Не можеме финансиски да се натпреваруваме со Челзи и Сити, тоа е факт без разлика дали Венгер ни е тренер или било кој друг.
Сегашнава управа не е богзнае колку поразлична од претходните управи и клубот има светла иднина токму поради тешките одлуки и инвестиции во иднината.
Во одлична состојба сме, со новите комерцијални договори наскоро уште ќе се подобри ситуацијата, иднината е светла и токму Венгер и управата ни го овозможи тоа.
За секој навивач кој сака инстант успех и инстант слава му препорачувам да си смени клуб, ги има доста со милијардерски шефови, но запомни дека и на нив не им е загарантирана било која титула, на Абрамовиќ му требаа 7 години и 8 менаџери да освои ЛШ и покрај стотиците милиони евра фрлени.