Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Абе што се замарате за Кокорин не знам, сигурно некоја глупост. Ако убаво ја пратите ситуацијата ќе знаете дека до вчера пишуваше дека Кокорин ќе оди во Јунајтед, завчера во Тотенхем, пред завчера во Зенит или ПСЖ. Нема врска ова со Арсенал.
Друга работа. Руни има 49 гола дадено за 3 години, Жиру има 59 гола. Руни одамна веќе не е класичен напаѓач ни по градба, ни по улога, а Манчестер е моментално најбогат клуб на свет чим можел во еден трансфер период да си ги дозволи Меси и Роналдо заедно. Манчестер сепак останува со Руни + Чичарито + Вилсон/Фелаини. Што мислите зошто? И таму Венгер има умешано прсти? Со купување на некој од нивото на Жиру или па нијанса подобар од него, ем нема да освоиме титула (ако не освоиме ни со Жиру), ем ќе имаме фрлено 30тина милиони плус уште еден играч под договор од кој ќе биде потешко да се ослободиме кога/ако се отвори можност за Бензема/Левандовски.
За другата позција, и јас го сакав Шнајдерлин или Криховјак, али ако Венгер смета дека со Кокелин + Артета сме доволно покриени, тогаш океј, и онака не претставува тоа некоја лудост. Ќе беше лудост ако сметаше дека со Артета + Фламини или Кокелин + Фламини сме доволно покриени. Знам дека само 3 кола се поминати, ама гледам дека во другите фан клубови се вртат статистики за ова, па еве и кај нас нешто:
Прегледај го приврзокот 127350
Прегледај го приврзокот 127351
Прегледај го приврзокот 127352
Еднаш веќе кажав, според мене, пристапот во натпреварот ни е катастрофален и тој мора да се поправи. Со ваков пристап и Меси и Роналдо да дојдат, пак ќе имаме киксови. Да влезевме сконцентрирано, со намера уште од прва минута да ги отвориме противниците, уверен сум дека ќе ги добиевме и Вест Хем и Ливерпул. Ама тоа е...
По твое мислење, мислиш дека има виновник (ако има кој е, ако нема оти нема) и дали тоа во иднина може да се смени?