Ај вака да ти појаснам.
Кој и напаѓач да го имаме, ќе е за џабе се додека ја имаме оваа средина и одбрана, тоа е ФАКТ. За да потполно се среди средината мора жртви (пример Ливерпул), врати времето и прашај ги дали би ги продале и што би се случило ако ги продадат Стерлинг,Суарез и Кутињо. Обамејанг и Лаказет мислат дека заслужуваат многу повеќе и сакаат ЛШ, не можеме да ги држиме со сила. Муабетот со Дембеле од Лион е преркрасен, не сум ја будала да викам да ги продадеме без да земеме играч. Не знам дали си свесен ама на тимов му треба целосна реконструкција, јас не го гледам Обамејанг како човек што ќе ја води таа реконструкција, мекуш е, колку сака нека дава голови, нема карактер, не се бори на терен веќе. Лаказет е тип на напаѓач што мислам дека Артета би го сакал, он е налик Агуеро и Исус тип, си ги знае он од Сити, али и он мислам ќе лета. И да, сериозен бев, сакам да се продадат и Лаказет и Обамејанг ако тоа значи да се инвестира во средината и одбраната.