Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Добро е дочекате 10 кола гол да се даде, со Шефилд и Салиба да игреше во шпицот добиена ќе беше утакмицата.
Па истиот тој Шефилд играше претходно со Сити, Јунајтед и Тотенхем, сите 3 натпревари завршија 2:1, кокошките и во судиско продолжение избегнаа пораз, значи не било прошетка во парк, многу поголеми играчи не можеле да дадат хет трик на Шефилд, зошто да се омаловажува постигнатото само бидејќи противникот на хартија е слаб. Нека продолжи вака да гази само!
 
Последно уредено:
Па истиот тој Шефилд играше претходно со Сити, Јунајтед и Тотенхем, сите 3 натпревари завршија 2:1, кокошките и во судиско продолжение избегнаа пораз, значи не било прошетка во парк, многу поголеми играчи не можеле да дадат хет трик на Шефилд, зошто да се омаловажува постигнатото само бидејќи противникот на хартија е слаб. Нека продолжи вака да гази само!

Затоа што е подобро да не даде Еди гол за да може да испадне он во право и да рече "ете ви реков", отколку да даде хет трик, да победиме и да си ги голтне зборовите.
 
Убаво е да дава ама реалноста е друга, лани во борба за титула, со повеќе од 15 стартувани утакмици и голем дел влевал како резервист учиник во лигата = 4гола. Зборуваме за шпиц играч кој специјалност му е само гол да даде, ниту има игра на глава, ниту знае топка да заграде, крило да проиграе и ред други работи. А играе во офанзивен Арсенал со Одегард позади него, крила како Сака и Мартинели... Немам ништо против ако додаде константност на неговата игра и постигнува голови почесто ама реалноста сега за сега е друга.
 
Па сезонава има напредок човекот и тоа го коментираме и фалиме. Сезонава 5 гола и една асистенција, плус желбата му е секогаш тука. Лани јас коментирав дека нивото му е за Чемпионшип затоа што имаше лоша реализација, сега го фалам затоа што мислам дека има голем напредок што се виде и на припремите. Убаво е да пофалиме кога има простор за тоа :)
 
Би сакал да грешам ама ми делува како Рамсдејл да се откажал од борбата за место. Овие два гола не беа по негови грешки, ама порано имаше барем некаква реакција кон соиграчите, за разлика од денес.
Колективно дупка се, пас од пола терен и го пуштија Оли да се шета низ шеснаесетник. Зрела шанса досега не видов. Убаво би било да се продолжи понатаму да се разигрува вториот состав, ама овие делуваат како да се без желба за играње денес.
 
Ноќ за заборав... Рака на срце тотално немавме среќа со првиот и третиот примен гол, али дефанзивно не убија во поим Вест Хем, ние во прво полувреме не си ги искористивме и онака климавите шанси и тоа беше тоа. Мислам дека допрво ќе го плаќаме цехот што играчи за ротација ни се Жоржињо и Хаверц, повторно е направена истата грешка како со Вилиан, Галас, Чех, па и Микитаријан. Овие двајцава треба средина да држат, а не постоеја, незабележителни тотално, вториов ај бар посра некоја шанса, првиов го видов прв пат кога излагаше од игра. Се надевам не паднаа психички, против Њукасл 3 бода се и повеќе од потребни.
 
Не го сфаќаме купов сериозно воопшто, и со сите да игравме денес од старт немаше да победиме, како да сме откажани уште пред да почне натпреварот...
 
Не го сфаќаме купов сериозно воопшто, и со сите да игравме денес од старт немаше да победиме, како да сме откажани уште пред да почне натпреварот...
Што знам брат, баш ми делува дека фалеа играчи што можат сами да решат натпревар ко Одегард, Сака, Жезус, целата таа иницијатива сите тие пасови и огромен посед на топка да се претвори и во гол. Да беше регуларен натпревар со прва постава мислам без мака ќе славевме и покрај тоа што Вест Хем маестрално си одиграа дефанзивно.

А за купов стварно мистерија како може толку ноншалантно да го сфаќаме, дали си имаат инструкции да не се замараат или некоја клетва ги држи уште од финалето со Бирмингем или пак стварно ни се толку тутурутки резервните играчи, а можно е и некој микс од сите 3 работи...
 
враќај го Патино од позајмица, срединава на ништо не личи
 
Артета мора да ја смири ситуацијата на терен. Ако не излезе Хаверц, ќе летне некој директно на операција, што е најмалку потребно во моментов кога веќе има 5 повредени.
Автоматски споено мислење:

Леле Раја :facepalm:
 
Последно уредено:
Стварно не го разбирам потегот на Артета со Рамсдејл. Да седниш на клупа голман кој беше најдобар во лигата изминатата сезона, имаше одлична соработка со одбраната, миленик на цела фан база, за лигле кое прави вакви излети скоро секоја утакмица. Па гонете се у Шпанија и двајцата, бркајте голуби.
 
Раја има повеќе грешки направено во овие 2 месеци од сите натпревари на Ремсдејл заедно, а играта со нога воопшто не е уверлива колку што треба да биде, напротив инфарктни пасови има секој натпреар. Мора под итно да се седне на клупа.

И срамота за признаениот гол, баш ме интересира кое е оправдувањето како не е фаул над Габриел тоа, брука ме изеде мене за тие од ВАР. Како и да е, воопшто не сме уверливи во напад, Жоржињо и Хаверц се мемиња офанзивно, Сака и Мартинели се далеку од добра форма, веројатно влијае на тоа и мањак поддршка од бекови офанзивни, ама мислам дека и повредите ги исфрлија од ритам тотално.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom