Вака сега, откако спласна вчерашната еуфорија можеме со ладни глави да пишуваме.
Озил е неверојатен играч и баш по мерка на Арсенал и по вкусот на Венгер, така да би требало брзо да се прилагоди на нашата игра, е сега прашање е за колку време ќе се прилагоди на ПЛ, но да се надеваме дека тоа ќе биде од првиот ден како што беше со Санти.
Трансфер пазарот е завршен и може да се заклучи дека изигравме половично. Супер зедовме играчи од средниот ред, но со тоа не го решивме проблемот на немање замени во нападот, Саного не го сметам, премногу е млад и нема никакво искуство, плус ни остана и играчот со најголемо его во светот кој сега за сега не ни е од корист.
Да ги имавме здрави Подолски и Окс ова ќе беше добро завршен трансфер период, но со нивните повреди од најмалку 3 месеци сме многу тенки на тие позиции.
Да се молиме и надеваме дека напаѓачката тројка ќе биде цела сезона здрава и фит, па да можеме некако да ја изгураме сезонава.
Плус сите го знаете календарот, има период каде играме едно по друго натпреваи со големите тимови од ПЛ, а сега со излегувањето на распоредот за ЛШ, целиот тој период стана уште потежок и покомплициран.
Дали коцкањето на Венгер да не купи друг шпиц/крило ќе се исплати, - само може да се надеваме, секако Венгер е познат како голем покераш

, така да треба да му веруваме и понатаму
