Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Целта сезонава е да се држиме со големите тимови, да не не полнат ко пиперки по 5-6 гола и да ги тепаме тимовите под шесто место, да завршиме топ4.
Поротив Сити и Ливерпул сосем солидно се држевме, реално денес исто шанси имавме креирано со Сити и тоа нашите беа подобори, али среќа немавме.
 
Незнам која утакмица ја гледавте вие што сте задоволни, прво тотална утка беше системот, Вилијан лажна деветка, Обамејанг играше поназад од Сака, Џака не постои, Себаљос бар се трудеше толку може не му замерувам. Игравме против најверојатно најслабиот Сити последниве 4-5 години, без моторот Де Брујне, без Давид Силва, умрениот Фоден дозволија да диктира темпо, факинг Кансело промајата во одбрана и Артета појде да игра бункер од прва минута. Сити беа for the taking денеска, златна шанса испуштивме да земиме барем бод. Btw забораив прееска, за голот на Стерлинг, Габриел го забораи зад него. Не го кривам него за поразот ама не ми спомубајте додавања до голман и такви срања, тотално промаршена тактика денеска.
 
Обамејанг тотално неприметлив денес, а богами и минатиот пат. Баш имаше за ова дискусија дали прајм Алексис е повеќе вреден за тимот од прајм Оба, мислам дека јасни се дилемите сега по ова прашање.

Ниту Џака ниту Себаљос имаат место во први 11 за Арсенал ако сакаме да направиме сериозен тим. Да бидеме реални премногу се спори во исфрлање на топка, дур се местат за пасот противниците го имаат веќе прочитано пасот и се имаат поставено. Контра никаква не може да истераме како на времето Санти кога влечеше контра.

Сака е бог и батина во тимов, мислам тимот околу него треба да го градиме, од ништо нешто може да направи без разлика колку играчи има пред него.

Вилиан е скроз иста приказна со Микитаријан, толку трпев да коментирам, со надеж дека нема да сме во право, ама пак истата грешка ја напраивме. Имаше една поговорка ако еднаш те излаже ѓаволот нека е проклет, ако те излаже втор пат нека е проклет и он, но и ти, ама ако трет пат те излаже проклет нека бидеш само ти.

Бељерин е убедливо најслаба карика во одбрана. Мислам дека кој и да игра со Габриел, Габриел со самата сигурност ќе го направи подобар играч, Тиерни е солиден лево, но Бељерин дефанзивно е 0. Кога видов како излета за првиот гол ми одеше со виљушка да си брцам во око.

Добрата страна е што до пред 2-3 сезони против Ливерпул и Сити по 5 комада сме јаделе, сега колку толку се држиме резултатски, да не урочам, ама какви резили имаше сезонава, ние сеуште не сме се избедирале, а својствени сме по тоа.
 
И Тирни не е толку вау кaко што го направивте. Солиден е, ама не заборавајте дека Марез на неколку пати му направи проблеми. Еднаш Габриел спаси чист гол. И Салах минатата го измајмунчи...

Поентата ми е: Очекувано е некогаш бековите да бидат поминати, посебно кога играат против брзи и продорни крила.
Од друга страна, само Пепе не може ниту еден асален бек да издрибла...
 
Обамејанг тотално неприметлив денес, а богами и минатиот пат. Баш имаше за ова дискусија дали прајм Алексис е повеќе вреден за тимот од прајм Оба, мислам дека јасни се дилемите сега по ова прашање.

Зарем 2 утакмици ти ја разрешија оваа дилема?
 
Изгледа дека убаво се заебавме со Пепево. Ништо не покажува, ама онака баш ништо. Играч неможе да помине, премногу пари го плаќаме а ништо не добиваме. Се надевам дека грешам и дека ќе се разигра, ама мислам дека е голема превара.
 
арно ме потсети.

Пепе флоп 3 меч
 
Зарем 2 утакмици ти ја разрешија оваа дилема?
Брат не заебавај, Алексис пример во 2016/17 беше монстер, можеби највреден играч на терен каков што немало уште од времето на Анри. Не зборам статистички, иако Алексис имаше и повеќе асистенции од Оба, туку гледај улога на Алексис во тој Арсенал, сам си бил човекот и голгетер и асистент, неуморен, никогаш не бил издишан на терен, Оба често му се дешава да нема душа при крај на натпреварот. Не му ни требаше човек да го проигра во фор, сам си крадеше и сам цепаше од наша половина до противнички гол. Топ играч е Оба, ама тоа што Алексис прајм правеше беше нереално, штета што не потрае уште малку.
 
Зарем 2 утакмици ти ја разрешија оваа дилема?
Дилемата треба да биде одамна расчистена.
Ако тимот е катастрофа, Оба ретко се дешава да биде таа светла точка што ќе ја реши утакмицата, unlike Алексис кај што во вакви ситуации ретко се дешаваше да се вклопи во сивилото на тимот.
 
Ајде ќе го вратиме Санчез, Оба на продажба

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Алексис си играше на природна позиција во повеќето од натпреварите го пробаа едно време кога ни беа повредени напаѓачите како 9 и беше катастрофален на тие натпревари далеку повеќе од Оба на крило.
Не знам што е работава да го играат на крило кога е класичен напаѓач.
 
Брат не заебавај, Алексис пример во 2016/17 беше монстер, можеби највреден играч на терен каков што немало уште од времето на Анри. Не зборам статистички, иако Алексис имаше и повеќе асистенции од Оба, туку гледај улога на Алексис во тој Арсенал, сам си бил човекот и голгетер и асистент, неуморен, никогаш не бил издишан на терен, Оба често му се дешава да нема душа при крај на натпреварот. Не му ни требаше човек да го проигра во фор, сам си крадеше и сам цепаше од наша половина до противнички гол. Топ играч е Оба, ама тоа што Алексис прајм правеше беше нереално, штета што не потрае уште малку.

Сакав да кажам дека не е фер да му се суди на Оба кога е игран вон позиција на која дава најдобри партии.
 
Книгата на Венгер може бесплатно да се слуша на Audible, 30 дена гратис има, само не заборавајте одма да го исклучите членството да не ви наплатат за еден месец.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom