој како Волкот или Озил небитно. Некој што може да повлече игра, да направи акција, или пак некој што може да добие топка и да експлодира со брзина напред што ќе му ослободи простор и Жиру ќе биде регуларен голгетер секое коло. Арно ама, играчите што ги иаме ( поточно неаме во средина *hint Кокелан ), прават да е таква тактичката поставеност да Жиру е единствен напаѓач, а во исто време да игра Anchor Man наместо Target Man, па да гледа повеќе на висок % удар, што не мора да е негов. Затоа најчесто е вклучен во акција што водела кон гол отколку самиот да го дал голот.

Реално, не би го сменил ни за Коста од ланска сезона.
 
12299122_1079113725434608_2633607473729008487_n.jpg

Мартинез кај е ? Најверојатно он ќе ни е втор голман од Јануари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom