Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Штета што многу мирни навивачи имаме (го немаат она балканското), па напразно ги пишувам овие работи.

Ја не знам каде се старата гарда The Gooners. Едни од најлудите хулигани во Енглеска биле.
 
Ја не знам каде се старата гарда The Gooners. Едни од најлудите хулигани во Енглеска биле.
Ги сјеба Тачер :)

Озбилно тоа законите во Англија за да може испегланите кремци да уживаат и да биде мирно на трибините ја упропастија скроз атмосферата на терените. Едвај песни се слушаат на утакмици веќе. Па и ова клубовите, се степал некој и нека се опрости од доаѓање на стадион. Шта чеш пара се врти многу, публицитетот е битен и сите клубови си гледаат да бидат со чист образ па така и заминаа во историја хулиганите и правите навивачи во Англија.
Треба да бојкотираат нашите малку повеќе. Можат на пример да бојкотираат пола сезона и да нема публика, да организираат протести пред клубот, да ги бојкотираат фан-шоповите и сл. Треба да му покажат на Кронке дека не е добредојден и да го натераат да си оди. Вака отвориле еден јутјуб канал и кенкаат цело време, чат-пат по некој транспарент и толку.
 
Сезонава тешко скоро сите сезонски карти се продадени плус и да останало карта се е распродадено. Плус многу одат туристи и одат за забава не дека се некои фанови. А ако не се појават на стадион тие со сезонски му е гајле на кронке битно ги зел парете дали ќе дојдат или не на стадион фановите го заболело.
 
Наредните две утакмици ќе видиме дали ќе биде нешто од нас, со ваква топло-ладно игра тешко, ама држиме чекор со врвот колку-толку. Најдобар играч денес беше Колашинац, а и Џака и Озил беа солидни, другото просек.
 
Каде без Монреал јунаку, најконстантен!
 
Уф Колашинац како ја потегна при првиот гол разорно, друг да беше ќе шутираше лево во аголот каде што играч влезе со клизач и ќе му ја блокираше... Буши со шутов све пред себе. А за вториот гол Ремзи несигурно ја шутна, среќа чиста што влезе. Прво полувреме не функциониравме добро, Свонси поконкретни шанси од нас имаа, додека второ веќе подобро беше . Голот пример оди на душа на Чех, или излагаш да пресечеш, или чекаш на гол не мрдаш, тој нешто измеѓу изреагира, криминално лоша одлука. Како и да е, значајни 3 бода. Јас од следна би го ставил Вилшер на местото на Озил, евентуално на Ремзи или Џака[DOUBLEPOST=1509207339][/DOUBLEPOST]П.С. Душа ми се полни кога ќе видам 85+ минута четворица наши играчи да вршат пресинг на голман или последен нивни одбранбен ред. Нападот е најдобра одбрана, само трчање и пресинг му е мајката, ако се влечеме по терен очекувано е и казната да стигне
 
Последно уредено:
Шо му е филмот на Венгер, секој ебан натпревар ли ќе го вади Лаказет за да му угоди на Жиру ...
Треба да се проба со Дебуши на моменталната позиција на Кошчиелни, додека он да го смени Мертесакер.
Следна против Сити, тешкo ќе биде ама ако одиграме како на мостот, дисциплирано и плански може ќе извадеме некој бод.
 
Па и Кошчелни ако приметивте денес имаше неколку крајно несигурни интервенции, и цела одбрана на неколку наврати извиси и дозволија да истрчат напред со играч 1 на 1 или само со голманот 1 на 1. Не се ни играчиве криви што Венгер си менува формации како чорапи, се зачестуваат недоразбирања... Него навикнавме низ годиниве одбранава да ни прави киксови да бидеме искрени, ама не навикнавме Арсенал да има цело полувреме со 1 или 0 удари во рамки на гол и без никакви конкретни шанси. Тоа е главниот проблем, мислам Вилшер многу покреативен би бил во оваа формација, отколку Ремзи и Џака тандемот
 
Венгер не е променил формација од ланската сезона, туку партнерствата во дефанзивниот ред варираат и немаме баш стабилни штопери, мислам дека Џака и Мустафи не се адекватни засилувања, за средниот ред стварно незнам како сеуште не е пронајден Казорла тип на играч, неможеме да се потпреме цела сезона на крајно неконзистентни играчи по форма(фитнес) како Вилшер, Ремзи, Кокелан, Елнени ...
Една од полошите мани на Венгер да им дава бескрајни шанси на талентиве ... Можевме да го земеме Тилманс летово за 25м евра, ама не ќе почекаме да го побара Барса па тогаш ќе се вмешаме ...
 
Не е пронајден пошто не постои, ретки се фудбалерите што играат подеднакво добро со лева и десна и имаат подобра техника од Озил. А и тие што постојат Арсенал моментално неможе да ги привлече. Решението не е да се најде нов Казорла туку да се смени системот, да се уиграат играчите што ги имаме во составот, неможеме да зависиме веќе од Казорла. Мора Венгер да склопи функционална средина од она што го има на располагање а има и тоа како квалитетни средњаци во тимот. Ваљда е возможно да се уиграат Озил, Џака и Ремзи да изнесат топка против ебаниот Вотфорд. Срамота е на секој трет натпревар доаѓа рандом екипа од долен дел на табелата и не доминира на средина. Или и кога имаме посед не играме ништо а имаме снајпери во Озил и Џака на теренот. Има квалитет во екипата ама ништо не правиме дур не се најде правиот систем.
 
И јас би се сложил со ова, ако не сме успеале да донесеме играч(и) за системот кој го играме, треба да пробаме да го прилагодиме системот на играчите кои ги имаме а не да форсираме играчи да играат вон позиција само да се задржи истата тактика/формација. Ама коа ќе ми текне на времето дека и Бендтнер и Шамак играле како крила тогаш не очекувам сега да смениме нешто...
 
Дечки а никој не размислува следново, што ако ете Казорла се враќа и човекот не е веќе во форма. Го стигнаа годините, го истоштија повредите, малку ли претрпе и тој, и веќе не е оној истиот. И што, ние сме чекале, толку сме зборувале, а реално тотално можна е и таа опција, човекот да падне во формата и да не е стариот ист Санти. Јас се надевам сите играчи ќе се во врвна форма, ама треба да биде тим како Арсенал на се спремен. Доведување на играчи како Елнени и Џака, и средината да ја составуваат Кокелан, Елнени, Џака и Ремзи, не е воопшто средина од креативен карактер, ниту пак шампионска средина за високи дострели, бар не во Арсенал, во Швајцарија, па и Франција, би била можеби супер, но за Арсенал :unsure:
 
Се сложувам дека може да се појача средината. Дефинитивно фали некое куче на ДМ позицијата, а ке фали и креативност кога ке ја здува Озил. Ама и со играчиве кои ги имаме може многу повеќе. Со исклучок на неколку натпревари воопшто не ми делува компактно екипата, како без план да играат. И не само во средниот ред, напред се прават ПРЕМНОГУ лоши одлуки. Се шутира кога треба да се подаде, се дрибла кога треба да се одигра комбинација, како прв пат да играат заедно. Не зборам за сегашното трио, туку месеци наназад. Среднњаците со напаѓачки задачи се вклопуваат во оваа шизофренија. За дефанзивата да не трошам зборови. Дури и голманот си еба мајка последниов период. Кога ке сумираш цела екипа е без концепција, можеби моменталниот состав не е кадарен да освои ПЛ ама дефинитовно имаме повеќе квалитет од она што покажуваме на терен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom