Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Иначе тоа Џуру на секој натпревар ,неверувам дека ќе добра одлука.Му лежат високи играчи ,а во случајов и спори,но сосема друга приказна е со побрз напаѓач кога чува.

Ретко имаме проблеми со брзи играчи, повечето голови ги примаме од физички доминантни играчи :)
А веќе кога зборуваш за брзина, Скилачи не е воопшто побрз од Џуру, Кош да меѓутоа Скилачи не, а и да не заборавиме Џуру не играше една година, ако не се повреди може само да се подобрува а тоа може само доколку игра. Друг ќе биде муабетот кога ќе се врати Вермален тогаш може и да се ротира со тоа што Скилачи нормално ќе биде 4тиот дефанзивец...

Него Вилшир, со каква страст игра детето немам зборови, кога не исфрлија топка поради Фабрегас како му се пушти на судијата браво...
 
Бравоооооо! Конечно победа против Челзи...
Џуру ѕвер невиден, дуел не изгуби и уште еднаш докажа дека треба да е првотимец... сите изиграа супер, Клиши се изглупира еднаш назад изгуби топка али среќа другиве беа на ниво.Заслуживме уште еден гол да дадеме но да не бараме преку леб погача.
Како што каза ptomislav, најважно е сега да не закачиме некоја повреда во следниов период а посебно ван Перси, мн ми е стаклен некако..

Веќе задутре следниот меч со Виган у гости, мислам дека и нема да биде така тешко да победиме зошто Виган оваа година играат доста слабо но сите се сеќаваме минатата година на пресвртот така да не треба да се опуштаат...
Нека ни честито победава.
Поздрав ганери!

Сепак да не се опуштиме против виган затоа што гледам се враќаат во форма. Тепаа на гости, а друго што не ми се свиѓа тоа што теренот им е како нива, а тоа на нас не ни одговара.

Ретко имаме проблеми со брзи играчи, повечето голови ги примаме од физички доминантни играчи :)
А веќе кога зборуваш за брзина, Скилачи не е воопшто побрз од Џуру, Кош да меѓутоа Скилачи не, а и да не заборавиме Џуру не играше една година, ако не се повреди може само да се подобрува а тоа може само доколку игра. Друг ќе биде муабетот кога ќе се врати Вермален тогаш може и да се ротира со тоа што Скилачи нормално ќе биде 4тиот дефанзивец...

Него Вилшир, со каква страст игра детето немам зборови, кога не исфрлија топка поради Фабрегас како му се пушти на судијата браво...

Јас и за против манчестер кажав дека Вилшир има најголеми муда од сите во Арсенал. Како само на Дрогма му одеше без ни малку страв, а има само 18 години.....
 
Прво, и најважно... Голем респект за фановите на Челзи, тука, на мојот фанклуб, кој ни ја честитаа победата.. Ги прочитав сите, и мило ми е што имаме фер и коректен однос...

Второ - Уживајте !
 
И јас сум стварно изненаден од тоа што фановите на Челзи ни ја честитаа победата, па и редно време беше да победиме! :)
лелеј каков ремет денес ќе падне не се ни сами свесни некои мои другарчиња (:
 
article-1342066-0C973F78000005DC-498_634x436.jpg


Моќно!
 
Не знам за тоа, но многу е интересно во соседството... Еве ги најинтересните....


К-А-Т-А-С-Т-Р-О-Ф-А!

Ако не гледаш,би ти препорачал да не уклучуваш стрим во второ полувреме,џабе ќе трошиш лимит.

Официјално стримот го гасам од овој момент.

Браво за Какута, каква само асистенција ќе беше тоа до Самир Насри .. со гради.

Немојте така за Рамирес,уште не е адаптиран.Ќе видите кај Мај месец ко ќе се разигра

Рака на срце кога почнавме првите 5-10 минути, видов убава игра .. но после, не е потребен коментар. (веројатно го гледал мечот Њукасал - Сити, кога гостите изиграа феноменално) :pos2:

6 утакмици без победа во ПЛ. (Мило ми е што им ги правие и тие серии, тогаш со головите на Ван Перси, на ќумезот нивни, турнавме им расипавме некое „рекордче“, па и сега им ја продолживме најлошата серија, после онаа на Вијали, во 2000-та година)


и мојата омилена

Arsenal игра фудбал, a Chelsea само присуствуа на настанот
 
Одсега јас отварам тема за дерби натпревари...очигледно ксмелија сум :)

Честито нека ни е мајчини :)
 
Конечно и ние да земеме нечив скалп. Денес, сите беа ЅВЕРОВИ!!!
 
Браќа Ганери ви реков јас дека редно време е да победиме??? Незнам кој од нашите ме демантира срам да му е...се зезам ај пијан сум утре ќе пишам подетално да се отрезнам нели...:cug:

Леле ке забравев да честитам победата...честито до сите наши на овој фан клуб
 
Гледам гласини за Пер Мертесакер... одличен играч кој би сакал лично да го засили нашиот состав... добро би дошол уште еден таков искусен дефанзивец.
А сега она важното, да си ја честитам победата... Пре заслужена!!!
Имавме толку шанси и можности ... што и 3-1 е мал резултат реално гледано...
Следам во кладилница мечот... и 52 минута 3-0, на еден момак му ѕвони телефонот, Кај си бе? Еве гледам Арсенал , исто ко да гледам Барса- Реал ! xaxa.
 
Многу ми е мило, што ве засмејуваме.... Честито скалпот, убаво да го чувате и да се грижите за него ... :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom