Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Гледам овие Рединг се во лоша форма, последнит пет утакмици им се пораз. Ако не ги победиме и овие стварно ќе биде голема срамота, а такви срамоти имаше и премногу оваа сезона.
 
Ако го смениме Венгер ништо чудно да го доживееме сценариото на Ливерпул. Досега Венгер не не кутнал под 4то место, да почекаме, имам чувство дека и годинава нема. Некои години порано сма заостанувале зад тоа 4то место и повеќе од колку годинава. Сватете дека бордот е за никаде и нема доволно фудбалско знаење за да назначи вистински наследник.
Сите сме револтирани од резултатите, ама реално и да смениме тренер( нема шанси тоа да се случи, џабе си гаите илузии) нема ништо да освоиме годинава. Да видиме што ќе се случи. Патем освен Волкот не гледам кој од главните алки во тимот би си заминал наредното лето, па еве шанса со стабилизирање на ростерот, уигрување и дотерување на тактиката годинава, подобрување на соработката на релација Венгер-Болд, плус некое засилување зимава или налето сериозно да се оформи тимот. Да бидеме реални тимов има голем потенцијал, а Венгер успевал и од помизерен тим да го извади најдоброто.

In Wenger I trust :)
Ова се што го кажа , СЕ е точно;
но знаеш ли што е тоа што Венгер го прави не компатабилен за овој тим повеќе?
Сите се тука млади, сите се просперитетни, сите видоа што се случи со нивните пријатели/другари и соиграчи преку последниве 3/4 години... и сите знаат како се однесувал Венгер, со што веќе го изгуби оној примат на ПРВ човек во тимот.
Порано се обраќаа со ПРОФЕСОРОТ сите , а сега со ТОЈ.. нема веќе онакво ниво на контрола над силите, веќе сите си гледаат поединечно , а не како до пред 2/3 години кога не споредуваа со сите тимови зашто ние го држевме приматот најдобра фудбалска игра на теренот... најубав фудбал за око.. сега што сме? Најдобар фидер клуб нажалост.
Со самото тоа, играчите веќе не го гледаат Венгер на теренот како строгиот Професор, туку како најдобар пријател и се ценкаат надвор од теренот за паричките неделни со него.
 
До некаде си во право, но не целосно.
Во последниве неколку години гледаме огромен пораст на платите. Парите за трансфери и не се толку клучни како парите за плати. Финансиски во тој поглед сме инфериорни во поглед на кокурентите во ПЛ, зашто е тоа така немам намера повторно да навлагам во таа тематика, сме го правеле тој муабет во повеќе наврати. Е сега не знам што очекувате, како да се однесува Венгер према играчите кои сакаат да зимаат поголеми пари кога тој не е одговорниот за одредување на биланс на плати и слични срања. Сега некој ќе рече да бевме конкурентни и да освојувавме титули тие играчи ќе се согласеа да останат во Арсенал знаејќеи дека ќе можат повеќе да спечалат на друго место. Мижи Асан да ти баам...глупости. Од љубов не се живее :icon_lol:. Која е таа строгост која треба Венгер да ја покаже и да го убеди играчот да е задоволен со таа плата која ја зема?!
Ај некој ќе рече: „ Па можеше барем на ван Перси, Насри да им се понудат повеќе пари да останат!“ Е не можело. Victoria Concordia Crescit-Победата се раѓа од хармонија. Дај му на едниот, ќе побара и другиот и така до недоглед и дури да се свртиш сме го пробиле лимитот за плати.
Поентата во целиов пост ми е да укажам дека парите го вртат светот, а фудбалот не е исклучок. Од време навреме ќе се појави некој Монпеље или Волфзбург, Штутгарт што ќе има once in a life time сезона и ќе освои првенство, па после 2 години ќе го нема ни во горниот дел на табелата. Дури не зајакнеме сериозно финансиски( Баталете тие извештаи за годишниот профит, тој е таков баш поради штедњата на која сме) не можеме да бидеме континуирано конкуренти за врвот по ПЛ. Па дали бил Венгер, Гвардиола, Мурињо на клупата, дали имаме или немаме спартански режим и строгост во екипата исто ни се фаќа. Колку пари толку музика:)
 
Игравме со тим од 66милиони фунти, да имаше строгост во Венгеровите зборови ...додека го слушале играчите, тимчето од 7000 фунти ќе беше ПРЕТОПЕНО.
Тие не се грижат скоро воопшто што им кажува тренерот, со огромно извинување на спојување со овие луѓе не дечките како Вилшер и Окс што даваат 109%, Сања , Џенки, Кошелни, Коквелин , Артета што 100% нај професионално даваат, и секако оној на голот - Шчезни.
Другите сите даваат, според тоа колку им е денот погоден. Ништо повеќе.
Доколку Санти/Жиру/Гибс/Верма би давале 10% повеќе, и Подолски 60% повеќе зашто ништо скоро задниве 3/4 меча не докажува... тимов со малку буст ап од Чичо Професор..би бил незапирлив.
 
Утре ВБА и Кокошките да кикснат и ќе бидеме 4 место со победа против Ридинг :)
 
Другите сите даваат, според тоа колку им е денот погоден. Ништо повеќе.
Доколку Санти/Жиру/Гибс/Верма би давале 10% повеќе, и Подолски 60% повеќе зашто ништо скоро задниве 3/4 меча не докажува... тимов со малку буст ап од Чичо Професор..би бил незапирлив.

На некој начин, да, не даваат се од себе. Ама зошто е тоа така? Затоа што ептен ја имаат загубено самодовербата. Недостатокот од голови им тежи премногу. Затоа се промашуваат зицери како оној на Жервињо. Затоа Подолски промаши шанса која обично не би ја испуштил. Затоа Жиру сакаше да го изведе вториот пенал против ВБА и се кошнаа малце со Артета итн. итн.
Од друга страна, мислам дека сите имаме приметено дека се плашат да превземат ризик. Кога треба да се додаде секогаш се бира опцијата со најмал ризик. Е па така не се создаваат шанси! Многу пати сме приметиле како и Артета( никој го нема искритикувано за ова) покажува со рака кон штоперите за кон нив да се додаде топката а не кон него, не ризикува многу во додавањата, нема продори напред... Разбирам јас дека тој во ваква формација има најмалку право да згреши, али јбг мора со муда малце да се игра. Дури и Сонг со неговото круто движење и послаба техника знаеше да направи по некој продор.
Артета го искритикував за да укажам дека сите потфрлуваат во тимот, кој почесто, кој поретко. Така евентуалните засилувања нема да ја променат многу ситуацијата доколку не се реши проблемот со стравот. Мислам дека и затоа Венгер го извади тој состав против Брадфорд. Обично без размислување ќе ги пуштење во игра младинците, али ги извади најјаките само за да издвојуваат една убедлива победа и да си ја кренат самодовербата. Али за несреќа му се врати од глава.:)
 
805_304369743006078_1859241614_n.jpg
 
Кај ќе се враќа.... и по некоја случајност текстов да е точен има навивачите да го хејтаат на секој натпревар!
Абе можеби навивачите ќе го хејтаат ама јас да сум не би го хејтала и би сакала да се врати назад, имав, имам и ќе имам поштовање спрема Насри ако си замина од Арсенал, повеќе ме болеше што тој си замина одколку РВП.


П.С. го молам бога да е вистина ова ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom