Мислам дека не е првата со Сандерленд. Ако не се лажам, тогаш седеа на клупа со Боулд и имаа реакција.
--- надополнето: 9 ноември 2012 во 10:23 ---
Луѓе уназад години се гледа дека филозфијата на Венгер не ни успева. Зошто се правите слепи со сила? Па зарем секоја година ќе викаме да не ја имавме оваа-онаа повреда ќе беше подобро, ќе имавме шанса, ама истото ни се повторува секоја сезона. Граундхог Деј е секоја ебана сезона. Уште на почеток на сезона се знаеше дека ни фали уште еден бек, ни фали еден добар централен одбранбен и ни фали солиден голман (искусен) што ќе ги води помладите малку. Шчешни лани имаше добри натпревари, ама беше на моменти многу самоуверен, и заебуваше по некоја ситуација, слично му се случи и на Европсково.
Сите се плашите дека Венгер ако си отиде, ние ќе се претвориме во Сандерленд, Арсенал е премногу голем клуб за да падне на толку ниско ниво. Многу добри тренери ќе сакаат да дојдат во Арсенал. Па Арсенал е трет клуб по големина во Англија, не го споредувајте со други бедни клубови.
И конечно, парите дека Венгер ги нема, не е точно. Не ги бара, треба да каже ми треба тој играч и точка. Секоја сезона некои математики се прават. Пред само некоја недела после состанокот излегоа со информација дека имаат 70 милиони кои можат да се вложат. Да пресметаму само колку пари собравме од Адебајор (25), Туре(17), Клиши(7), Насри(23), Сеск(~35), РВП(25). Пресметајте вие колку се вложени во нови засилувања, јас ако го направам тоа се депримирам.
Фергусон е успешен зашто Руни ако ебе работа ќе го седне на клупа, Венгер тоа не го прави. Ги третира како негови пулени малтене. Политиката на Венгер со млади играчи е за во тимови како Ајакс и ПСВ, каде можеш да освоиш лига со релативно млад тим и со добра игра, да игра ЛШ како што сака, ама не може и во Арсенал каде се чека на титула веќе 8 сезони.
И сите тие што серете дека ако кажеш лош збор за Венгер, автоматски си навијач на Шитхем што само јаде бубрези тука и дека не си го сакаат клубот, сте забегани тотално и сте класични AKB (Arsene Knows Best).