Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Абе какво идење дај не заебавјате чисти глупости се вртат низ Твитер и Фејсбук
 
Во случај да си оди тој си го направи неговото.Изгради стадион,склучи договори што го прават тимот финансиски моќен,уживавме во ЛШ гледајќи го напредокот на младите и останавме горди.Барем да остане уште една година,има пари сега клубот за разлика од претходните години кога Венгер беше принудуван да продава клучен играч и да наоѓа ефтина замена.За овој пораз еден Торес ја има вредноста на целиот тим што настапуваше вчера.Играме без Ремзи и Волкот веќе 3 месеци,Озил и Вилшер ќе отсуствуваат долго.Едноставно немаме никаква средина,креативност. :(

Се намачи тогаш. Со лопати, мотики... :D :pos::pos:[DOUBLEPOST=1395615781][/DOUBLEPOST]
Абе какво идење дај не заебавјате чисти глупости се вртат низ Твитер и Фејсбук

Абе си прајме филмој па ти, дур чекаме резултати од X Фактор. :D :D
 
Убаво кажа Дејвид Деин за Венгер, дека тој е жртва на сопствениот успех. (мислам дека сите ја разбирате реченицава :))
 
Најјако ќе биди во тој период да дојди Гвардиола, пример, лупам, и да освој се шо можи да се освој со Арсенал. Прашањето кое се поставува е дали ќе речиме тогаш, дека требаше да дојди порано ? :D

Го погоди тренерот. Моето мислење за овој тренер е многу ниско.Но темата не е Гвардиола и неговите тренерски способности.
Сега,лупаш,арно кажа.Тоа е лупање. :) Нема шанси тоа,но пример еве ако се деси тоа,одговорот е дека не требаше да дојде порано.Зошто ниеден менаџер неможеше да го направи тоа што го направи Венгер во овој сушен период,од 2005 па навака.Доколку мислите дека Венгер не направи ништо после 2005,тогаш извинете ме,ама имате нула фудбалско познавање,без навреда.
 
Си праите филмчиња ако, Венгер не си иде сезонава па што сака нека е.
Тек сега ќе има поише можности и дури ако во наредниве 1-2-3 години не освои ништо е тек тогаш мислам дека сам ќе се повлече.

Неможе веќе да се вадат на стадионот и немање пари и све остало. Сега имаат пари, имаат млад тим и можат да ги задржат играчите се што треба е уште 2-3 одлични играчи и ќе бидеме многу поконкурентни.
 
10150606_632938326755479_1575012949_n.jpg
 
Никој не мисли така, особено јас. Најмногу јас го поддржувам Венгер. Но, ете хипотетички. Или било кој да дојди, не мора Пеп. Нека дојди Клоп или не знам, било кој. И ако одма во првата сезона освои 6 трофеи, јас 100% сум убеден дека ќе ви помини низ главата, што би било ако тој човек (тренер/менаџер) би дошол 3-4 години порано. Мене би ми поминало и би се запрашал. Макар и од радозналост. :D[DOUBLEPOST=1395616771][/DOUBLEPOST]
Си праите филмчиња ако, Венгер не си иде сезонава па што сака нека е.
Тек сега ќе има поише можности и дури ако во наредниве 1-2-3 години не освои ништо е тек тогаш мислам дека сам ќе се повлече.

Неможе веќе да се вадат на стадионот и немање пари и све остало. Сега имаат пари, имаат млад тим и можат да ги задржат играчите се што треба е уште 2-3 одлични играчи и ќе бидеме многу поконкурентни.

Јесте. И јас мислам исто како тебе. Само сакам да го кренат ФА купот, да осети Артета трофеј во рацете. Да знај шо да му кажи на полувреме ко ќе се губи 3-0 и да му даде самодоверба на играчите да се вратат во мечот. Нешто како Џерард пред 10 година во ЛШ со Милан. Мора да освојат трофеј, макар бил и ФА купот, се со една цел.

Кревање на нивото на самодоверба кај самите играчи. Ако го осовоиме ФА куп, автоматски учествуваме во финалето пред почетокот на сезоната, каде играме со шампионот на Англија. И после си влегваме во шема. Само да не изгубиме од Виган сега.
 
Нема да биде успешен,т.е едноставно е.Немаше да ги освои титулите во тој период бидејќи клубот не бил застанет здраво на нозе.
 
Нема да биде успешен,т.е едноставно е.Немаше да ги освои титулите во тој период бидејќи клубот не бил застанет здраво на нозе.

Пак тој, едно та исто. :D :D Ти викам, што кога би било така ? Не ми избегнувај одговори со дипломатија. Оти да бидеме искрени, Порто со никаков тим стигна да биде Европски Шампион, а и Јунајтед со еден онаков тим лани, кој сега се бори за средина на табела.
 
Никој не мисли така, особено јас. Најмногу јас го поддржувам Венгер. Но, ете хипотетички. Или било кој да дојди, не мора Пеп. Нека дојди Клоп или не знам, било кој. И ако одма во првата сезона освои 6 трофеи, јас 100% сум убеден дека ќе ви помини низ главата, што би било ако тој човек (тренер/менаџер) би дошол 3-4 години порано. Мене би ми поминало и би се запрашал. Макар и од радозналост. :D[DOUBLEPOST=1395616771][/DOUBLEPOST]

Јесте. И јас мислам исто како тебе. Само сакам да го кренат ФА купот, да осети Артета трофеј во рацете. Да знај шо да му кажи на полувреме ко ќе се губи 3-0 и да му даде самодоверба на играчите да се вратат во мечот. Нешто како Џерард пред 10 година во ЛШ со Милан. Мора да освојат трофеј, макар бил и ФА купот, се со една цел.

Кревање на нивото на самодоверба кај самите играчи. Ако го осовоиме ФА куп, автоматски учествуваме во финалето пред почетокот на сезоната, каде играме со шампионот на Англија. И после си влегваме во шема. Само да не изгубиме од Виган сега.

На 33 години?

Подобро Вилшир да кажеше.
 
Пак тој, едно та исто. :D :D Ти викам, што кога би било така ? Не ми избегнувај одговори со дипломатија. Оти да бидеме искрени, Порто со никаков тим стигна да биде Европски Шампион, а и Јунајтед со еден онаков тим лани, кој сега се бори за средина на табела.

Ти одговорив бе.Ти нели викаше што би било доколку дошол пред 3-4 години. Ја ти викам тоа и тоа. Нели пошто во првата сезона освои многу. ;)
 
Не спомнав никаде Венгер да се замени, иако сите тука стравувате како да ќе дојде апокалипса ако се случи тоа.

Сите се плашите од промена на Венгер, и како тоа ќе ни се случи потоп, а ги игнорирате фактите веќе неколку години по ред. Јас не би се чудел Венгер да си замине доколку освои ФА куп, а дури и да освои, максимално би му дал уште една сезона доколку не освои трофеј. Човекот е во одминати години, ако досега се нема сменето, тешко дека сега ќе се смени тактички и оперативно.

Викате Венгер не е крив, играат играчите, ама не е така. Ако ја гледавте изјавата после натпреварот ќе видите дека тој ја превзема вината, и сам кажа дека менаџер со толкаво искуство како него не смее да си дозволи такво нешто. Уште пострашно е што ова стана „правило“, а не исклучок. Истото како вчера ни се случи со Ливерпул на гости. Уште од тогаш требаше да се види што е проблемот и да се реагира во големите натпревари. Не притиснаа од старт, ни ги експлоатираа слабостите максимално и брзо стигнуваат до шанса. Гибс како бек отишол во нивни петерец и остава огромен празен простор позади знаејќи дека Подолски нема да покрие. Фламини требаше да стартува, не стартуваше и со Ливерпул. Научи ли нешто од тие порази? Немаме победа против водечките клубови одамна, сите не имаат прочитано и оние со малку поквалитетни состави успешно не затвараат и не победуваат. Против Тотенхем прошлата недела имавме среќа, особено што и тие се ептен боси.

Тројката напред од Жиру, Подолски и Росицки беше спора. Да, немаше друг, ама немаше друг затоа што Венгер не купи никој. Одамна се знаеше дека Волкот и Ремзи ќе ги изгубиме на подолг период, Жиру не е квалитетен број еден напаѓач за во тим како Арсенал, и пак не се реагираше со купување, туку се потпираме на Саного кој е неискусен и тазе опоравен од повреда. Згора на тоа Жиру е префорсиран, кај не го бива и едноставно нема квалитет бидејќи промашува малтене зицери, е многу долго игран и веќе изгорен.

Венгер е тој кој чека последен ден од трансфер период и ни кажува дека немал време и дека било 5 саат, 31ви јануари. Па што правиш цел месец?! Што правиш претходно? Скаути имаме ли? И тоа се случува скоро секој трансфер период. Точно е дека немавме пари, ама имавме пари последните неколку години, ама беше одлучено да не се купуваат играчи. Трансферите на страна, имаме големи давачки за плати кои воопшто не се наивни и се некаде 130-40 милиони годишно. Плати кои доста не ги заслужуваат. И најмногу ме нервира што се чини дека немаме никаква тактика и план Б, човекот тактички делува веќе заостанато со модерните поставувања, а тоа се гледа во сите порази од посериозни клубови во ПЛ и ЛШ. Не може секогаш да ни биде изговор судија или повреди, повреди кои секоја година како часовник ни се повторуваат.

Конечно, Венгер и да замине, нема да биде флоп или да се плука по него. Човекот секогаш ќе остане легенда и најверојатно и нему ќе му се издигне статуа пред стадион. Јас искрено би сакал да го видам и следната сезона, да го стабилизира клубот и да доведе уште некој играч. Озил и други неколку дојдоа само заради Венгер, не можам да претпоставам што ќе се случи ако си замине, може да побараат трансфери и тогаш да не снајде егзодус, иако не ми се верува дека тоа ќе се случи.
 
Го погоди тренерот.
Сите тие работи што ги читаме за Пеп и како се припрема за натпревар, па и за Мурињо, ги правеше Венгер на времето. Веќе се чини тоа не е така. И зошто си толку убеден дека само Венгер можел да го преброди тоа што му се случуваше на Арсенал последниве 7-8 години? Сме немале друг менаџер за да го докаже спровитното.

Пишувам вака за Венгер и можеби ви делувам дека го хејтам и го бркам, ама не е така. Човекот е веројатно причината заради која го следам Арсенал, и го почитувам многу, ама мора да се гледа објективно, а не носталгично.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom