Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па не пишува никаде дека е повреден Белерин, само кажува дека го извадил и Дебуши ќе игра на негово место.
Нема продолжување на договорите за Артета, Фламини и Росицки. Барем такви се шпекулациите. Конечно. Единствено на Росицки би му го продолжил за да се пензионира со стил во Арсенал. А, и 7цата и 8та редно време е да ги земе некој друг.
Еве читам што пишале англиските медиуми, Белерин се пожалил на мала болка кај препоните и веројатно превентивно е оставен во Лондон за да не се истегне или да се повреди.Сигурно Венгер не е будала да го остави Белерин дома против тим како Баерн и да го игра Дебуши кој ни со Шефилд не знаеше кај тера. Сигурно е повреден, се надевам само дека за викендот ќе биде спремен и дека Венгер е повеќе претпазлив.
Мислам дека не се играчите кревки колку што е медицинскиот тим неспособен.Со години предњачиме на табелите за најмногу повредени играчи.Играчи што немале никакви проблеми со повреди во кариерата, доаѓаат во Арсенал и неможат сезона да истераат.Играчи што се мачеле со повреди во Арсенал одат во друг клуб и ги снемува проблемите.Играчите се последни на листата на одговорност за повредите.