Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Убаво им го начукавме на крај. Себаљос дури и да не остане кај нас (а не сакам да остане) со еден куп слаби утакмици ќе го памтам по првата маестрална утакмица против Барнли и по тоа што постигна гол за пласам у 1/4 финале на ФА Куп.

У одбрана стандарт климави но денес некако имавме подобра и потечна игра во напад, Тиерни беше фантастичен и Пепе беше ептен ангажиран, ова последното не знам дали ќе му се брои во асистенција, но во секој случај има мислам 17 голови и асистенции сезонава, што е сосем респектабилна бројка за ваква чудна сезона со тројца тренери и еден куп проблеми.
 
За пласман у 1/2 финале :)

Иначе и во одбраната не бевме баш многу лоши од игра, од прекини беа очајни.
Автоматски споено мислење:

@Bateman Уште мислиш дека Мартинез не го бива ни за втор голман?
 
Позитивно ме изненади во последниве две утакмици Мартинез, шо да кажам повеќе.
 
Мартинез во некои сегменти е подобар од Лено, пример повеќе му се лепи топката во раце и добар дел од топките што Лено би ги одбил, овој ги фаќа живи. Друга работа иако не можам баш да бидам сигурен во ова бидејќи нема многу натпревари брането, ама ми делува дека е посигурен во воздушни дуели т.е. не излетува толку многу ко Лено (особено лани доста излетуваше во празно). Е сега Лено е подобар во позиционирање, иако не е дека Мартинез е лош. Како и да е, голман ни е последна позиција што треба да се грижиме. Ми се слоши кога гледав како реагираме на долги нафрлени топки, абе секоја нафрлена топка беше гол шанса за Шефилд. Многу е трула работата во одбрана. Исто и креативност нема никаква, нема ли некое бразилче да го соберат од Фламенго за 2 милиони, не ја бива ич работава. Не е проблем ни толку ако Лаказет и Обамејанг си заминат, Нкетиа и Мартинели би биле сосема одлична алтернатива но само ако имаме добра средина и креатори на шанси, нешто кое ни е моментално -999 и треба да поработиме за да дојдеме до 0. Исто да го пофалам Себаљос за голот, треба трезвена глава и прецизност за тоа, некој сантиметар да беше шутот полево или подесно ќе беше статива или одбранет, вака милиметарски точно процени каде ќе има малку простор и од лош агол хируршки прецизно во поблиската страна, крајно интелигентно.
 
Последно уредено:
Лено е подобар само во офанзивниот дел од Мартинез т.е. во прецизни долги топки. За сѐ останато ми се доста слични. Во воздушни дуели е посигурен Мартинез.
 
Лено ќе ја одбранеше таа ситуација кога падна гол за Шефилд, Мартинез е океј, у никој случај не е пред Бернд.
 
Арсенал биле заинтересирани за Барди.
 
Напишав и у темата за транфери, ич не би сакал да се оствари.
 
Ја од се досега што сум гледал од него, а не сум гледал многу, не е лош. За Северна не знам дали има слаба утакмица, за Леванте имам гледано само со појакиве тимови кога играле и не беше лош.
Автоматски споено мислење:

Ама па некако mid table трансфер е, ако сме тргнале по оваа рута...
 
Оти ние па како сме тргнале секоја сезона за титулата се бориме [emoji1787]

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom