Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Значи полека, топка е секако се врти, ништо не е готово, има уште две утакмици до трофејот и далеку од тоа дека ќе бидат лесни, но би било неблагодарно да не признаеме дека сега без Сити во конкуренција не е полесно.
 
Иначе респект за оној Бојс од Виган у одбрана, 34 години имап машала.... Како им изигра :cuc:[DOUBLEPOST=1394390197][/DOUBLEPOST]
zp_09_Arsenal_v_Ev_8327.jpg


Потсеќа на некого :cool:
 
Последно уредено:
Ако не го освоиме ФА Куп-от, нека не потпишува нов договор Венгер.
 
Не е сигурно за Кош, но ќе патува.
Гибс е повреден, Вермален ќе игра лев бек.
 
Значи најстаклените играчи во премиер лига ги имаме.
Диаби цел живот повреден,овој Гибс ако го удриш малце одма се повредува,Волкот од кога е кај нас дали има една цела сезона изиграно без повреда,Вилшер во секој дуел влегува како последен да му е,итн другите да не ги редам.
Толку ли не можеме да најдеме некој добар лекар или некој добар фитнес човек што ке им ги зајача тоа коските и мускулите аман веке :mad:

За утре и да не тепаат нема да ми биде криво,освен ако не се изглупираат како со ливерпул.Баер се јаки сепак се актуелни прваци на европа,да сум на местото на Венгер ке им речам да запанат прво полувреме ако можат да дадат 2 гола арно ако не нека ги вади и одмара за во премиер лига сепак таму според мене имаме повеке шанси:)
 
Ако дадеме ран гол утре, се е можно. Но, ако примиме ран гол е тогаш е тешко. Ако имаат желба и ако имаат самодоверба, можат да направат многу, против кој сака нека е тим на светот. Имаме добар тим за утре, солидна прва постава и џокери од клупа. Ран гол до 25та минута, можат да го сменат текот на мечот и да го однесат во наша полза. Убеден сум во тоа.

Се читаме после мечот. Со среќа ганери.
 
Глупаци стврно му свиркале, а ја имаше асистенцијата за гол на тој натпревар. Тоа само покажува колку влијание имаат расипание англиски новинари што створија фама околу формата на Озил. Само треба тој да не обраќа внимание на тоа и да си ја игра неговата игра.

Да не те чуди ова, за Германија отсекогаш играше дупло појако отколку за Реал, а Германските медиуми нон стоп го критикуваа. Не знам што очекуваа од Озил ама на секоја утакмица им беше меѓу најдобрите. Изгледа ништо не се сменило и после трансферов во Арсенал.
 
Дечки баталете ЛШ сезонава, гледајте да го прекинеме постот за трофеи сезонава, многу ќе значи тоа психолошко олеснување за наредната сезона, која би требало да биде уште подобра од оваа.
 
Уште одамна не ме интересира ЛШ, посебно сега кога иаме голема шанса за фа купот. Ја вечерва би ги пуштил младите како Гнабри, Зелалем, Саного да се истрчаат, а сабота да тепаме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom