Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Многу ми е смешно што само Арсенал јаде хејт за утакмицава. Ливерпул жива шанса немаа. Ја го кривам артета оти почна со дрвото Мартинели, место Езе. Средината беше таман, еден дуел не земаа Ливерпул а ние бевме релативно поопасни преку Мадуеке, да имавме и лево крило асално со две нозе и глава горе да крева, лесна победа ќе беше.
Автоматски споено мислење:

Ако Арсенал проба пасивно против Ливерупул, на најтешкото гостување, тогаш шо да се каже за Ливерпул? На домашен терен сиротите една шанса немаа

Палас им даде 2 гола на Ливерпул, Бормут 2, Њукасл 2 со играч помалку. Ваљда сфаќаш зошто јаде хејт Артета. Читав дека Арсенал немал 13 години победа на Енфилд во ПЛ. Ако имало период кога ливерпул бил најранлив, сега беше моментот. Тој отиде со цел да не изгуби, и до толку се испаничил што му дозволил на Салиба кој се повредил на загревање, да ја почне утакмицата. Москера изигра сосема коректна утакмица.

Езе во 2-3 потега направи повеќе од Мартинели за 70 минути. Искрено, мислев дека Артета конечно ке им дозволи да играат фудбал, ама ова е за чудење. И на Олд Трафорд ништо не изиграа, и победија со грешка на голманот. Имаат добри играчи да играат напаѓачки фудбал. Затоа и мислам дека го критикуваат.
 
Треба Артета малце да ги ослободи играчите. Партал ќе направат.
Ете пример дека толку треба, еден слободен, еден корнер, една глупост и ќе примиш гол.

Пред две години имавме мал милион победи во 90+. Лани колку? Годинава уште помалку веројатно...

Али ок, ајде да видиме. Јадрото се гради веќе 4 години. Годинава имаме и 2 тима склопено. Нема веќе непокриена позиција, нема изговори за повреди. Нема изговор за пораз на Ст. Џејмс.

Нема изговор генерално...
 
8 нови играчи летово, буквално за секоја позиција има многу озбилна конкуренција. Чекаме мај со освоена ПЛ/ЛШ, како што кажа и членот погоре, нема веќе изговори.
 
А шо направи он поразлично од другите менаџери што нема изговори, као демек Ливерпул не потроши 500м. Уживајте во фудбалот додека трае, конечно во клубот после 20 и кусур години се работе како што треба, титула кај и да е ќе дојде некоа.
И покажите малце супорт, тиа пари што ги троше клубот ги потрошиа и Челзи и Тотенхем и Јунајтед, па еве 3 години се назад и тоа многу од нас.
Поздрав
 
А шо направи он поразлично од другите менаџери што нема изговори, као демек Ливерпул не потроши 500м. Уживајте во фудбалот додека трае, конечно во клубот после 20 и кусур години се работе како што треба, титула кај и да е ќе дојде некоа.
И покажите малце супорт, тиа пари што ги троше клубот ги потрошиа и Челзи и Тотенхем и Јунајтед, па еве 3 години се назад и тоа многу од нас.
Поздрав
Барем една контра асална да изиграат. Кога гледам видеа од контри со Озил и Санчез ми се плаче од што беа слободни и креативни.
 
Барем една контра асална да изиграат. Кога гледам видеа од контри со Озил и Санчез ми се плаче од што беа слободни и креативни.
Ама со Озил и Санчез не памтам да сум гледам полуфинале ЛШ, а сум гледал Уефа куп со Ѕвезда со Озил.
Дури не памтам ни 2ри да сме биле со нив :D
Уствари сезоната кога лестер освои.
 
Последно уредено:
Убаво ви кажа членот погоре, уживајте во тоа што клубот е на највисоко ниво.
За титула не е доволно само квалитет и играчи, понекогаш треба и малку среќа.
Ја сум убеден дека со ПСЖ ќе ги згазевме, само да влезеше една од шансите дома.
И според мене исто глупост е да викаш титула па титула, големината на клубот не е само у титули. Нити пак сум ја фан на Арсенал само за титули.
 
Со Озил и Санчез, во дерби утакмициве знаевме дека губиме, само се молевме да не е бламажа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom