Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Една од најдобро изиграните утакмици во последно време, иако од ебаните стримов не видов ниеден од двата гола, одлична дозирана игра, баш како треба нагазување првиот пола саат, после контрола над се, ги направивме Наполи да личат како третолигашка екипа.

Неверојатно изгледа да го гледам тимов ваков, зрачи од самодоверба, само да продолжат така.
 
Немам зборови, маестрална партија.
Не пцујте по Артета и Росицки, до вчера не играа, им треба малце време. Башка до толку лоши и не беа, така да не ви ги разбирам критиките.
Жиру која разлика од ланска сезона, ѕверски топки си смирува ко од шала, градње ово оно, капата доле. Нека учи Николче малце, само ќе профитира пред да си иде од кај нас.
Ремзи, Озил, Фламини, абе нема поединци сите беа топче.
Нека ни е честита победава и нека ни се множат.

п.с. Озил голот (а и пред голот, Жиру смирување пасче, Ремзи пасче ) :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Абе Артета се враќа од повреда и можеби не изигра како што игра но не ни направи кикс. Инаку со Фламини страшно се надополнуваат невидов ниту една дупка во дефанзива (барем во второ од тоа што во прво ништо невидов од стримојте) и Наполи уште 3 дена да играа немаше акција да направат а пак за гол ни на сон неможеа да дадат. Незнам статистика али од второ кога гледав невидов ниту еден шут на наполи кон голот.

И не сите си беа добри но мене во последните натпревари страшно ме импресионира Гибс. Не е многу приметлив но некако игра со страшна самодоверба и е одличен.

На Росицки неможам да му замерам, се враќа од повреда а сите знаеме дека кога е во форма си гази. Како и да е одличен е за клупа и ротации. Јас можеби и порано ќе го извадев Ремзи за да одмори некаде кај 75.

Полека се комплетираме и уште казорла да се врати ќе биде одлично ќе има доволно време за сите да се ротираат за да се намалат повредите.
--- надополнето: 1 октомври 2013 во 22:53 ---
П.С. Немора и на вакви победи да барате “кривци“, не ми е јасно што е поентата да се бара секогаш некој кој е најслаб за да се “плука“ Уживајте во ваквите победи и игри не барајте негативци.
 
812409065.gif



17.gif
 
Многу ми се свигаше играта што ја играа,дадоа 2 гола и после си ја пимплаа топката и ја умртвија играта,нешто што досега не сум го гледал кај нас.
ОЗИЛ :cuc:(y)
 
Не знам дали е до Озил, ама од кога дојде он Арсенал отиде on a whole new level :)
Многу самодоверба има во тимот и ми се свиѓа тоа :)

Жиру за 3 месеци стана играчиште, се гради, опасен прием на топка има и богами тешко му ја зима некој топката коа убаво ќе се загради. Уште повеќе ми се свиѓа што знае да асистира и да изигра дупли пас. Едноставно браво !
 
Единствено нешто што вечерва ме изнервира е што се празни стадионот пред завршеток на мечот, а газеја момциве. Камо ние да може да сме таму......
 
Баш сакам годинава ниту една сериозна повреда да не ве закачи. Мерак ми е да ве глеам, прекрасен фудбал играте. Ме потсеќаат на времето на Виера, Бергкамп, Анри, Пирес. Само нека продолжат така, можете да дојдете до титула годинава.
 
Да можам да го видам Бориз од антена5 да му се изнасмејам во фаца... Пред да почне натпреварот се враќав дома и во кола на радио бориз се јави директно од Лондон. Колку само глупости против арсенал изналупа, вели Наполи изигра против арсенал пред сезоната и ги совлада 2-1, ама го потенцира она као со потсмев и вели иако Игуаин неигра Пандев игра кој има постигнато дури 2 гола еден со лацио и како пандев го дигнал ремзи на филип II, демек го растурил.
Нека му кисне тешко ископлексирано чуече. Само би му рекол дека фудбал во четврток нека гледа денес за него нема фудбал затоа што ќе плаче му ги нема кокошките
 
Единствено нешто што вечерва ме изнервира е што се празни стадионот пред завршеток на мечот, а газеја момциве. Камо ние да може да сме таму......

Паркинг брат, нејќат луѓето да се бутаат со десет илјади други автомобили да искочат од стадион, и ги разбирам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom