Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Стварно сме најтоксични фанови. Човекот пред ден ипол го назначија за тренер и одма очекувате да цвети тимот. Не ли е доволно што гледаме за првпат офанзивен фудбал после 18 месеци?

Абе точно е тоа, и стварно има подобрување, прво што приметив е колку побрзо оди пас играта, но џабе е кога од Норич губиме, но ај има уште едно полувреме, да не судиме превремено.
 
Стварно сме најтоксични фанови. Човекот пред ден ипол го назначија за тренер и одма очекувате да цвети тимот. Не ли е доволно што гледаме за првпат офанзивен фудбал после 18 месеци?

Абе игнорирај. Факт е дека сме токсични фанови, едно полувреме еедвај на човек со ден ипол тренерско искуство на прв тим и се јаде гомна.
 
Што побрзо сфатите дека само името е останато од Арсенал толку подобро.
Гаврдиола да го донесат нема да не оправи, се е ова Венгерово наследство

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Малку подобра игра, но далеку од некое подобрување, искрено ај шо играчите се дупка, ама малку и Фреди со тимот и измените денес ја заеба, ама добро нема ни 48 саати откако е на функција така да почекаме.

И што се дешава со Пепе?
 
Имаме ростер само за формацијата: 3-2-3-2, каде што би се играло само со еден дефанзивец (не се осмелувам да кажам кој е помалку лош), бековите каде што би биле фокусирани повеќе назад а не напред (Тиерни и Бељерин и кога би иделе напред деструктивциве никако да не одат напред), двајца деструктивци во средина (ротација двајца од Гвендузи/Тореира/Џака и две крила (Пепе со уште еден да се земе, дотогаш може со младиве, )со креативец (Озил) и двајца напред (Оба и Лака) , еден најиструсен (Оба) и еден малку поназад (Лака) кој има исто добра визија и пас игра и ќе комбинира со Озил дупли пасови и отпадоци топки би ги пукал од 10 метра во гол.
Моментално таков ни е ростерот, освен ако не се решиме на чекор да продадеме зимоска некој од големиве имиња, цело време ќе гледаме како некој лошо игра дека не е на природна позиција или како некој од кој многу се очекува воопшто не игра. Едноставно играчите што ги имаме не може да се вклопат во формациите кои Арсенал ги игра сезонава.
 
Обамејнг и има кредит да поставува барања во врска со нов договор, но Лаказет прво нека се погледне во огледало, да е паметна управата уште во јануари ќе го реши и земе уште едно крило кое очајно ни фали наместо да го мачиме Обамејнаг на таа позиција.
 
Spored mene najgolema greska na Fredi deneska mu bese so izleze so edno krilo, i mnogu sloboda imaa protivnickive krila protiv nasive bekoj koga edinstveno Auba se vrakjase da udvoi i kaj Kola i kaj Chambers...
 
Обамејнг и има кредит да поставува барања во врска со нов договор, но Лаказет прво нека се погледне во огледало, да е паметна управата уште во јануари ќе го реши и земе уште едно крило кое очајно ни фали наместо да го мачиме Обамејнаг на таа позиција.
А во што е подобар Обамејанг од Лаказет ?
Обамејанг ретко кога знае да издрибла и сам да си создаде шанса, Лаказет тоа доста често го прави или бар еве нека е почесто бар од Обамејанг.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Што знам, јас многу го поштувам Лаказет, единствен играч ми е што од ништо од милиметар простор може да даде гол, цврст е во дуели и знае сам да си креира простор за шут или за пас, привлекува играчи и создава простор за стоперите при прекини да улетаат и да сме поопасни, цело време навлекува на себе играчи, има разорен шут и ептен добра прецизност, пенали многу подобро изведува од Обамејанг, за пасови да не зборам, во последниве 2-3 години откога е во клубот, ако има добра акција Лака е вклучен во неа, дали пасови со утрчување, дали пети, страшно добра визија има и е добар плејмејкер. И досега има многу направено, со добра формација, уште поефикасен би бил. Иако точно и јас не гледам како во еден тим ефективно би играле Лаказет и Обамејанг.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom