За нешто помалце од три дена играме со Челзи, на гостински терен, на 1000та утакмица на кормилото на Венгер. Е сеа вака, со лимитиран состав не знам колку ќе можеме, но еве мој предлог за то како би изгледал составот за сабота во 13 45.
Шчезни; Сања, Косиелни, Мертесакер, Гибс; Фламини, Артета, Окс, Казорла, Росицки; Жиру.
Не верувам дека Венгер ќе тргни толку офанизвно, со Подолски напред, мада можно е. Партнерството на Фламини со Артета е хорор, знам, но резултат како 0-0 со Челзи ни одговара, особено што недела дена подоцна имаме и меч со Сити, кој би можел да биде директен дуел за прво место. По некоја логика. Оваа година одбраната ни е најсилното оружје и благодарение на неа, тука сме. Во врвот. Челзи буквално годинава се спасуваше дома, со ВБА, а во мечот со Вест Хем извадоа реми, меч кој реално заслужија да го добијат. Митот на непобедливост на Мурињо е веќе долг и можеби, велам можеби е време и тој да прекини. Знам дека ако момците излезат со истата желба и самодоверба како на Лејн, можеме да ги добиеме. Челзи нема некој екстра напаѓач, но го имаат Хазард кој знае да погоди од секаде. Добро е што на таа страна го имаме Сања, кој може да се прави со него. Главната одлика на Челзи е средината, како и кај нас, но ние сме прилично ослабени. Кај нив ќе нема двајца стандардни и клучни играчи со најмногу минути сезонава после Тери, а тоа се Вилијам и Рамирес. Особено вториот им е многу важен, ако неговата улога не е заприметна.
Со цврста средина и со Окс кој ќе помага, можеме да направиме нешто повеќе. Казорла и Росицки ќе рашират на крила, па доколку има потреба ќе влегува и Лукас. Не знам шо се деси со Калстром, го немаше со Тотенхем, а беше најавуван.