Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Имаме шанси да бидеме први на табелата за нова година
утре мора победа со Виган и се враќаме на врвот :)
 
Момци Ман.Утд. нерешено со Бирмингем у гости, поубаво неможеше да испадне, на 3 бода сме позади нив.

Утре одиме на победа! Поздрав ганери!
 
3 бода, но со утрешниот меч и 1 меч повеќе.
А Сити иако победија 4-0 денеска, имаат дури 2 меча повеќе од нас а исто бодови со Јунајтед.
Ајде ќе видиме... ама сепак се зависи од утрешниот дуел!!!
Со среќа топџии!
Сме ги победувале и на тој гнасен терен неколку пати... можеме и утре со игра како против Челзи и без потценување.
ПС: Сумљам дека Цеск ќе игра утре со оглед на малата повреда што ја пројави на мечот со Челзи... ама ќе видиме :)
 
За резервите: Шамак одлична замена, криеше топка градеше и се гледаше дека му беше потребен одмор, Росицки просечно, а Дијаби..... Што да кажам дечкото е многу добар фудбалер но некако како да има некој проблем во главата и на момент ќе му се деси чкрап и ќе направи еден потег повеќе. Штета што не ја реализира шансата....

Сега гледав хајлајтс ... колку само дечково има ист прием на топка како Анри ... дури да се зачудиш да не гледаш некое старо видео :)
 
Со двете болдирани не се согласувам, мом за мене измеѓу Џуру и Сонг ма да ја мислам Џуру, едноставно не му даде на Дрогба да мрдне.
За Дијаби, чекајте малце човекот нема играно сезонава исто ко РВП му требаат натпревари за да се врати во добра натпреварувачка форма а кога е здрав за мене е многу значаен играч, едноставно тешко му се зима топка од тоа долгите нозе :)
Него работата што ме радува е што нашата клупа е можеби и најсилна во ПЛ, моментално без разлика кој седи таму, секој од тие заслужува да игра во први 11, значи не се играчи кои би играле само доколку има повреди (ок може Николче само е труп :P)
За разлика од нас онаа клупа на Челзи вчера беше стварно смешна...

За Дрогба да не мрдни, си допринесоа самите себеси... Едноставно Лампард почнува да ми налкикува на Ники Бат, Есиен е најјак ко ке не е во тимот, истото и за Микел... Малуда се изнадава голови во првите 10 кола, и сега го нема.. Ко ке ги нема нив, тогаш и Дрогба е слаб... Затоа ако веке одлучувате мегу нив, јас би кажал Сонг... Но, Џуру си ја заврши фантастично својата работа.... Реков дека ке ми треба време за да почнам да верувам во него, и полека тргнува во нагорна линија..


Иначе според мене играч на мечот беше Фабрегас... Сите, па и јас, велеа дека се плаши да влези во дуел, но кога во еден напад тргна кон голот, и кога доби 3-4 удари во рок од 20 секунди, едноставно видов дека Фабрегас игра со душа... Толку за него
 
Лани ако добро се секавам водевме 2-0, па веројатно најголемиот пресврт во историјата на Виган и не победија со 3-2, одма после мечот во кој ги загубивме шансите за титула... Предходно имавме солиден резултат со нив, и на JJB и на Емирати...

Веројатно, најголемиот успех на Роберто Мартинез е победата против Венгер... Се надевам дека мотивите нема да недостасуваат утре и за прв пат, во историјата на ПЛ, три екипи да влезат во Новата година со исто бодови...
 
Ајде бидете тие будали утре и не тепајте. Лани ве зафркнаа шо ве зафркнаа, ама ајде можете утре :):)
 
Сите натпревари во јануари, кои верувајте, ги има еден куп..

Почнуваме на 01.01.2011, на Сент Еднрјус, против Бирмингем - ПЛ,
Продолжуваме на 05.01 - со Манчестер Сити, на Емирати - ПЛ,
На 08.01.2011 играме со Лидс Јунајтед на Емирати - ФА куп,
На 12.01.2011 играме со Ипсвич, полуфинале, гости - Карлинг куп,
На 15.01.2011 играме со Вест Хем, гости - ПЛ,
На 18.01.2011 можен реваш со Лидс, на гостински терен, ако заврши нерешено на Емирати - ФА куп,
На 22.01.2011, дома со Виган - ПЛ,
На 25.01.2011, реванш, полуфинале со Ипсвич - Карлинг Куп,
На 29.01.2011, евентуална четврта рунда во ФА куп...


Се на се, пеколен распоред... И погодете, кој е тренер на Ипсвич ? Еден наш познаник, Рој Кин...
 
Лани ако добро се секавам водевме 2-0, па веројатно најголемиот пресврт во историјата на Виган и не победија со 3-2, одма после мечот во кој ги загубивме шансите за титула... Предходно имавме солиден резултат со нив, и на JJB и на Емирати...

Веројатно, најголемиот успех на Роберто Мартинез е победата против Венгер... Се надевам дека мотивите нема да недостасуваат утре и за прв пат, во историјата на ПЛ, три екипи да влезат во Новата година со исто бодови...

Ги загубивме многу порано...поради тоа и изгубивме ;)
 
Чисто на кратко да честитам победата :)),фала богу Венгер ме послуша за Џуру :icon_lol:.
Утре очекувам доста ротации Шамак-Рвп,Тео-Аршавин,Росицки-Цеск(овој секако не игра ),Џеки-Диаби,Џуру-Скилачи.
Мораме да победиме,па да се израмниме во бодови со Јунајтед и да продолжиме да вршиме притисок.
 
Ги загубивме многу порано...поради тоа и изгубивме ;)

Да де да, тогаш беа тие тешки мечеви, предходно со Тотенхем, и затоа и немавме поголеми амбиции и се беше изгубено... Но, тука сме да наплатиме
 
Чисто на кратко да честитам победата :)),фала богу Венгер ме послуша за Џуру :icon_lol:.
Утре очекувам доста ротации Шамак-Рвп,Тео-Аршавин,Росицки-Цеск(овој секако не игра ),Џеки-Диаби,Џуру-Скилачи.
Мораме да победиме,па да се израмниме во бодови со Јунајтед и да продолжиме да вршиме притисок.
Ма која ротација сака, само Волчко сакам повторно во тимот да го видам.
Едноставно Арша играше... 2 ... ужасно мизерно... губевме морал/мотив/живци на терен.
Без неговото мрзливо руско влијание , со тим како Челзи изигравме феноменално атакерски!
Потребно ни е пргаво момче како Волчко или Вела кој со брзината може да се бори до крај со дефанзивците на противникот.
 
Вечер одиме на победа, мора да тепаме да врземе неколку победи по ред....Очекувам сличен состав како и против Челзи....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom