Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Е дури сега Кабаје ќе го земеме на зимо или можеби Калсторм на позајмица.
 
Таман ќе ја вратат формата и одма се повредуваат. АМАН ВЕЌЕ
 
Мурињо има купено вештерки и затоа се повредуваат играчи на Арсенал.
 
Ремзи го почитувам како играч и како човек, скромно типче, а и после онаква повреда се врати и одигра ѕверска сезона лани.
Годинава мислев дека му фали гол два да си ја врати формата од лани, даде во ПЛ против Стоук, фукна 2 против Галатасарај, и тоа каков гол даде, и мислев дека ке му направи kick start на сезоната за него, како да му фалеше самодоверба и мислев дека конечно ја доби со головите, кога ...
 
Дајте нови информации, ова со повредиве веќе не е инфо, туку секојдневие во Арсенал........
 
Глупо и нелогично да се бара виновник во ваква ситуација. Но, тој мора да го има. Мора да има причина за ваквите повреди, предизвикани од нешто. Некого. Не логично е кога конечно мислевме дека ќе имаме 4ка за назад, како шо треба сега пак утре треба да крпиме и тоа против разиграниот Њукасал. Плус на тоа Ремзи аут. Вилшер е аут. Озил и тој, барем како играч да се појави. Ќе немаме играчи за на клупа. Росицки не знам кај се повреди. Само кај нас се повредуваат играчи од на клупа седење. И сега ќе се вратат сите до јануари и тогаш повторно нема да купиме ништо. Никого. Тоа е тоа што ме нервира мене кај Венгер. Ако во даден момент ги имаш сите играчи на располагање, тоа не треба да значи дека не треба да купиш ништо. На Јунајтед баш играчи од на клупа им носеле бодови и титулу во ПЛ. Од Хернадез, Парк, Солскјаер... Немањето на доволен широк ростер на играчи не донесе до позицијата каде што сме.
 
Ремзи 4 недели аут ...

Да не имаш инсајдерски информации случајно?
На пресот Венгер рече дека не знае дали ќе биде спремен за наредната утакмица, никаде не спомна ни 3-4 ни 10 недели
 
Да не имаш инсајдерски информации случајно?
На пресот Венгер рече дека не знае дали ќе биде спремен за наредната утакмица, никаде не спомна ни 3-4 ни 10 недели

Дени Илиев ми е прв братучед. @Ilumious може да потврди.
 
Крпеница утре
Белерин-Мерт-Дебуши-Гибс
Фламини-Санти-Окс
Санчез-Жиру-Велбек
 
Јас би го вратил Фламини на централен дефанзивец, а би му дал предност на ДМФ на некој младинец. Било кој. Кога веќе се експериментира нека се експериментира за иднината. Окс до него. Лани на 5-6 меча покажа дека може да игра низ средината. Санти до нив. Полди лево, Санчез десно. Жиру напред.
 
Еве му шанса на Кокелан да покаже шо знае да се надеваме дека ќе ја искористи максимално
Не верувам утре Подолски да е стартер
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom