Хахахаха фала за исправката.![]()
Хахах, демек погодив !? Тој/тие вечни се..Имам читано, ако не грешам дека дури од дедо, прадедо се претседатели во Арсенал...
--- надополнето ---
Иначе многу е интересна приказната за управата на Арсенал... Сите се со генерации тука.. После Питер Хил-Вуд кој е три генерации пред него во Арсенал, сопругот на Лејди Нина, Сер Чарлс, бил син на поранешен претседател на Арсенал, Сер Џорџ, од 53та до 76та... Сер Џорџ пак, бил син на Сер Брејсвел, кој бил претседател на Арсенал од 46та до 62ра...
Овој Дени Физман, е најнеинтересен бидејќи нема минато... Работел со накит и бисери, е евреин, и во негово време, кога имал најповеќе акции, Арсенал ги бележи најдобрите резултати, освојувајќи две ПЛ титули, и два ФА купа, особено серијата од 49 меча без пораз.. Исто така, тој го потпиша и договорот за новиот стадион на Арсенал, Ешбортон Гроув, што се смета за најголема инвестиција..
Дедо му на Питер Хил Вуд, Самуел Хил-Вуд, бил во Арсенал, како директор од 29та до 36та, и од 43та до 49та, а пак татко му на Питер, Денис Хил-Вуд, бил во Арсенал од 62ра до 82ра година... Од тогаш веројатно до ден денес, Питер не се сменал во Арсенал...
И последен, Дејвид Дин, на кој мислам му ги должиме сите заслуги за тоа што сме ние денес.. Подпретседател е од 83та до 2007ма година... За овој човек имам високо мислење и многу го ценам...
Ете малце, накратко, шо е управата на Арсенал... Веројатно има љубов кон Арсенал и им сум благодарен на сите овие за се што направиле за Арсенал