Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ajде малку да се насмееме
:pos2::pos2::pos2:
 
Време е за промени во Арсенал .......................... ГОЛЕМИ промени
 
Време е за промени во Арсенал .......................... ГОЛЕМИ промени

Не.

Пораката која ја внесовте е премногу кратка. Ве молиме продолжете ја до најмалку 4 карактери.
 
Кокошкиве се протнаа..
 
Кој ремет е кокошките да поминат...
 
И ние да игравме со тим како Милан, онаков, без врска, ќе одевме... Немавме среќа во ждрепката, па го добивме најсилниот противник од сите
 
И ние да игравме со тим како Милан, онаков, без врска, ќе одевме... Немавме среќа во ждрепката, па го добивме најсилниот противник од сите
не ждрепката не е ништо крива,како успеавме да постигнеме рекорд за постигнати голови првите 3 натрпевари во групата а ондак знаеш што се случи.
 
Големите играчи се докажуваат на големите натпревари, а Арсенал вчера против Барселона покажа дека во своите редови нема таков квалитет. Од оној од кого најмногу се очекуваше, воедно беше и најголемо разочарување. Сеск Фабрегас оваа сезона требаше да го води Арсенал до трофеи, титули и наслови. Кога на неговите соиграчи им требаше лидер да ги инспирира против реално посилната Барселона, него никаде го немаше.

Реално, не блескаше ниту на првиот осминафинален натпревар на „Емирати“, но што да се каже за неговото синоќешно издание пред 95.000 навивачи на „Камп Ноу“. Талентот, техниката и прегледот на играта се неговите главни особини, но тој ја носи и капитенската лента, а таа бара многу повеќе од останатите фудбалери на теренот. Фабрегас беше исплашен против „својата“ Барселона, во ниту еден момент не ја наметна играта и на теренот изгледаше отсутно. Тој е директен виновник за првиот погодок на Барса, кога пред својот шеснаесетник се обиде да проигра со петица. Шпанецот излезе од игра во 78-та минута, а некои дури тогаш забележаа дека бил на теренот. Синоќа Арсенал не играше само без Ван Перси, туку и без Фабрегас. Толку многу ли сака да се врати во Барселона, што се плаши да игра добро против матичниот клуб само за да не си го расипе идниот трансфер?

Фабрегас на „Твитер“ им се извини на навивачите на Арсенал за својата лоша игра. „Ја преземам целата вина за поразот од Барселона. Ова беше еден од моите најлоши моменти во животот. Се извинувам“, напиша капитенот на Арсенал.

Џек Вилшер беше пример за Фабрегас како треба да се бранат боите на клубот. Младиот играч од средниот ред демонстрираше борбеност и игра што беа на завидно ниво. Ако до крајот на сезоната Шпанецот продолжи со незабележливите настапи, Вегнер сериозно треба да размисли за негова продажба. Заработката сигурно би била голема, а во името на Самир Насри има соодветна замена на плејмејкерската позиција во тимот.

Топ статија од Бранко Казаковски... Вчера игравме со 9 души цело време...
 
Кој ремет е кокошките да поминат...

И добро е од друга страна...Ако испаднеа сега единствена цел ќе им беше да оневозможат Арсенал да освои премиер. Вака имаат и други цели и други натпревари каде што ќе се преморуваат за натпреварот со нив во гости.
А и можат да се паднат и со Барса и да бидат декласирани :)
 
И добро е од друга страна...Ако испаднеа сега единствена цел ќе им беше да оневозможат Арсенал да освои премиер. Вака имаат и други цели и други натпревари каде што ќе се преморуваат за натпреварот со нив во гости.
А и можат да се паднат и со Барса и да бидат декласирани :)


И тоа нас да ни оди во полза, бидејќи тогаш од прилика ни паѓа да играме со Нив, на Вај Харт... И, доколку би поминале понатаму, Англичаните, попрво би навивал за Јунајтед или Челзи, али за Тотенхем никад... Тотенхен и Вардар се тимови кои не ги смислувам... (Извинете Скопјани) :)
 
255123128.jpg
 
Многу слики, многу докази, шо ме преубедува дека Бусака имал и поголем удел во резултатот, од тоа што првично си мислев
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom