Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Океј небитно, ај сеа исто у четврток.
Автоматски споено мислење:

Едно што приметив, Габриел и Холдинг се слаби заедно, а Мари и Холдинг се добри. Исто како шо Габриел и Луиз се добри заедно. Е сеа со оглед на тоа дека Луиз е повреден, во четврток би го играл Мари со Холдинг.
 
Мојата прогноза е пак, дека ќе играме со Габриел сам :) некоја варијација со тројца назад.

Инаку топката на Парти до Лаказет е топка што Џака би ја пратил кон Лено :) Сакам да гледам такви проигрувања почесто. Имаме брзи играчи кои лесно можат да направат чекор предност од такви топки.
Она што не ме бендисува е реализацијата на Сака. Стигнува до шанса и промашува цел гол. Има време да се оправи, сигурно ќе добие уште шанси како стартер.
 
Проблемот е што не секој противник е Шефилд и не секој играч во клубот е Мартинели. Ме израдува многу што Мартинели си доби заслужената минутажа, нека е здрав и жив ќе нема играч кој ќе може на клупа да го седне. Крајно е енергичен, брз, има проток на топка кога игра, лесно пенетрира, секогаш знае да процени тајминг за добро уфрлање и одлично позиционирање има. Има одличен шут, техника и пас игра. Стартувањето денес нека не е исклучок туку да е стандардна практика, до крај на сезона да стартува на сите натпревари за да си јача форма, а не мртви Обамејанг и Вилиан да му фаќаат место.

П.с. Вака така како што тргнало Лаказет ќе ја заврши веројатно сезонаа со 15 гола во ПЛ и ќе испадне најуспешна сезона на Лака во Арсенал. Кој би рекол после такви очоболи дека може по некаков параметар да е најуспешна за некого.
П.с.2 Овие 2та финиша на Лака ми вратија Тиери Анри флешбекс. Тоа е таа кралска техника.
 
Од шо сме очајни, на небо сме дека го победивме факинг Шефилд, најслабиот тим во лигата.

Али, нека е загревање за четврток.
 
Победа за самодоверба, не значи воопшто дека нешто сме се подобриле.

Битното е у четврток.

И да, интересно ќе биде ако Лака во најлошата сезона наклубот го има најдобриот голгетерски учинок во Арсенал.

Барем да му се крени малце вредноста за да го продадеме поскапо налето.
 
Па реално Лаказет им е најдобар поединец. Да има со кого да игра напред, ќе имаше поголем број на голови. Без Ауба многу подобро изгледаа денес и Џака добро одигра како лев бек. За наредна сезона ќе треба прво да се среди одбраната и да се донесе добар креативец. Според мене Лаказет е последниот играч кој треба да мислат да го продаваат. Поубаво е првин да го расчистат ѓубрето од играчи, кои земаат плати кои не ги заслужуваат.
 
Според мене Лаказет е последниот играч кој треба да мислат да го продаваат. Поубаво е првин да го расчистат ѓубрето од играчи, кои земаат плати кои не ги заслужуваат.
Исто зборевме за Обамејанг лани, зашо се лажете вака со неколку добри перформанси...
Едвај 15голови по сезона, мислам Жиру сакавме да го сменеме баш заради ограничениот придонес и вештини, исто важи за Лаказет, на сумата која што беше платен може да се каже дека не испадна надградување.

Дај ваму ново дете кое што ќе може да трча, не по 60минути игра да дише како на апарати....
 
Па никој не рече дека Лаказет е идеално решение за Арсенал во нападот. Ама запрашај се кој би сакал да дојде во екипа со вакви амбиции. Сите одат во екипи кои играат во ЛЕ и ЛШ. Добар играч кој е созреан и квалитетен нема да сака да дојде во ваков тим. Единствено ако успеат да ископаат некои деца од Шемпионшип, па да ги чекаат да го покажат својот квалитет и потенцијал (ако воопшто имаат). Реалноста е дека попрво некој би ја избрал Астон Вила или Вест Хем отколку да направи трансфер во Арсенал. Затоа сметам дека треба да го задржат во Арсенал.
 
Целта мора да е перспективен играч кој ќе биде мотивиран да се докаже на високо ниво, секако опреман со потребни квалитети, треба да го најдеме следниот Халанд, не следниот пензионер кој ќе биде достапен. :icon_mrgr:

Не мора строго да се ограничеме за нов шпиц во прва постава, парите може да се вложат за лево крило.

Стварно не ги гледам придобивките ако му продолжат договор, веќе е на 200к, 30години, сомнителна физичка состојба уште кога го земаме, ограничен учинок и сметај дека формава е привремена.
 
Таленти не верувам дека се способни да пронајдат. Се виде тоа по голем број нивни откритија. Последното беше Мавропанос. Само знам дека бројот на играчи кои би дошле во Арсенал, со текот на годините драстично ќе се намалува. А засилувања за наредна сезона со сигурност ќе бидат сведени само на позајмици. Оти пари некако не им се фрлаат на газдите.

Јас кажав само мое мислење. Инаку сигурен сум дека ова лето тој си заминува. Рома и Севиља се заинтересирани за него.
 
Со вакви скаути не се ни сомневам дека ќе го најдеме следниот Роналдо Назарио :anco:
 
Патсон Дака го зиаме, тука чувте прво. ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom