Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Сезонава е обратна од минатата. Ако минатата Шчесни, Сања и еве да речеме Жиру и Ремзи играа лошо, сеа е обратно и баш тие шо играа добро минатата сезона како Волкот и Казорла сеа се за никаде...
 
Не знам што толку сте се фатиле за Санти....Има мал пад во формата али до толку па лош не е !!!Волкот повеќе повреден него што играше сезонава така да не мрчете за џабе....
 
Сезонава е обратна од минатата. Ако минатата Шчесни, Сања и еве да речеме Жиру и Ремзи играа лошо, сеа е обратно и баш тие шо играа добро минатата сезона како Волкот и Казорла сеа се за никаде...

Како тоа казорла за никде? Можеби нема статистика како лани ама пак игра како прво повеќе крило и плус многу придонесува во акциите, не дирекно. Ако ништо друго не губи топки и нема прекини во акциите кај него. Волкот не ни играше така да еве само што се врати одма направи асистенција против Кардиф.
 
Прво и најбитно е да замине Бентнер веќе еднаш оти е отров за клубот.

А после може да се земе некој напаѓач, не мора да е нешто, може дури и на позајмица за до лето, оти во јануари тешко ќе продаваат другите клубови квалитетни играчи.
 
Јас кажав да се продолжи договорот на Сања или некоја замена за него и еден во нападот. Мислам дека не е лошо Кембел од олимпијакос да се врати само незнам до кога му е позајмицата. Некој шпиц негледам како опција да е слободен. Средината и одбраната се таман и со замена. Едино исто битен фактор е освен Бентнер и Парк да останат сите.
 
Многу избрзавте со новогодинешните желби бе дечки.
Гледајте декември да го завршиме како први на табелата, а за јануари има кој да му ја мисли. :)
 
Многу избрзавте со новогодинешните желби бе дечки.
Гледајте декември да го завршиме како први на табелата, а за јануари има кој да му ја мисли. :)

Ех исбрзавме не зезај, најпопуларно е за трансфери и желби да се пишува дури некогаш има претстава дека некои повеќе пратат трансфер периодот отколку самото првенството.
 
желби за јануари ? хмм...положени испити, нова кола, не е на одмет и станчево во ск сеа шо го даваат за со фискалниве :D друго, сања договор да продолжи, и арсенал да е на прво место со +15 бода...засилувања тек од наредното лето ;)
 
Ех исбрзавме не зезај, најпопуларно е за трансфери и желби да се пишува дури некогаш има претстава дека некои повеќе пратат трансфер периодот отколку самото првенството.

е затоа си во право, само како ги памтат сите можни играчи кои се поврзуваат со нас па и одма даваат коментари од типот на овој е добар овој е лош , овој вака игра овој така и тоа за сите можни играчи (не само за оние општо познатите) од 16 год па нагоре.
 
Има нова анкета на сајтот - http://www.arsenal-macedonia.mk/

Може ќе потегне дискусија и тука

Inb4
Џенкинсон и Бендтнер се намерно изоставени :)
 
Како тоа казорла за никде? Можеби нема статистика како лани ама пак игра како прво повеќе крило и плус многу придонесува во акциите, не дирекно. Ако ништо друго не губи топки и нема прекини во акциите кај него. Волкот не ни играше така да еве само што се врати одма направи асистенција против Кардиф.

Кај Волкот ме нервираше тоа што кога и да излезе пред гол место во мрежа шутира во голманот, а од Казорла глеам многу лоши пасови..
 
Аман остајте го Казорла. :)

Класа играч, а класата ќе си ја докаже, макар ние збореле.. имаше повреда, сега Озил е тука, се ќе си дојде на место.
 
Има нова анкета на сајтот - http://www.arsenal-macedonia.mk/

Може ќе потегне дискусија и тука

Inb4
Џенкинсон и Бендтнер се намерно изоставени :)


Гласав за Фабијански зошто нема некој удел во досегашните победи, но за тоа е виновник Шчежни кој игра одлично до сега.

Мене друго не ми е јасно и ме изнервира, незнам кој ја гласал анкетава,веројатно некој лајфскор.ком навивачи кој гледаат само стрелци и асистенти при секое водство и победа на Арсенал.
Како може Жиру да има 10 гласови, да биде 4та најслаба алка во тимот? Според мене Жиру сезонава е клучен играч на Арсенал, има висок процент на успешност на дуели во воздух, што е за мене негов најголем квалитет.Голман дегажира, он скока ја прима и пас до најблизок играч, тоа беше научна фантастика за кој било наш напаѓач изминативе неколку години.Да не зборам за прогресот во неговата пас игра на прва и за неговиот удел во дефанзивата при секој противнички прекин.Ако не игра некој утакмица од X причини ќе видиме колку ни фали,веројатно како Артета минатата сезона.
Исто незнам што сте запнале за Санти дека е лош, не е истиот од минатата сезона дека имаме промени во тимот(Озил,Фламини) и созревање на некој играчи(Рамзи,Вилшер) со самото тоа се ствара "борба" за топка и за кој да ја креира играта.Башка игра надвор од позиција и ја нема онаа слобода од минатата сезона.Да не заборавиме исто дека против Ливерпул он ја поттикна победата со одличен гол во првите 20 мин. така да незахвално е да збориме вака за него.

Наредна со Хул,среда, навидум лесна победа но да не ги потценуваме дека сега се полни од самодоверба по победата против Ливерпул.
Жиру и Казорла стрелци, победа за Арсенал со клиншит :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom