Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Честито да му е на Санти, колку е паднат во формата тоа е нешто неверојатно... Од лошиот старт пред 2 сезони па се до префрлањето во класичен средњак овие 3 партии му се најслабите. Никаде го немаше да повлечит од своја половина(нешто шо го праеше маестрално минатата сезона), додавањата мизерни, шутевите уште помизерни... морат да го седнит на клупа, дали се работит за некаков замор, дали си имат некои проблеми во глата ...додека не ги решит тие проблеми нека е на клупа!

Истото ова важит и за Санчез, нека влегвит од клупа додека пополека не си ја вратит формата. Го направи Клајн како Забалета да е ебате...

Иначе најпријатно изненаден сум од Габриел и Озил(на Кок веќе се навикнав дека е ѕвер а Чех беше стариот Чех). Од Габриел затоа што изигра за двајца штопери(пошо Чејмберс направи повеќе штета од колку корист), а од Озил затоа шо покрај целата средина полна со креативци организацијата на скоро сите напади падна на негови плеќи.
 
Абе другaри ние изглеa рaзлични утaкмици сме глеaле вечервa...
Кaкo бе мoжете дa кaжете декa Белерин игрaл лoшo ?!
Пa Белерин скoрo целo првo пoлувреме игрaше и бек и центрaлен, 100 пaти интервенирaше местo Чејмберс, беше причинaтa зoштo не примивме гoл дo кaј 40тa минутa и вие викaте лoш бил...

И Гaбриел aј се пoдoбри тaму oд кaј 30-40 минутa aмa дo 30тa беше кaтaстрoфa невиденa. Секaкo беше пoдoбaр oд Чејмберс aмa пaк беше лoш. Oвa пaк збoрaм дo кaј 30тa минутa пoсле тoa дoбaр беше.

Кoј му кур бизнис нa Сaнчез сo држење нa тoпкaтa целa утaкмицa?
Пa пoбрзo oслoбoди се oд тoпкa, a не дa се вртиш у круг и нa крaј дa јa зaебеш рaбoтaтa. Амa пa дoбрo е кaј негo шo oткaкo ќе јa изгуби тoпкaтa речиси секoгaш ќе си јa пoпрaви грешкaтa пa немa oпaснoст oд кoнтри.

Теo реткo се снaoѓa дoбрo кaкo цф и местo упoрнo дa игрa цф (бaр тие ретки пaти кoгa влaгa oд клупa) некa си игрa пoлушпиц.

И нa крaј пaк ќе кaжaм, злaтен Oкс нaс ни седи дo 80тa нa клупa...

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
За стандардите за кои не навикна досега со играта во напад, вчера беше лош. Ете дали се сеќаваш на еден продор или некој конкретен пас што вчера Белерин го направи? неодлучен беше цело време и ни напред ни назад, почесто беше премногу назад со што десната страна беше комплетно празна.
За играта во одбрана можи да се сложам до негде, зато шо потезите на Кутињо влегуваја во очи и сите добија впечаток дека којзнае колку е загубен во одбранбените задачи.
 
Доста грешки направи Белерин, ама и доста интервенции имаше, цело време беше оставан сам, нели Ремзи игра крило оти е подобар во дефанзива, ама кога и да игра крило никаква подршка не му дава на Белерин, дури и во напад оди централно, а вчера дури и кај Санчез беше, цела десна страна Белерин сам ја држеше.
Да се вратам кај Белерин, вчера не знаеше дали да го чува Кутињо дали да трча по Бентеке, од Ремзи никаква помош, а од Чемберс само повеќе работа имаше да му ги корегира грешките, шо да прави човекот, не е супермен за 3ца да игра.
Друга работа, Ливепул на лев бек имаа неискусен играч кој до лани играше во Чемпионшип, на место Венгер да го стави Чамбо или Волкот да го искористи неискуството на Џо Гомез, он го игра Ремзи, 80 мин Гомез воопшто не беше тестиран, дури кога Чамбо му го испи мозокот на два пати и ни даде до знаење што можеше да биде ако во тек на утакмицата повеќе напаѓавме од таа страна.

Не знам кој кур му е на Венгер со формацијава и трансфериве, арно Невил кажа дека премногу е арогантен и тврдоглав, дури и Тити си поќуте.Цело лето еден играч да не купиш, ај разбирам кохезија, хемија во екипата е добра работа, ама ако предходната година си ја изгубил титулата за влакно и си стасал барем до полуфинале од ЛШ, а не 3 години да се бориш за 4то место и ФА куп, тогаш џабе ти е хемија, за да направиш исчекор од борба за 3/4 место до борба за титула ти требаа апгерјд на играчите.
 
Пошто ти имаш поголема експертиза од еден од најдобрите аналитичари во Англија, па можеш да судиш дали е глупа или не.
 
На Невил муабетот му беше дека Кокелин - Казорла пивотот не е доволно силен за да ни донесе титула, една од поглупите анализи му беше тоа.
Епа за разлика од Матич-Фабрегас / Шнајдерлин - Швајни / Фернандињо - Туре ... стварно не е.
 
Проблемот во нашиот тим вчера беше тоа што средниот ред неможеше да си дозволи да се опушти бидејки овие назад беа дрва на дрвата.
Нека се врати некој од Пер или Кош што е можно побрзо, за да игра на местото на Чејмберс.
Малиов може ќе го биде за штопер само прво треба на лесни утакмици да се пушта со поискусен дефанзивец.

Белерин не го плукајте човекот оти покриваше грешки на Ремзи на Чејмберс после тоа на Ох.
Напред може не изигра ништо ама па и Казорла и Озил цело време на страната на Монреал си играа едно време преку ... ми дојдоа.

Казорла многу е паднат и правеше многу грешки и тој треба малце да се одмори.

Волкот човече за што те плаќаат 140К неделно, цреп, он влезе и една акција не можеа да врзат. Наредна утакмица сакам Ох на местото на Ремзи. Овој веќе почна многу да напнува а и само се плетка кај што не му е местото.

Санчез-овој ме разочара ептен не е во форма, ама мислам дека и веќе го научија. Треба малце повеќе да ги мењаваат страните и да си смислат нови акции. Тие што им беа вооиграни гледам веке се полесно и полесно им ги читаат.

Наредна со Њукасал,ако се вратат Пер и Кош гарант ја добиваме.
 
За стандардите за кои не навикна досега со играта во напад, вчера беше лош. Ете дали се сеќаваш на еден продор или некој конкретен пас што вчера Белерин го направи? неодлучен беше цело време и ни напред ни назад, почесто беше премногу назад со што десната страна беше комплетно празна.
За играта во одбрана можи да се сложам до негде, зато шо потезите на Кутињо влегуваја во очи и сите добија впечаток дека којзнае колку е загубен во одбранбените задачи.
Да, мислам дека имаше една ситуација у првите 15тина минути од утакмицата кај што Белерин успеа да добие мислам дуел и му подаде добра топка на Озил или Ремзи или нешто така беше.
А иначе Белерин не е Роналдо да дава по 1 гол на утакмица па сеа да речеме „еј вчера ништо не напраи, не е на негови стандарди“. Првите пола саат трчаше цело време напред назад, спаси неколку ситуации, играше и стопер и бек и глупо е да се каже дека Белерин ни бил еден од најлошите играчи вчера. Не само што е глупо туку и срамота е. Негова кривица беше што во прво полувреме не примивме гол.
Е сеа да, шутот на Кутињо беше стварно негова грешка ајде да кажеме така, ама па детето се истури од трчање.

Иначе не знам Венгер шо праи на тренинзите. Или па поубаво кажано не знам Чејмберс шо праи на тренинзите па да има толкава доверба за на ваква тешка утакмица, против вака заебан противник да игра централен.
Лани у почетокот на сезоната мислам дека Дебуши неколку утакмици играше централен. Па подобро он вчера пак да играше на таа позиција место Чејмберс него оној очобол вчера.
Имав големи надежи за Чејмберс после првите неколку утакмици. Пример против Сити у комјунити и после уште неколку у ПЛ изигра маестрално и стварно мислев дека ќе биде човек од него, ама после ова вчера не верувам дека ќе добива некоја голема шанса, бар не дур у тимот ги иаме Кош, Пер и Габриел (мада и Габриел не е на нивото на првиве двајца ама е светлосни години пред Чејмберс). Најдобро Чејмберс на позајмица па за понатаму ќе видиме.
 
Пошто ти имаш поголема експертиза од еден од најдобрите аналитичари во Англија, па можеш да судиш дали е глупа или не.
Затоа што само поголеми аналитичари смеат да судат тоа што аналитичари ќе кажат?
Исто така и само поголеми фудбалери смеат да судат и критикуваат тоа што фудбалери ќе направат? Ај едвај ја чекам твојата следна критика/анализа кон фудбалер.
 
Затоа што само поголеми аналитичари смеат да судат тоа што аналитичари ќе кажат?
Исто така и само поголеми фудбалери смеат да судат и критикуваат тоа што фудбалери ќе направат? Ај едвај ја чекам твојата следна критика/анализа кон фудбалер.

Ова ти е еден од поглупите постови на Кајгана. Евер
 
Ова ти е еден од поглупите постови на Кајгана. Евер
Не знам дали е до мозочна штета или долготрајно следење на Манчестер Јунајтед, или двете, ама нешто многу си се збунил во расудувањето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom