Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Реално после сите перипетии со Раја, мислам дека Ремсдејл е неправедно седнат на клупа. Голот кој падна вчера беше грешка во комуникација помеѓу Салиба и Раја. Габриел сакаше да ги извади од гомната кои ги направија двајцава, ама несреќно си ја пикна во голот. Салиба ја градеше топката за да ја собере Раја, ама овој предоцна тргна. Јас сум за Ремјдејл како прв голман.
 
На крај испадна Лено и Мартинез да се подобри моментално во лигата од нашите голмани. Инаку со нога ме нема ништо посебно Раја импресионирано, такви топки дава и Рамс. Ако треба нешто да се пофале да тоа се нафрлувањата со рака, минатата и оваа утакмица направи некои добри нафрлување кои на моменти ме потсетиа на Чех. За голот се слагам вчера, чиста вина на Салиба и Раја.
 
Во секој момент би го избрал Рамсдејл пред Раја. Рефлекс подобар, нафрлања со рака, комуникација со одбраната, па дури и игра со нога за која е демек седнат на клупа има исто или подобро од Раја. Рамсдејл е седнат од некое недоразбирање со Артета. Човекот таман фати место во репрезентацијата, беше директно заслужен за пласманот лани, доби награда за најдобар голман во лигата и Артета оцени дека треба да седи на клупа. (n)
 
За нафрлања со рака не се слагам, последните утакмици доста добри топки нафрли Раја. За игра со нога се слагам тука некаде се двајцата, а за комуникацијата со одбрана мислам дека е доста послаб, некња баш поради тоа и беше голот со Ливерпул а и доста голови примаме од корни оваа сезона а токму тоа лани ни беше најјаката страна, примивме само 1 гол од нафрлена. За нешто ако ме бендисува повеќе Раја е тоа што повеќе ја следи играта и е фокусиран одма за добра игра напред, ама сега за сега главната особина што треба да а има голман - бранењето и рефлексите мислам дека е послаб од Рамс и се нема покажано во тој дел.
A и освен одбраната со Тотенхем што му беше ворлд клас, од тогаш наваму нема ниту една утакмица каде што би рекол заради некоа немогуќе одбрана на Раја сме а добиле, а Рамс имаше доста такви изминативе 2 сезони.
 
Толку е со Рамсдејл. Треба чудо да се деси и Раја ептен да падне за да изгуби место. Поверојатно е дека Арон ќе си оди на лето.

Раја секако беше прв избор на Артета. Затоа што не можеше да го купи тогаш го донесе Рамсдејл, како нешто преодно додека клубот беше во транзиција. Прва прилика и го замени. Се гледа дека не му е во долгорочните планови.
 
Игра со нога Рамсдејл подобар од Раја? Добро бе гледате утакмици?
Ја пратите ли играта што ја играме позади?
Сфаќате дека имаме човек плус со Раја?

Ремсдејл е подобар shot-stopper/рефлекси, ништо друго, во сите други работи Раја е подобар.
Секоја статистика го поткрепува тоа, а се гледа и на терен колку смирено играме позади со топка.

Грешката за голот на Ливерпул е исклучиво на Салиба, во 48ма минута не чекаш голман да ја собере топката, ја рогаш надвор од стадион.

И мене како карактер ми е подобар Рамсдејл, има конекција со фановите итн итн, ама за тоа што нас ни треба во моментов, Раја е подобар.
 
Да го ставиме Зина голман да биде, има најдобра смирена игра со нога. Оти според ова битно е со нога да си добар, за бранење не мора толку... Утакмицата со Лутон а изгледа или на флешскор виде рејтинг и резултат?
Низок е за премиер лига, нафрлените топки му се мана и тоа го користат противничките екипи, за тоа и примаме голови од нафрлени.
И нема ниту една анриал сејв направено што ни донесила поени, а кога браниш во топ екипа мора да имаш и некоа таква интервенциа. Добар голман и носи на екипата 10 до 15 поени во сезона а некогаш тие поени се клучот за титулата.
 
Низок е за премиер лига, нафрлените топки му се мана и тоа го користат противничките екипи, за тоа и примаме голови од нафрлени.

Дај бе жити се не се бламирај, Раја статистички има највеќе соберени нафрлени топки од цела лига.

И нема ниту една анриал сејв направено што ни донесила поени, а кога браниш во топ екипа мора да имаш и некоа таква интервенциа. Добар голман и носи на екипата 10 до 15 поени во сезона а некогаш тие поени се клучот за титулата.

Да да, треба да ги земеме овие што праат анриал сејвс од Шефилд и останата боранија, пошто тоа носи титула, не комплетно целокупната игра.
Затоа Сити зима титули пошо Едерсон праи анриал сејвс
 
Да ама после 3 победи, брзо ги заборавате головите од Њукасл и Челзи. Токму за тоа и зборува Милев, повисок голман ги собира тие ко од шала.
 
Тие голови се лоша проценка, нема врска што е некој сантим понизок од Рамсдејл.
Ова е исто како да хејташ напаѓач пошто не успеал со глава да даде гол ради Х причини.

Нема голман што не прави грешки.
 
Точно, лоша процена се, ама ако имаш подобри предиспозиции полесно ќе се извадиш од истите. Сепак е многу полесно отколку игра со глава, бара помала техника и многу помал тајминг, да не збориме и за тежината и ефектот од истото...така да да не правиме такви споредби.

Што знам, дискутираме дека е подобар во пас играта, поконкретно пас изнесување на топка...ама па мислам дека и како тим се има работено на истото и се имаме подобрено, некако повеќе играчи учествуваат во истото. Е тоа е тоа што прави Раја да изгледа дека е wow во пас играта. Со рака фрлал контри...ОК, плус 3 шанси за гол во статистиката на тимот.

Лично мене не ми е некаков апгрејд на голманска позиција. Да не заборавиме дека на лето ќе ни скине 27м а Рамсдејл вака закован на клупа, не го шиткаме за толку. Али како и да е си има Артета некаква замисла и нека си ја тера, единствен правилен начин е тоа. Ама па и не значи дека ради тоа под дифолт треба да се согласам дека Раја е подобар избор од Рамсдејл.
 
Многу некако дискутираме за голмани, а утакмиците со Вест Хем, Вила и остала багра не ги изгубивме поради лошите голмани, туку поради тоа што нападот не можеше да искористи една од 30те креирани шанси, па поставувавме неславни рекорди од типот на највеќе допири во противнички шеснаесетник без даден гол. Да бидеме реални, да не беше стерилниот напад, ќе бевме први на табела со добра предност и никој немаше да му текне да анализира голмани и кој колку сантиметри бил.
 
Дај бе жити се не се бламирај, Раја статистички има највеќе соберени нафрлени топки од цела лига.



Да да, треба да ги земеме овие што праат анриал сејвс од Шефилд и останата боранија, пошто тоа носи титула, не комплетно целокупната игра.
Затоа Сити зима титули пошо Едерсон праи анриал сејвс
Горе нагласив, многу е лошо човек кога не гледа фудбал а кажува статистики од флешскор.
Од 15 утакмици има минимум 10 кикса, нема ниту еден неутрален фан да каже дека е апгрејд на Рамс.
Статистички може да извадиш дека е подобар и од Мартинез ама тоа знаиш дека не е така. Инаку кажи ми во премиер лигата класа голман што бил низок???
Чех, Едерсон, Шмајхел, Де Геа, Ван Дер Сар, Куртоа, Симан, Леман и ред други не ми текнуваат, eден нема под 190.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom