Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ниту сме напреднале, ниту ништо. Дури мислам дека сме и еден чекор назад. Изгубивме двајца клучни, најважните играчи во тимот (Ван Перси и Сонг) и пак, ќе почниме од ново. Ќе го калемиме Подолски, па Коклен и ќе им ги дадеме на Барселона/Јунајтед/Реал... Whatever. Глупаво е да очекуваме да бидеме шампиони или пак да се бориме до последно за титула. Да бидеме реални, поминување на групите во ЛШ и 4то место, и некое полуфинале во куповите, ќе бидат големи како титула за Нас.

Штета. Мислев дека сезонава ќе ги задржиме сите и ќе имаме тим. Но, се излажав. Се е пак по старо. За жал. За голема жал.
 
Ааах таго моја... каде со оваа игра?
Жервињо... еден синџир да му врзи Венгер, пред да поаѓа било каде да го потегне да се загушува на секој грешен потег.
Ремзи- Па човече НЕ ШУТИРАЈ од 50 метри... не си Жунињо :tapp:
Казорла и Артета :love: Ах со Сонг да можеше да се комбинираат... ех тоа ќе беше сон.
Диаби одлично!! Само да не се повредува, најголемо засилување!
Карл и сите вакви ситнурајки од тим... АУТ!

На крај, ќеиф ми беше фацата на Венгер таква тажна црвена и лута... е покажувај се пак ти мачо мен пред играчите и шутни го Сонг... не купувај нови и пуштај го Жервињо во прва... ќе бидеш по среќен :giggle:
 
Ич не ве разбирам.
Плукате по Жервињо, по Казорла нашиот најдобар денеска, а ни збор против дрвото неспособно идиотско камењарско наречено Волкот кој денес беше НУЛА!
 
Штета. Мислев дека сезонава ќе ги задржиме сите и ќе имаме тим. Но, се излажав. Се е пак по старо. За жал. За голема жал.
Чекај бе пријателе, прв натпревар е. Ни фали прав среден дефанзивен, очигледно е тоа. Артета не е тоа, Дијаби па ич. Кацорла ме воодушеви, ѕверотина е дечково. Тоа Жиру што го промаши, сигурен сум во друга ситуација го дава (да не зборам за РВП, ќе пеевме сега 1-0 to the Arsenal), ама ќе се уиграат момците. Мислам дека има потенцијал. Дефанзивно исто така мислам дека изигравме многу дисциплинирано, со минимални уфрлувања и пред се искалкулирани. Фала Боулд! Ајде малку оптимистички, ќе не биде. Видете Ливерпул што ги снајде :pos:. Агер нема да игра со нас (црвен).

П.С. Чао Сонг!
 
Жервињо и не беше толку лош, имаше многу послаби од него денес. Волкот на пример, сеа сезонава кога ќе му го нема РвП да чита кај ќе му оди идиотскиот пас, 2 асистенции нема да направи.
Ај ќе оставиме некое време, можеби треба да помине време да се уигра нападот малце.
А, да! Жиру не смееше онаа шанса да ја промаши!(n)
 
Ајде има време сеуште можиме до крајот на трансвер периодот да продадиме уште 2ца играчи :vozbud:

Ја би и Волкот. И така и така не потпишува нов договор нека го дадат и ајт у курац, нека почнат со нов тим не со буљаши све
 
Последните денови на панаѓурот има најмногу попуст па навалете народе Арсенал ги продава своите најдобри играчи за малку пари :facepalm: Наредните 7 кола 6 гостувања и пак ке бидеме под 10то место како лани и после мачи се цела сезона :)))
 
Чекај бе пријателе, прв натпревар е. Ни фали прав среден дефанзивен, очигледно е тоа. Артета не е тоа, Дијаби па ич. Кацорла ме воодушеви, ѕверотина е дечково. Тоа Жиру што го промаши, сигурен сум во друга ситуација го дава (да не зборам за РВП, ќе пеевме сега 1-0 to the Arsenal), ама ќе се уиграат момците. Мислам дека има потенцијал. Дефанзивно исто така мислам дека изигравме многу дисциплинирано, со минимални уфрлувања и пред се искалкулирани. Фала Боулд! Ајде малку оптимистички, ќе не биде. Видете Ливерпул што ги снајде :pos:. Агер нема да игра со нас (црвен).

П.С. Чао Сонг!
Прв, втор , трет или четврт натпревар,мање битно, ние испуштивме 2 поени и тоа на домашен...и како тоа само кај нас не се уиграни момците па им треба време, а во другите екипи им се уиграни играчите...е така братче , не се воиграни затоа што ги продаваме играчите на кои минатата сезона се темелела играта,без разлика дали во одбрана дали во напад...и пак се почнувало од ново...
 
Слабо
Голманов имаше неколку добри интервенции,Гибс ме изненади позитивно Џенкинсон не беше лош Стопериве на ниво,Казорла и Артета БРАВО Диаби солиден Крилава ДРВА никаква убоитост особено Волкот Жервињо има дриблинг ама некако споро делуват сето тоа Подолски Слабо (n).Второво не го гледав многу ова шансата на Журу беше добра и имам впечаток дека многу полесно влегува во шанса и повеке отвораше простор за разлика од Подолски.Искрено не сум задоволен ама има време не е се изгубено а и Сандерленд изиграа доста добро дефанзивно и без големи киксови едноставно не ни оставија простор
 
Иначе таман почнав да го симпатишем Сонг во тимов, сме го продале...ајде со среќа нека му е .И штета што веќе во барса не играат Анри и Хлеб,ќе се потсетев на еден Арсенал од пред 5-6 сезони :).
 
Абе венгер бе главо празна! Ај РвП го даде, ама Сонг!?

Полека стануваме просечен тим со погубна трансфер политика! Никој не менува повеќе од 2 фудбалери во трансфер период а ние по 5-6, и после не се уиграни, епа не се!
 
Ех не ја земавме оваа сигурна беше :)....Не озбилно дечки, да не се лажеме али друг ден оваа истава ја зимаме со 3.....
Малце за играчиве, презадоволен од Жервињо, одамна го немам видено во вакво издание. Казорла, мајсторче е шпанчево пу пу да не го уруочам.
За Дијаби ве молам едно групно палење свеќа у црква да го чува здравје.....Ептен мерак ми се напраи да видам што фудбал лежи уште у момаков.
Пер во одбрана малце прво полувреме забушаваше, али сигурно Верма му кажа на полувреме два три збора....
Жиру што не ја прцна чистата шанса ќе му ја простам, ако нареден натпревар брцне пар голчиња....
Подолски мотивиран, али се гледа треба време малце да се уигра....
И ај да не споредуваме сега РвП со Жиру, ако бил ќе ја дадеше бла бла бла.....РвП е минато, а и дека он сигурно ќе ја дадеше, тоа е буљашки муабет.
Криво ми е што не земавме 3 бода, али задоволен бев од прикажаната игра на нашиве. Игравме против тим што се бранеше со 11 цел натпревар и понекад едноставно нејќе да влезе :(.
Момент на натпреварот, кога камерата го покажа Вилшир на трибини, натажен , му се игра фудбал, сака да помогне, дечково ќе не отвори кога ќе се врати ќе видите.

П.С.Сонг чаос, штета за момаков, се надевам на уште едно засилување до крајот на трансфер периодов.

Поз ганери,донт вори ви гот дис
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom