Отепана тактика и состав извади, со тројца дефанзивно ориентирани средњаци. Ма да повеќе тактиката од колку составот, да беа тука и Сака, Хаверц и Одегард од старт пак ќе игравме Мурињовка, а баш вчера Ливерпул изгледаше како ништо посебно да играат.
Жал ми е што сеуште инфериорно влегува на гостувањава на Енфилд, Етихад и Олд Трафорд и оди на нерешено па од кога ќе примиме гол почнуваме да играме нешто.
Од играчиве, лоша партија на Зубименди(премногу грешки и изгубени дуели), Мартинели игра како дефанзивно настроен винг бек наместо како крило и неможеше ни корнер да изнуди, од позитивните работи иако беа ретки: Мускера изгледа како да е со години во тимов, воопшто не се осети отсуството на Салиба, Калафиори се изнатрча и офанзивно и дефанзивно го затвори Салах, и Мадуеке до некаде, не дека е Сака во играта ама барем пробуваше нешто.
А со повредиве ми изгледаат како пост ефект што ги прегоре Салиба,Габриел,Одегард и Сака изминативе 3-4 сезони.