Ајде пошто сум среќен и не ме мрзи ќе пишам малце подетална анализа од моја гледна точка...
Се почна убаво на стартот и доколку не добиеше Шити црвен тоа ќе беше неправда за нас... Бојата беше последен човек и тоа е професионален фаул кој по сите судиски правила се санкционира со директен црвен картон... Многу битен момент кој значително ни помогна во нашата победа... ако останевме 11 на 11 се можеше да биде...
Фабијански одличен... ме изненадува и само нека продолжи така, дури и ако направи кикс да не изгуби самодоверба пошто по се изгледа само тоа му фалеше...
Одбраната.... ех таа одбрана секогаш ни е слаба точка... добро се што не примивме гол ама имаа баеги грешки дури иако шити играше со 10 играчи...
Сонг одличен, преагресивен на моменти и непотребно добиен жолт картон кој значеше дека мора да пази до крај и затоа ако приметивте и он и Денилсон се пазеа да не прават стартови од кога добија жолти.
Денилсон исто како Сонг беше таму да покрие и да ги запре нападите на шити.
Аршавин по малку изненадувачки после првите 20 минути во кои не мрдна да покрие, имаше неколку добри затварања позади да помогне на Клиши каде што шити беа најопасни.
Фабрегас добар се враќа у форма, пасовите како и секогаш одлични само ме разочара со пеналот кој беше лошо изведен за разлика од претходниот со Шахтјор.
Насри - маестрален, ги шеташе како сакаше, го постигна првиот и асистираше за третиот гол одличен натпревар.
Шамак можеше и требаше да постигне гол. посебно од тој шут кога ја опали над гол.
Значи да сумирам, ако се земе цел натпревар одлична игра. имаше моменти на кои делувавме малце изгубено посебно одма од коа шити го добија картонот но после се смирија и почнаа со нивната одлична пас игра.
Еден детал ме изнервира на моменти... а тоа е и нашата игра секогаш... никој да шутне, имаше ситуации кога ја пимплавме топката а имавме одлични шанси за шутеви...
за крај, победа си е победа не ме интересира каква е дури и да беше 0-1 и незаслужена ама баш ич не би ми било гајле се додека зимаме по 3 бода од вакви тешки натпревари... ех можам да замислам што ќе се случува кога ќе бидеме комплетни...
П.С. да играше џеки не им бегаше петарда
