Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ама изгледа заборавате дека ова му е втор натпревар на Дијаби после скоро година дена пауза

Неможе да очекувате да изигра топ кога нема натпревари у нозете.
Исто ќе биде и со Вилшир и со Сања.
 
И забораваат дека примарната цел на Диаби е да влече топка нанапред, не е тој главен креативец како Казорла па веднаш да се ослободува од топката..
 
Тууууу сеа читам Венгер изјавил дека Војче може и да не игра со Ливерпул. Не дека Маноне денес беше толку лош, али што е сигурно сигурно си е со Војче.
Хахаха башка не знам дали забележавте, кога ги прикажуваа составите, кај една резерва пишуваше Мартинез, а имаше слика од Фабијански. Изглеа не го сликале Мартинез или па му го згрешиле името на Фабиански, врска си неам кој од нив беше на клупа.:pos:
 
И забораваат дека примарната цел на Диаби е да влече топка нанапред, не е тој главен креативец како Казорла па веднаш да се ослободува од топката..
... што го прави Дијаби многу лимитиран играч. Не оти многу па и “влечеше напред“; Стоук и онака си седеа пред нивниот шеснаесетник.

Му наоѓав доста маани на Сонг, ама тек ќе плачеме за него ако Вилшир не се врати скоро.
 
... што го прави Дијаби многу лимитиран играч. Не оти многу па и “влечеше напред“; Стоук и онака си седеа пред нивниот шеснаесетник.

Му наоѓав доста маани на Сонг, ама тек ќе плачеме за него ако Вилшир не се врати скоро.
Имаме фантастична замена за Сонг, а тоа е Артета.
Задачите на Сонг ги врши подобро и подисциплинирано и не греши пасови. И не разбирам каква врска има Вилшер со улогата што Сонг ја имаше.
 
Имаме фантастична заеман за Сонг, а тоа е Артета.
Задачите на Сонг ги врши подобро и подисциплинирано и не греши пасови. И не разбирам каква врска има Вилшер со улогата што Сонг ја имаше.
Хм? Артета и Сонг играа заедно минатата сезона, Артета сеуште игра на истата позиција на која што беше лани. Не знам зошто сите мислат дека Сонг играше некаков ДМ; тој имаше многу повеќе слобода во движењето (дали таква беше тактиката или Сонг едноставно така сакаше - можеби затоа Венгер го продаде толку лесно?), на сметка на Артета кој мораше да игра многу порезервирано (и сега игра исто).

Бај д веј, памтам лани против Ливерпул не можевме да го поминеме центарот се додека не се повреди Артета и на негово место влезе Дијаби кој почна да ја пренесува топката - можеби ќе ме демантира следната недела, ако го остави Венгер во првите 11 :icon_lol:
 
Значи две утакмици, немае примено гол, немаме дадено гол, значи златна средина, не е тргната локомотивата уште, ама ќе биде, малце со закаснување ама ќе биде.
 
Топче , мора некој гаден облог да си изгубил штом си го ставил јудава на аватар :cautious:
 
Артета одличен, навистина одлично игра на позицијата на Сонг( по мене дури и подобро), одбраната на високо ниво и тоа многу ме радува, нападот му се потребни уште неколку утакмици со оглед на многуте нови играчи, Жиру одличен, одлично се движи ама што да прави кога очекува од Жервињо (од мене има чиста нула денеска) висока топка, Подолски подобар и подобар ама спремен само за 60тина минути, како и Дијаби на кого му треба уште време, Казорла супер прво полувреме, немаше душа за второ. Притисокот се поголем на новите играчи да постигнат голови а ги чека и уште потежок тест следната недела против Ливерпул па да се надеваме топовите баш тој ден ќе се распукаат :D
 
Еден коментар за РВП се надевам повеќе нема да го спомнам, случајно го фатив хајлајтсот на Јунајтед вчера, утакмицата не ја ни гледав. Не ми се верува што ни направи тој човек, сеуште не можам да поверува, па слави кога дал гол пред навивачите нивни мислиш цел живот се сакале.

Неверојатно, за стотици илијади фунти неделно да станиш еден од најомилените, до еден од најомразените и лицемерни фудбалери.
 
F
Еден коментар за РВП се надевам повеќе нема да го спомнам, случајно го фатив хајлајтсот на Јунајтед вчера, утакмицата не ја ни гледав. Не ми се верува што ни направи тој човек, сеуште не можам да поверува, па слави кога дал гол пред навивачите нивни мислиш цел живот се сакале.

Неверојатно, за стотици илијади фунти неделно да станиш еден од најомилените, до еден од најомразените и лицемерни фудбалери.
From hero to zero... го чекам денот да видам со што лице ке се појави на Емирати!!!
 
Го чекам денот кога ќе се повреди и го чекам денот кога Арсенал ќе освои а тој не е со нас.
Нема потреба од повреди нека дојде во својата најдобра форма да го видам како ке игра покрај Коската и Верминатор!!!
 
Не е лошо.
Одбраната на двата натпревари делува одлично,посебно денес.Гибс игра се подобро и подбро,само пу пу да не се повреди,ќе го биде .Сантос нешто изигра и пишува глупости на твитер,бил трпелив незнам ти што...нема потреба од вакви работи.Вермален феноменален,солиден и Пер,Џенкинсон одлично изигра дефанзивно,единстевно што фали кај играчов е подобро позиционирање ( шо ќе си дојде со искуството) и link-up play,мора да се подобри у овој аспект,бидејќи и Тео,ниту пак Џервињо неможат максимално да ги искористат нивните брзини...друга ќе биде приказната кога ќе се врати Сања,ќе видите подобрувања во играта на крилата :).
Артета одлично си ја врши задачата,сепак сакам да се зема некој дефанзивен играч,па Артета да има повеќе слобода и да се искористи неговата креативност и шут,лани ретко одеше напред,а кога и да одеше беше голема опасност по голот :). Од Диаби и не очекувам ништо посебно,човекот оддамна нема изиграно 2 утакмици едно по друго,за 2-3 недели очекувам многу повеќе.Се надевам дека нема да се повреди сезонава,ако не,уште во јануари да се шитка.Санти ќе биде клучен играч сезонава,уште не е во топ форма,а игра феноменално,уште не е физички спремен да изигра 90 минути,затоа и падна во второто полувреме.Жервињо разочара,иако со Сандерленд беше активен и агресивен,сепак немаше некој успех,денес пак,буквално ништо не направи,мора да се оправи...Подолски изигра солидно,цврст во дуели,одличен work-rate ,подобро изигра како крило отколку како шпиц.Жиру одличен,ќе го биде,штом им потпра на овие дивјаци,нема да има проблем во лигата,очекувам прв стелец да ни е..
Нападот уште не фунционира,што е за очекување,5 нови играчи во напад,што досега не се играле заедно.Жиру,Жервињо,Подослки,Казорла и Диаби...па затоа и тие недоразбирања при финалниот пас,но мислам дека за недела/две ќе се среди и тоа и ќе газат момците.
Ако продолжиме со одличната одбрана,нема што да се сеќираме за сезонава,иако игравме со тимови што претежно се бранеа,сите напади што ги имаа,одлично се справија момците,што не беше случај лани...
За формацијата и првите 11 според мене,најдобра би била оваа : Војчех на гол(Фабиански)
Сања(Џенкинсон)-Лорен(Пер)-Вермален(Џуру)-Гибс(Сантос)
Артета(ново типче) - Диаби(Арон)
--Џеки(Арон.Ох)
Санти(Тео,Жервињо) -Жиру(Лукас)-Лукас(Окс,Жервињо)

Да видиме што ќе се случи неделава,сигурен сум дека Венгер ќе донесе уште еден играч.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom