http://www.ifeed2all.eu/watch/271727/1/watch-new-york-red-bulls-vs-arsenal.html
Јас тука гледам.
Од пред два месеци ставив МахТВ пак, ама уште не ми е активиран пакетот за СК и Арените, се чувам за старт на сезона. До тогаш на стримови, и онака слабо гледам.
Интересни трансфери се дешаваат, жал ми е за Џенкс да оди на позајмица, Арсеналовец е through and through, нешто како Гроскројц во Дортмунд, освен што нашиов не пее на трибини
Мое мислење е дека би било добро да се земе Кедира, секако со намалена плата (180к е многу), има големо искуство и сигурно ќе ни помогне кон освојување на повисоки дострели од лани, а и со самото купување носи одредена тежина како име, што нам ни е потребно. Верувам дека истото ќе ни се исплати во форма на договори за спонзорства.
Исто така мислам дека ни треба напаѓач покрај Жиру кој знае да фрустрира максимално, промашува зицери, иако имаше солидна бројка лани. Имаше и доста промашени. Мора да се земе предвид и пад на форма, повреда.. Бало не би би била лоша опција, иако е тежок карактер. Мислам дека е добар голгетер, и млад.
Како и да е, се надевам на солидна сезона и мислам дека како и лани, ќе се држиме до врвот, а дали ќе бидеме таму на крај на мај, ќе ни требаат помалку повреди и помалку тврдоглавост од Венгер во поглед на избор на тим, ротации и поставување тактика во зависност од противникот.[DOUBLEPOST=1406411296][/DOUBLEPOST]
Ви препорачувам да гледате на ЕСПН, прилично сум сигурен дека на ко-коментаторов ова му е прва фудбалска утакмица што ја гледа во живот.
И мене така ми делуваше коментаторов.. Амери бе!