- Член од
- 21 октомври 2014
- Мислења
- 4.090
- Поени од реакции
- 6.752
па ја уште сметам дека треба да се продадеМене само не ми се верува дека од Лаказет тука бевте многу лесно спремни да се продаде![]()

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
па ја уште сметам дека треба да се продадеМене само не ми се верува дека од Лаказет тука бевте многу лесно спремни да се продаде![]()
Ѕверка е Оба, верувам и јас дека има уште многу фудбла во него, верувам и да беа некои поразлични времиња и да можеше да се игра уште 4-4-2 ќе беа топ тандем Лака и Оба напред, бидејќи има одлична кохезија меѓу нив, кога и да е Лака паднат во финиширање, секогаш има добри пасови, па супер мислам дека би функционирале заедно, ама секако во модерен фудбал нема место за таква формација. Муабетот ми беше дека пречесто сме ги продавале нашите најдобри играчи поради икс причини и сме виделе дека никој не бил незаменлив дали Насри, Фабрегас, РВП, Алексис итн, ако сака да остане во Арсенал ќе остане, ако сака да си замине и да му ја овозможиш таа поголема плата пак ќе замине од клубот, особено кога би имала толкава заинтересираност за него, а верувам дека би имала после сезонава. Клубот го прават 11 играчи плус резерва за секоја позиција. Ако останување на Обамејанг би го сметале во клубот како нов трансфер и не би мрднале со прст да се засилиме во одбраната и креативност да зголемиме во средината, тогаш ќе гледаме пак Арсенал како лани и оваа година, барем ја таква перцепција имам на работите дека во клубот нема пари, дека затоа се цепкавме со трансферот на Пепе за 4 години отплаќање и донесувавме free agent играчи. Ако продавање на Обамејанг би значело rebuild на тимот и тотално чистење со 70% смена на моменталните играчи, тогаш потпишувам, некој млад трансфер ќе погодиш ко Мартинели, некој играч од академија ќе се погоди ко Сака и ете ти тим склопен без преплатени играчи и без играчи за кои само Ердоган е заинтересиран. Ја бар тоа мислам дека е единствен начин клубот да профункционира, бидејќи како што знам финансиите не ни се добри, ако случајно сме станале ПСЖ во меѓувреме и имаме пари да задржиме играчи и да купуваме секаде каде што има имаме дупки (а имаме многу дупки), тогаш топ.Не, Оба никако не смееме да го продадеме, првпат имаме играч кој двапати по пред ќе даде 20+ голови од Анри навака, годините нема да се пречка да остане во форма, стопати ќе повторам, најдобрите напаѓачи моментално во европа се над 30 години, има уште многу фудбал за Оба и ако е точно тоа со платата што ја бара, тоа е ништо, ситниш.
Многу повеќе ќе платиме за негова замена и пак нема да сме сигурни дека ќе до добиеме истито импакт.
Муабетот ми беше дека пречесто сме ги продавале нашите најдобри играчи поради икс причини и сме виделе дека никој не бил незаменлив дали Насри, Фабрегас, РВП, Алексис итн,
Не беше Алексис замена за Насри во квалитетот на терен? Не беше Казорла замена за Фабрегас? Учинокот од погодоци еве Обамејанг го заменува за Алексис. Секој бил нечива доследна замена во некое време. Казорла не бил заменет после негово заминвуање и затоа неколку пати нагласувам дека итно е потребен креативец. Јбг Анри не бил заменет исто, ама најголем дел од играчите се заменливи, и овие тројцата што ги спомна биле заменети.До тука прочитав и заправ, знаеш дека уште ги немаме заменето Насри, Фабрегас и Алексис? Да додадам ги немаме заменето ни Казорла,Росицки,Сонг па и Ремзи ( головите негови ). Во превод си ги продадовме најбитните играчи, а сеуште ги немаме заменето.
Моментално ниту еден не би избрал за Арсенал.@Ashburton Grove немој молим те само да ми кажеш дека ако треба да бираш меѓу Жиру и Лаказет дека би го одбрал Жиру. Ма каква и да сака статистика да има Жиру, овие двајца се неспоредливи. Лаказет знае од ништо, нешто да направи, Жиру обратно. Никогаш нема да забораам дека ситуацијата со маестралната асистенција на Озил со пета, кога Жиру требаше да трча од после половина до Гузан, сам, за малце ќе ја усереше.
Така да овие двајца ми се неспоредливи, па макар Жиру да има 5 класи боља статистика. Едноставно Жиру не е за прв напаѓач во тим што има големи амбиции. Не ги следам Челзи, ама и таму нема нешто добро место фатено.
За другиот муабет шо го имаш напраено, реално од Алексис наваму, немаме играч што може да го носи тимот на грбот. И покрај тоа што Ауба ете ќе има 20+ голови 2 сезони по ред, не е од калибарот на Алексис, зошто Ауба знае на некои утакмици да биде најдобар и да има жар у него, да се утепа од трчање, ама на други обратно, цела утакмица да забораиме дека играл уопште. Ситуацијата со Алексис не беше уопште таква, он знаеше буквално сам да го носи тимот на грб, не знам колку утакмици сме имале кај што негов потег ја решавал утакмицата.
Не викам дека Ауба е лош, ама реално ако праиме муабет, не е играч од калибарот на Алексис, зборам Алексис за тоа како играше во Арсенал.
Се сложувам, јас имам огромна доверба во Нкетија и Мартинели, мислам дека се заклучи и во неколкуте мои поста каде што спомнав дека напад и голман сме супер покриени, фората со прашањето ми беше за да доловам дека не треба да се потпираме толку на еден играч, бидејќи се може да се случи.Инаку муабетот на Филип погоре што ако се повреди Обамејанг, едноставно е, ќе добијат шанса Нкетија и Мартинели, како иначе они ќе станат играчи ако не им се дава минутажа во ПЛ, Дортмунд затоа има успех со млади играчи.